Извадок на дел од дневни настани 18.10.2020

На 17.10.2020 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Д.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.10.2020 во 12.25 часот било пријавено дека во кругот на Клиничка болница Штип патничко возило „фолксваген венто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Штип, удрило во пешакот С.М.(56) од Штип. Во незгодата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во истата болница. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 17.10.2020 во 15.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во Република Северна Македонија, при пасошка контрола кај К.Е.(37) од Р.Албанија, било утврдено дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол Грција. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 17.10.2020 во 07.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај с.Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу работна машина за сечење дрва, управувана од Б.Џ.(40) од Струмица и патничко возило „опел астра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од с.Петралинци, струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на работната машина, а со телесни повреди се здобиле сопатникот одработната машина К.С. и С.Д., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Во координација со Јавен обвинител, извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица. 

 

На 17.10.2020 во 10.55 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, за излез од Република Северна Македонија, при пасошка контрола кај В.Б.J.M.(55) од Белгија, било  констатирано дека тој на увид доставил туѓа белгиска лична карта на име J.Л.Ц., издадена во Белгија. Идентитетот бил утврден врз основа на возачка дозвола издадена во Белгија. Поради сторен прекршок по чл.10 ст.3 од Закон за странци, казниво по чл.217 ст.8 од Закон за странци, тој бил приведен во Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Деве Баир, а потоа предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 17.10.2020 во 09.30 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ товарно возило управувано од едно лице удрило во пешакот М.Р.(77) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.10.2020 во 14.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за излез од Република Северна Македонија, при контрола на Е.Р.(36) од Р.Албанија, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, било констатирано дека на една страница на патната исправа имало механичко бришење на штембил, на кој имало забрана за влез во земја членка на ЕУ. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВРКуманово за понатамошна постапка.

 

На 17.10.2020 година, В.К.(62) од Кичево, во полициска станица пријавила дека на ул.„Мирко Милески“ во Кичево била касната од куче скитник.  

 

На 18.10.2020 во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај с.Манастирец, патничко возило „ауди“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Т.(23) од Кавадарци излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

На 17.10.2020 во 07.40 часот во Полициската станица Центар А.С.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ била касната од куче скитник.

На 17.10.2020 околу 18.40 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен А.Б.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

Полициски службеници од СВР Тетово и инспектори од Државен пазарен инспекторат во периодот од 23.00 часот на 17.10. до 02.00 часот на 18.10.2020 извршиле акциска контрола во угостителски објект во с.Жеровјане, општина Боговиње. Притоа од слобода биле лишени две странски државјанки (од БиХ и од Р.Србија) на возраст од 27 и 32 години, поради злоупотреба на туристички престој. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На18.10.2020 во 01.50 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Партизански одреди“,во маркет настаналпожар, при што билеопожарени два ладилника и  дел од стаклото на излоготод маркетот. Повредени лица нема, апожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Увидот е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.  

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Г.(37) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 13.06.2020 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин и куршуми со калибар 22LR, кои неовластено ги набавила и држела кај себе заради продажба.

 

На 17.10.2020 во 10.00 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од регионален пат Куманово-Свети Николе и бул.„Трета македонско-ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(35) од с.Биљановце, кумановско, и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(23) од Куманово. Во незгодата С.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Г.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата Болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 17.10.2020 во 23.30 часот Д.С.(19) од Скопје, пријавил дека околу 23.00 часот,во угостителски објект на подрачјето на Центар,бил физички нападнат од Б.Ѓ. Се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од с.Три Чешми, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“. Во периодот од 24.09.2015 до 09.01.2018 пријавениот, како управител на фирма од с.Таринци, општина Карбинци, не ги евидентирал и не извршил исплата на часовите од прекувремена работа и работа во недела, ниту извршил пресметка и уплата на законски задолжителната стапка за пензиско и инвалидско осигурување, задолжителното здравствено осигурување, задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за Т.А. од с.Зеленград, пробиштипско, кој во наведениот период бил вработен во фирмата.  

 

На 17.10.2020 во 11.00 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен С.Ѓ.(60) од Крива Паланка за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди при пад додека изведувал градежни работи за фирма, на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје. Излезено било на местото на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 18.10.2020 во 01.30 часот Д.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 00.50 часот во нас.Драчево,во близина на угостителски објект,бил физички нападнат од неколкулица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 18.10.2020 во 02.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Питу Гули“,патничко возило „порше кајен“,со скопски регистарски ознаки,управувано од М.З.(36) од Скопје излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот М.П.(43) од Скопје се здобил со телесни повреди,констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодатаод увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 17.10.2020 во 23.50 часот во СВР Битола, Ј.К.(61) од Скопје пријавила дека  околу 23.30 часот во с.Дихово, битолско,била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.