Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 15.10.2020

 
На 14.10.2020 во 22.20 часот во Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(37) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени марихуана и вага со остатоци од марихуана. Д.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 
На 15.10.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Волково ги лишиле од слобода М.М.(20) и З.З.(20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 14.10.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Средно Нерези го лишиле од слобода Д.Т.(41) од Неготино, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 14.10.2020 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје кај клучка Арачиново го лишиле од слобода И.Е.(39) од Велес, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 14.10.2020 во 12.30 часот на граничниот премин „Табановце“ бил приведен В.О.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека употребил туѓа патна исправа. После тоа, полициски службеници извршиле личен и преглед на личниот багаж, при што пронашле бела прашката материја. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
 
На 14.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко.  Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
 
На 14.10.2020 во 21.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.З.(41) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ неговиот син бил каснат од куче скитник.
 
На 14.10.2020 во 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Черкези, кумановско, А.А.(43) од Куманово, додека вршел градежни работи на објект од училиште се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
 
На 14.10.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.А.(49) од Скопје пријавила дека нејзината ќерка Ш.А.(14) од Скопје, за која претходно пријавила дека се оддалечила од домот, се вратила дома.
 
На 14.10.2020 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Б.Ш.(36) од Скопје пријавил дека во центарот на градот бил каснат од куче скитник.
 
На 14.10.2020 во 14.37 часот било пријавено дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген џета“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(46) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клинки „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје
 
 На 14.10.2020 во 20.20 часот во СВР Скопје, В.П.(39) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот, пред трговски центар на подрачје на Аеродром, бил физички нападнат од Б.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 14.10.2020 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.А.(53) од Скопје и Н.Т.(71) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 
На 14.10.2020 во 14.20 часот во СВР Скопје, Ќ.С.(85) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 12.30 часот на подрачјето на Аеродром три лица со употреба на сила му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 14.10.2020 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„Индира Ганди“ во Скопје едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 14.10.2020 во 16.20 часот во СВР Скопје, М.Ц.(34) од с.Марино, скопско, пријавил дека на кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.Ф.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.07.2020 на ул.„15 Мај“ во Куманово, пријавениот го нападнал Д.В.(43) со метален предмет и му нанел повреда.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.Д. (34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.08.2020 во Кочани, пријавениот со остар предмет упатил закани на С.Д., по што го оштетил возилото на А.Р. од Штип.
 
На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата во понатамошната пресметка. 
 
На 14.10.2020 во 20.15 часот во СВР Скопје, С.Р.(45) од Скопје пријавила дека во парк на бул.„АСНОМ“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.