Извадок на дел од дневни настани 17.10.2020

На 16.10.2020 околу 14.00 часот во с.Вевчани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Љ.А.(23) од Дебар, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 16.10.2020 во 09.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Г.(29) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.10.2020 во 11.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода С.Т.(36) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 16.10.2020 во 16.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Џ.А.(25) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.10.2020 во 09.40 часот во Полициската станица Центар, В.И.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„11 Октомври“ бил каснат од куче скитник. 

 

На 17.10.2020 во  01.30 часот при влез во Република Северна Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп - листа со мерка „апси“, по барање од Интерпол - Атина, Република Грција. Тој бил приведен и во 05.30 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.    

 

На 16.10.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.Р.(68) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник. 

СВР Скопје- Единица за внатрешни работи Центар и БитПазарподнесе кривична пријава против Ф.С.(51) од Скопје,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“,при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. На 15.10.2020 на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот на А.Р.(20) од Кумановоѝго одзел мобилниот телефон. При извршување на делото, тој бил забележан од полициски службеник и веднаш бил лишен од слобода, а телефонотѝбил вратен на оштетената. 

 

На 16.10.2020во 14.50часот во ОВРКавадарци, Б.З.(54) од Росоман пријавил дека во 14.30часот,на место викано „Рибаречко“во Росоман, на брегот од Црна Река,пронашол стара артилериска граната калибар со зрно од 80мм. На местото излегле претставници на Дирекцијата за заштита и спасување кои издале наредба гранатата да биде уништена на местото, поради ризик при транспорт. Увидна местото на настанот извршила екипа од ОВР Кавадарци. 

 

На 16.10.2020 во 15.55 часот во Полициската станица Крива Паланка,мажпријавилдека неговата мајка била измамена за сума од 60.000 денари. Според пријавеното, едно лицеѝсе јавило на телефон и ѝкажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во Англија и побарало од неа 60.000 денари за ја спаси од затвор. Според пријавеното, жената ги дала парите на лицето на договореното место. По преземени мерки, во врска со настанот бил приведен С.Р.(46) од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 16.10.2020 во 19.15 часот во Полициската станица Карпош, Б.Ф.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Њуделхиска“бил каснат од куче скитник.  

 

На 17.10.2020 во СВР Тетово било пријавено дека во периодот 16/17.10.2020во црквата „Свети Мина“ во с.Волковија, тетовско,непознат сторител со употреба на сила и подесен предмет влегол во црквата и одзел пари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВРТетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

На 16.10.2020 во 20.30 часот во Полициската станица во Струга, Л.Ж.(38) од с.Велешта пријавила дека на ул.„Маршал Тито“ во Струга била касната од куче скитник.