Извадок на дел од дневни настани 16.09.2020

  
На 15.09.2020 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на регионалниот пат Скопје-Велес го лишиле од слобода Д.Д.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 15.09.2020 околу 15.20 часот на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(34) од Тетово, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
 
 На 15.09.2020 околу 19.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од тетовска Мала Речица и М.С.(21) од Скопје, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговите куќа и стан во Мала Речица и на ул.„Илинденска“ во Тетово биле пронајдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер ќесиња. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
 
На 15.09.2020 околу 08.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле Д.Т.(69) од тетовско Церово, осуден на затворска казна за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. По приведувањето, Д.Т. бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
 
На 15.09.2020 околу 10.40 часот, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(54) од гостиварско Чегране, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување пари“. Toj, во три наврати во аптека и два маркета, пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 15.09.2020 во 11.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Кочани, во атар на с.Драмче, делчевско, кај место викано „В’ко“, товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(63) од општина Чешиново-Облешево, удрило во брег покрај патот. Возачот починал при транспорт кон Медицинскиот центар Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Делчево.
 
На 15.09.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп– Крушево патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(51) од с.Бучин, крушевско, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
 
На 15.09.2020 околу 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „хонда“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван Б.Н.(38) од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот. Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Извршен бил увид.
 
На 15.09.2020 во 14.30 часот во с.Горна Бошава, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Михајлово“ привеле лице кое не поседувало документи за идентификација, а се преставило како албански државјанин. Набрзо бил утврден неговиот идентитет, односно станува збор за А.М.(53) од Р.Албанија, кој при извршениот разговор изјавил дека државната граница од Р.Албанија кон Р.С.Македонија илегално ја преминал во близина на Граничниот премин Ќафасан, по што илегално престојувал во Р.С.Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.
 
На 15.09.2020 во 09.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за влез во Р.С. Македонија се пријавило товарно возило „сканија“, со холандски национални ознаки, управувано од Г.В.(32) и совозач И.Т.(32), двајцата државјани на Р.Грција. При детална контрола од царинските служби, во личниот багаж на возачот и совозачот биле пронајдени по пет ќесиња со марихуана. Двајцата биле задржани во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 15.09.2020 во 10.10 часот во Полициската станица Чаир, С.П.(86) од Скопје пријавил дека на ул.„Бутелска“ бил каснат од куче скитник.
 
Во текот на 15.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се четири возила бидејќи биле технички неисправни, 17 возила бидејќи биле нерегистрирани, 26 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи управувал возило под дејство на алкохол, 105 возачи бидејќи управувале возила со брзина поголема од дозволената, четири возачи поради поминување на црвено светло, двајца возачи поради непрописно престројување, 12 пешаци поради сторени прекршоци, 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак" и  пет мотоцикли се времено одземени.
 
На 15.09.2020 во 23.35 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.М.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник.

 
На 15.09.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга–Дебар, во с.Враништа, мотоцикл „хонда“, со струшки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.З.(44) од с.Враништа, излетал од коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот К.Ш.(19) од с.Јабланица се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.  
 
На 15.09.2020 во 10.45 часот во СВР Охрид, вработен во Казнено поправната установа -Затвор Охрид, заедно со 19-годишник од Струмица, кој издржува казна во затворот, пријавиле дека на 09.09.2020 околу 03.00 часот, во собата на  19-годишникот насилно влегле осудениците Ч. и С. и се обиделе да извршат обљуба врз него. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 15.09.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на 14.09.2020 во периодот од 17.00 до 23.00 часот, З.К. од с.Близанско, С.Б. и нејзиниот син А.Б. од с.Самоков, пред дворното место од куќата сопственост на Б.Т.(60), се однесувале агресивно кон Б.Т. и неговото семејството, а З.К. упатил закани со остар предмет. Бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
На 15.09.2020 во 18.45 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Маршал Тито“ и улиците „Партизанска“ и „Славчо Стојменски“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено твинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Виница и патничко возило „алфа ромео“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.П. и сопатникот во возилото „алфа ромео“ С.М.(24) од с.Зрновци, кочанско, а со телесни повреди се здобил С.Ј., констатирани во Здравствен дом Виница. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.
 
На 15.09.2020 во 06.20 часот било пријавено дека во с.Лопате, кумановско, во близина на железничка пруга, бил пронајден Б.П.(81) од Куманово за кого на 14.09.2020 неговата ќерка З.В.(55) од с.Пепелиште, неготинско, пријавила дека се оддалечил од домот. 
 
На 15.09.2020 во 02.40 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ф.(41) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирење на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.     
 
На 15.09.2020 во 07.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Стара скопска чаршија, во близина на споменикот „Скендербег“, А.С.(44) од Скопје физички ја нападнал А.Х.(44) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 16.09.2020 во 00.50 часот во СВР Скопје, А.С.(41) од Скопје пријавил дека на 15.09.2020 околу 22.30 часот на ул.„Михаил Чаков“ во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 15.09.2020 во 09.20 часот во СВР Скопје, Ц.К.(66) од Скопје пријавила дека околу 09.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“, по претходна расправија, била физички нападната од Р.Р.. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 
На 15.09.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(39) од Скопје пријавила дека околу 13.50 часот на ул.„69“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил удрен со тврд предмет од М.Т.(35) од с.Баница, струмичко. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 15.09.2020 во 11.52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Русински“ бил нарушен јавниот ред и мир со карање и викање помеѓу неколку лица. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки констатирале дека настанала расправија помеѓу Н.А.(24) и Д.С.(23), двајцата од Скопје, од една страна и К.К.(25) од Пехчево, И.Д.К.(41) од Кавадарци и О.К.(49) од Кавадарци, од друга страна, по што К.К. физички ја нападнала Н.А.. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4 и по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 
 
На 15.09.2020 во 20.55 часот во СВР Куманово, од Затвор Куманово – Отворено одделение Крива Паланка било пријавено дека во затворот починал осуденикот О.Р.(44) од Куманово. Увид извршиле екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и лекар од Здравствен дом Куманово, кој констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
 
На 15.09.2020 во 15.05 часот во СВР Скопје, С.К.(23) од Скопје пријавил дека на бул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.
 
На 15.09.2020 во 12.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 39-годишна жена од радовишко село пријавила дека на 12.07.2020 во викенд куќа покрај патот Куманово - с.Клечовце, М.И.(20) извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 15.09.2020 во 15.45 часот во СВР Скопје, К.Р.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.
 
СВР Штип поднесе кривични пријави против Н.Л.(47) од Скопје и М.Ј.(16) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „непостапување според  здравствените прописи за време на епидемија“. На 10.05.2020, односно на 06.06.2020 пријавените биле затекнати надвор од своите домови за време на забрана за движење. 
 
СВР Штип поднесе кривични пријави против Р.М.(63) и А.Џ.(23), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „непостапување според  здраствените прописи за време на епидемија“. На 01.07.2020, односно на 21.08.2020, полициски службеници извршиле контрола и не ги затекнале пријавените во своите домови и покрај тоа што имале решенија за изолација во времетраење од 14 дена, донесени од ДСЗИ. На тој начин тие постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки со цел спречување на ширење на вирусот и заштита на населението на Република Северна Македонија.