Извадок на дел од дневни настани 14.10.2020

 
На 13.10.2020 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Средно Водно, на патот кон Нерези, го лишиле од слобода А.К.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 13.10.2020 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во близина на Железничката станица го лишиле од слобода А.Ѓ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 13.10.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода А.Ц.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 13.10.2020 во 16.20 часот било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје,  Б.С. (40) од Кичево управувајќи четирицикл „атв“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 13.10.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, во автобус „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(59) од Скопје, при сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 13.10.2020 во 10.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат во с.Соколарци, кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од с.Новоселани, кочанско, и патничко возило „опел астра“, со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(37) од Пробиштип. Во незгодата, К.Г. се здобил со тешки телесни повреди, а С.М. со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани. Извршен бил увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
                          
На 13.10.2020 во 19.10 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(40) од Скопје пријавил дека во близина на Железничка станица бил каснат од куче скитник.     

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(23) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.10.2020, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан - Струга сопреле возило „голф“, во кое бил пријавениот и при преглед кај него биле пронајдени 50 грама кокаин. На Р.К. му е изречена мерка притвор.
 
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(23) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом, извршен на 11.10.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа 18 пакувања хероин, ќеса со марихуана, дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. На А.М. му е изречена мерка притвор.
 
На 13.10.2020 во 13.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(59) од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил додека извeдувал градежни работи за фирма во н.Илинден во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 13.10.2020 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, С.Б.(48) од с.Кучевиште бил физички нападнат од А.Ѓ.(19) од Скопје. Сочинет е записник за константиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 
На 13.10.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, Џ.Д.Х.(45) пријавил дека околу 15.30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ф.Р.(28) од с.Арачиново и Б.Б.(25) од с.Брест. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 
На 13.10.2020 во 06.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 06.20 часот на бензинска станица на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(45) од с. Црешево, скопско и Д.Н.(27) од с.Јурумлери. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Ј.(26) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 07.10.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Велес, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш и пари.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.Т.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во 2016 година, откако пријавениот во Р.Словенија купил моторно возило „хјундаи галопер”, изготвил фалсификуван купопродажен договор за возилото на начин што внел лажен датум на извршена купопродажба и лажни податоци за продавачот, поради тоа што возилото не ги исполнувало условите ЕКО4 стандард и можело да биде регистрирано од лице - државјанин на Република Северна Македонија, кое најмалку една година престојувало надвор од државата. Купопродажниот договор со невистинити податоци го приложил во неколку наврати пред Царинска управа, Министерство за економија-Биро за метрологија, Центар за хомологација и Отсек за управни работи при МВР.
 
На 14.10.2020 околу 01.00 часот во СВР Скопје, С.А.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Ш.А.(14) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.