Извадок на дел од дневни настани 20.09.2020

 
На 19.09.2020 во 10.10 часот во населба Ѓорче Петров,  полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишник од с.Крушопек, скопско, бидејќи при преземање мерки за отстранување на „диви“ продавачи околу пазарот „Ѓорче Петров“, пријавениот одбил да се легитимира и физички ги нападнал полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 околу 13.00 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода И.Д.(31), И.А.(32) и С.Х.(35), сите од Прилеп, бидејќи при извршување работни задачи од областа на безбедноста, пријавените физички ги нападнале полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 во 13.50 часот во близина на бензинска пумпа на патот Неготино – Демир Капија, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(31) од Скопје, излетало од коловозот, при што на местото на незгодата починал сопатникот Р.К.(89) од Скопје, а сопатничката М.К.(66) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Неготино. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Неготино.
 
На 20.09.2020 во 01.15 часот на локален пат Пробиштип – с.Ратавица, на место викано „Леговец“, М.Ѓ.(26) од с.Турско Рудари, пробиштипско, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. По незгодата, возачот и сопатникот М.В.(22) од Злетово биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде кај М.Ѓ. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај М.В. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.
 
На 19.09.2020 во 23.50 часот во Тетово, од полициски службеници од Полициска станица Тетово била приведен К.К.(33) од Р.Албанија, кој при акциска контрола бил затекнат како работи во угостителски објект со нерегулиран престој во Република Северна Македонија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 20.09.2020 околу 01.15 часот на автопат кај Северна обиколница на Скопје, помеѓу клучка Стајковци и клучка Арачиново, патничко возило „форд фокус“, со германски национални ознаки, управувано од З.Р.(28) од Охрид излетало од коловозот. По незгодата, возачот и сопатниците Д.Р.(30) од с.Лешани, охридско, В.М.(29) и Б.Р.(27), и двајцата од Македонски Брод, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај сопатниците Д.Р., В.М. и Б.Р. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај З.Р. телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
 
На 19.09.2020 во 12.50 часот во Полициска станица Карпош, Т.П.(22) од Скопје пријавил дека на кеј на реката Вардар, во близина на Скејт паркот во Скопје, бил каснат од куче скитник.
 
На 19.09.2020 околу 19.40 часот на регионален пат с.Витолиште – Прилеп, мотоцикл „ктм“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(47) од Прилеп, излетал од коловозот. Од здобиените повреди Д.Н. починал на местото на незгодата. Смрт  констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.
 
На 19.09.2020 околу 09.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во атар на с.Мокриево, струмичко, во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
На 19.09.2020 околу 20.20 часот на ул.„Борис Кидрич“ во близина на парк во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Г.Х.(21) и Х.А(20),  двајцата од Тетово, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 19.09.2020 во 11.40 во с.Сарачино, тетовско, со судска наредба е приведен Д.Ц.(21) од с.Сарачино и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово, за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
 
На 20.09.2020 околу 02.40 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода А.А.(23) од с.Јеловјане, тетовско, и Л.М(18) од Тетово, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По целосно докумнетирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 19.09.2020 во 16.45 часот во Полициска станица Кавадраци било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци, по предходна  расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Г., И.Г. и Д.Г., од една страна, и О.П. од друга страна, сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(55) од Велес, поради сомнение дека извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес, која  околу 11.00 часот го пријавила случајот во Полициска станица Велес. М.С. е задржан за понатамошна постапка, а за настанот е запознаен Јавен обвинител. Увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчитување на случајот.
 
На 19.09.2020 во 13.30 часот во Полициско одделение Ропотово, И.В.(67) од с.Лажани, прилепско, пријавил дека околу 13.15 часот во Средна Џамија во с.Лажани, бил физички нападнат од А.П. од с.Лажани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 во 14.25 часот во Полициско одделение Групчин било пријавено дека во с.Рогле, Општина Желино, во куќа во сопственост на А.С.(28), настанал пожар, при што објектот бил целосно опожарен. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.
 
На 19.09.2020 во 13.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница кај с.Тработилиште, делчевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.К.(41) и патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(82), и двајцата од Пехчево. По незгодата, сопатничката од патничкото возило „пежо“, Г.Д.(54) од Пехчево била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.
 
На 20.09.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ бил донесен А.Р.(26) од Скопје, со тешка телесна повреда нанесена од остар предмет. Според пријавеното, тој бил нападнат од три лица во Градскиот парк во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
                                         
На 20.09.2020 околу 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Дрезденска“, непознато лице со закана со остар предмет одзело пари и мобилен телефон од 17-годишник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 околу 15.40 часот на локален пат с.Матејче, Општина Липково, кумановско, трактор „урсус“, без регистарски ознаки, управуван од Б.И.(56) од с.Матејче,  удрил во ѕид и се превртел. Б.И. бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.
 
На 20.09.2020 во 01.09 часот во Полициска станица Кавадраци, А.Е. пријавил дека пред казино на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(21) и В.Д.(29), двајцата од Кавадарци, од една страна и П.Д.(22) од Битола со уште едно лице, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 во 09.30 часот во СВР Струмица, С.К.(54) од Струмица пријавил дека во 04.15 часот неговиот син Ѓ.С. го известил дека настанал пожар во нивното патничко  возило „тојота корола“, со струмички регистарски ознаки, по што С.К. го изгаснал огнот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 20.09.2020 во 01.28 часот во СВР Скопје, А.С.(46) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, едно лице во два наврата во воздух испукало проектили од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и биле пронајдени три чаури од огнено оружје, кои се подигнати од екипа од СВР Скопје за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 во 15.00 часот во СВР Битола, Б.П.(53) од Битола пријавил дека околу 13.40 часот пред угостителски објект на ул.„Климент Охридски“ бил физички нападнат од К.К., кој потоа му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 20.09.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, С.А.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Ш.А.(15) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
На  19.09.2020 околу 16.00 часот во СВР Скопје, И.П.(48) од Скопје пријавила дека околу 15.55 часот, во куќа на ул.„Партизански пат“ забележала залутано зрно од огнено оружје, кое не предизвикало никакво оштетување. Од екипа од СВР Скопје зрното е подигнато.
 
На 20.09.2020 околу 04.45 часот во СВР Битола, Ф.Ф. (19) од Битола пријавил дека во близина на хотел на ул.„Широк сокак“ во Битола бил физички нападнат од Ѓ.М. и Т.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.09.2020 во 21.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека две лица предизвикале пожар, при што била опожарена влезната врата од објект на ЕВН на ул.„Тодор Велков“ во Куманово. Пожарот е изгаснат од обезбедувањето на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.