Извадок на дел од дневни настани 14.09.2020

 
На 13.09.2020 околу 14 часот било пријавено дека  машко дете паднало во река Вардар помеѓу Камени  мост и  мост „Око“. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници од ПС  Центар и Интервентната полиција и деветгодишното дете било  извлечено и спасено. 
 
На 13.09.2020 во 17.00 часот било пријавено дека на сервисна улица која регионалниот пат Скопје-Св.Николе го поврзува со автопатот Скопје-Штип патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(66) од Штип излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.А., а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.С.(71) и Ц.С.(70), двајцата од Штип констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. 
 
На 13.09.2020 во  18.30 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача, Б.З.(53) од Охрид кој управувал мопед „ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.                           
 
На 13.09.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во с.Горно Оризари на ул.“Сараевска“, патничко моторно возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.О.(66) од с.Горно Оризари, удрило во Е.Ш.(42) од Велес. Во незгодата Е.Ш. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.
 
На 13.09.2020 во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Г.К.(56) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник.

На 13.09.2020 во 12.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, од кочанската Општа болница било пријавено дека околу 11.30 часот во с.Чифлик, при изведување на градежни работи со повреди се здобиле М.Е.(61) и Д.Г.(68), двајцата од Скопје. Притоа, кај М.Е. во болницата била констатирана тешка телесна повреда, додека кај Д.Г. телесна повреда. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.
 
На 13.09.2020 во 15.40 часот, Н.Ќ. од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот пред зграда на ул.„Методија Митевски“ неговите двајца синови биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 13.09.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во с.Студеничани, скопско, при што биле опожарени фолии со тутун и работна машина, сопственост на М.Б.(40) од с.Студеничани. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
 
На 13.09.2020 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на Велес била спроведена контрола на мотоцикли, при што биле регистрирани и законски санкционирани 20 прекршоци.
 
На 12.09.2020 околу 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Карбинци, штипско, додека Д.С.(50) работел во нива, бил повреден во пределот на десната натколеница од залутан куршум, по што бил пренесен во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 14.09.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, М.П.(22) и Е.Ц.(19), двајцата од Скопје, пријавиле дека на 13.09.2020 околу 22.30 часот во парк на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, биле физички нападнати од Д.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 14.09.2020 во 01.08 часот во СВР Скопје, М.Л. пријавила дека во 00.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзините другари Н.А.(18), Н.С.(18) и М.Д.(18), сите од Скопје, со тврд предмет биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц.(72) од Струга и против правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавената, за периодот од јули до септември минатата година, доставувала лажни податоци за своите приходи и приходите на правното лице на име на ДДВ и ПДВ, со што за себе и за правното лице се здобила со противправна имотна корист од 828.020 денари. 
На 13.09.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ц.Н.(35) и Н.М.(35), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 20.00 часот и околу 20.30 часот на игралиште во населба „Гоце Делчев“ во Скопје, малолетниот син на Ц.Н. и малолетната ќерка на Н.М. биле физички нападнати од Р.Д.(46) од Скопје. Против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 14.09.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(36) од Скопје пријавил дека околу 02.20 часот пред казино на ул.„Нов живот“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 13.09.2020 околу 10.30 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„365“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.И.(46), А.И.(35), И.И.(71), Џ.И.(68) и Р.И.(64), од една страна и Ѓ.А.(56), И.Х.(67), С.Н.(32), К.Х.(32), Ј.Х.(32), Х.С.(59) и Х.Ј.(28), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 
 
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Л.(32) и К.В.(35), двајцата од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, на 03.08.2020 во казино на ул.„Нико Нестор“ во Струга со закани кон вработените во казиното изнудиле вклучување на кредити без да платат, а потоа и враќање на загубените пари. Со тоа, причиниле материјална штета од 175.000 денари. 
 
На 13.09.2020 во 23.18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Е.Ф.(25) од с.Арачиново со прострелна рана во долните екстремитети. Според пријавеното, тој додека се движел на ул.„11“ во с. Арачиново, почувствувал болка во долните екстремитети, најверојатно од заскитан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 13.09.2020 околу 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„23 Октомври“ во Скопје, Ф.В.(37) од Скопје со остар предмет го нападнал И.Л.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  
 
На 13.09.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, С.К.(42) од Скопје пријавил дека во 17.30 часот пред угостителски објект во Сопиште, Е.Р. и С.А., кои ги познавал од претходно, со употреба на сила му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 13.09.2020 во 16.20 часот во СВР Скопје, Б.М.(44) од с.Палиград, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, О.С. се обидел да изврши рабојништво над него. На местото на настанот пристигнале полициски службеници, при што О.С. физички ги нападнал. Тој бил совладан и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 13.09.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш, В.Ј.(28) од Радовиш пријавил дека на ул.„Плачковица“ во Радовиш неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
 
 
 
На 13.09.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, А.Н.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„11-ти Октомври“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
 
Во текот на 11, 12 и 13.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се 23 возила бидејќи биле нерегистрирани, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, 13 возачи бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, 19 возачи бидејќи управувале возила со брзина поголема од дозволената, осум возачи поради поминување на црвено светло, еден возач поради недавање на првенство на минување на пешаци и 86 возила се подигнати со специјално возило „пајак".