Извадок на дел од дневни настани 18.09.2020

 
На 17.09.2020 околу 20.45 часот на ул.„Павел Шатев“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А.(28) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  
 
На 17.09.2020 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на автопатот Скопје – Куманово, кај наплатна рампа Миладиновци, ги лишиле од слобода Б.А.(25) и Е.А.(27), двајцата од Куманово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 17.09.2020, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ф.И.(31) и Р.Д.(41), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на подрачјето на Полициската станица Штип.
 
На 17.09.2020 во 17.30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Коперникова“ патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од А.М.(71) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 17.09.2020 било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Рача, М.Б.(45) од Охрид, управувајќи мопед „кивеј“ паднал на коловозот. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
 
На 17.09.2020 во 09.50 часот на Граничниот премин Белановце од слобода бил лишен А.В.(29) од Куманово, затоа што при проверка било констатирано дека во оперативната евиденција се наоѓа на „стоп листа“, по наредба од Основен суд Куманово. Тој бил предаден на полциски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
 
 СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.А(24) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.09.2020 полициски службеници, при извршен претрес во дом и други простории на пријавениот во Велес и при личен преглед на пријавениот, пронашле и одзеле хероин и пари. Т.А. бил лишен од слобода.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Е.(18) од с.Палатица, тетовско, А.Ј.(24) и  Ј.З.(23), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 02.09.2020 на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово пријавените физички го нападнале Л.Р.(18) од Тетово и му одзеле пари.
 
На 17.09.2020 во 21.40 часот во СВР Скопје, М.Д.(32) од Скопје пријавила дека на плоштад „Македонија“ била физички нападната од З.С.(56) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 6 и член 12 од Законот за прекршоцит против јавниот ред и мир. 
 
На 17.09.2020 во 17.50 часот во СВР Скопје, Н.Б.(30) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека околу 16.30 часот во с.Ржаничино бил физички нападнат од С.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 17.09.2020 околу 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Петре Георгиев“ ја пронашле С.Ќ.(16) од Скопје, за која на 08.09.2020 беше пријавено дека се оддалечила од својот дом. Таа била предадена на родителот М.Ќ..
 
На 17.09.2020 околу 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Златко Шнајдер“  во Скопје, две лица кои биле со мотоцикл, со метални предмети го нападнале Љ.П.(56) од Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.
 
На 17.09.2020 во 17.45 часот во СВР Скопје, П.А.(44) од Скопје пријавил дека во 17.15 часот на ул.„Борис Сарафов“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 17.09.2020 во 19.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.И.(44) од Скопје пријавила дека околу 19.20 часот на ул.„Лука Геров“ нејзините две деца биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 17.09.2020 во 09.40 часот во СВР Скопје, Ф.Е.(32) од с.Семениште,скопско, пријавил дека во период од 17.00 часот на 16.09.2020 до 08.00 часот на 17.09.2020 од залутано зрно од огнено оружје било скршено стакло од товарно возило „фиат“, паркирано во неговиот двор. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
 
На 17.09.2020 во 17.54 часот во СВР Струмица, жена од струмичко село пријавила дека 16-годишник од истото село извршил обљуба врз нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 17.09.2020 во 16.20 часот, од Центарот за управување со кризи Струмица било пријавено дека во атар на с.Куклиш, настанал шумски пожар каде горела нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Струмица. 
 
На 17.09.2020 во 05.15 часот во СВР Куманово, од Градската болница Куманово било пријавено дека кај нив за реанимација бил донесен починат осумгодишник од Крива Паланка без видливи траги нанасилство. Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А(44) од с.Градошорци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 19.08.2020, при контрола од полициски службеници од СВР Струмица не бил затекнат во неговиот дом, иако имал Решение за изолација во периодот од 14.08.2020 до 25.08.2020.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Т.(46) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавената, на 10.09.2020 го напуштила својот дом каде требало да биде под здравствен надзор – изолација во траење од 14 дена. При контрола од полициски службеници при ОВР Кочани не била пронајдена на адресата наведена во Решението.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против     Т.Ц(24) од Дебар за сторено кривично дело „непостапување според здраствените  прописи за време на епидемија“. Пријавениот на 05.09.2020 постапил спротивно на законските прописи за време на пандемија со коронавирус Ковид-19, односно го напуштил својот дом иако му било издадено Решение за домашна изолација. При контрола во неговиот дом, полициски службеници не го затекнале.
 
На 17.09.2020 во 13.30 часот во СВР Скопје, М.А.(40) од Скопје пријавила дека во двор  на ул.„Скупи“ во Скопје пронашла зрно од огнено оружје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.