Извадок на дел од дневни настани 13.09.2020

Полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со СВР Тетово и ОВР Кичево на 13.09.2020, при акциска контрола на моторцикли кои учествуваат во т.н. “диви трки“, на влезот во Кичево сопреле четири возачи на моторцикли кај кои се констатирани низа прекршоци и заедно со моторциклите се донесени во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка. 

 

На 12.09.2020 во 22,50 часот од полициски службеници од СВР Тетово при извршена контрола во угостителски објект на ул.“Љуботенска“ во с.Мала Речица-тетовско од Б.Х.(40) од Тетово и Т.Д.(51) од Тетово одземени биле пари и предмети поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело комар. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.09.2020 околу 21,50 часот во Гостивар на ул.“Илинденска“ полициски службеници од Полициската станица Гостивар при превземање на службени дејствија сопирање на патничко моторно возило натоварено со огревни дрва управувано од Е.И.(26) од с.Лакавица-гостиварско, тој со возилото се обидел да ги удри полициските службеници, а неговиот татко Ф.И.(51) ги спречувал во извршувањето на службени дејствија. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 13.09.2020 во 07,40 часот било пријавено дека во Скопје на раскрсницата од ул.“Јустинијан Први“ и “Славка Динкова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Ф.(36) од Скопје и патничко моторно возило “форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(20) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Ф., а со телесни повреди се здобила А.М. констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 
 

На 12.09.2020 во 10,00 часот било пријавено дека во с.Врбен-гостиварско, на место викано “Голема нива“, З.С.(73) била нападната со дрвен предмет од две лица кои и одзеле мобилен телефон, клуч и други предмети. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.09.2020 во 22,55 часот во Полициската станица Гостивар, А.А.(56) од с.М.Турчане - гостиварско, пријавил дека истиот ден околу 22,45 часот во с.С.М. Турчане, во дворното место од куќата на М.В.(69), едно лице испукал проектил од огнено оружје при што оштетено било задното ветробранско стакло на паркирано патничко моторно возило „опел мерива“ со гостиварки регистарски ознаки сопственост на М.В. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 13.09.2020 во 00,05 часот во Скопје, при интервенција на ул.„Димче Милошевски“ по поплака за гласна музика, А.К.(25) од Битола нападнал полициски службеник. Потоа во вршењето на службени дејствија полициските службеници биле спречувани од Т.П.(26) од Скопје и бил приведен во полициска станица. Исто така, приведен бил и Б.П.(56) од Скопје бидејќи организирал семејна веселба спротивно од препораките од Влада на РСМ во врска со „Ковид 19“. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.09.2020 во 11,45 часот било пријавено дека во нас.Гоце Делчев во Скопје, во маркет настанал пожар, при што била опожарена табла со осигурувачи, неонка и дел од производи кои се наоѓале на рафтовите. Повредени лица нема. На местото на настанот излезено било од полициски службеници од СВР Скопје. 

 

На 13.09.2020 во 01,10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Тодор Александров“ С.Л.(21) од с.Сопотница по претходно вербално недоразбирање бил физички нападнат од Д.М.(21) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

 

На 12.09.2020 во 23,10 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Партизански Одреди“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.Н.(36) од една страна и Е.С.(35) и М.К.(33) од друга страна сите од Скопје. Сочинети записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

 

На 13.09.2020 во 01,44 часот М.М.(23) од н.Илинден-скопско пријавил дека во с.Миладиновци пред угостителски објект од неколку лица меѓу кои бил и Д.Н. физички биле нападнати тој и неговиот пријател Ј.Ц.(25) од н.Илинден. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.09.2020 во 22,00 часот било пријавено дека истиот ден околу 13,30 часот Т.М.(63) од Скопје физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 12.09.2020 во 15,40 часот Б.С.(66) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02,00 часот на ул.“Ацо Шопов“ пред угостителски објект бил физички нападнат од М.Ш. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.09.2020 во 03,00 часот Ф.А.(19) од с.Ржаничино-скопско пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот во с.Петровец пред пекара бил физички нападнат од К.Ј. Се работи на расчистување на случајот.

         

На 12.09.2020 во 06,00 часот П.Б.(26) од с.Петровец-скопско пријавил дека истиот ден околу 02,10 часот во с.Петровец бил физички нападнат од К.Ј и Б.В. Се работи на расчистување на случајот.

         

На 12.09.2020 во 21,10 часот во Полициската станица Прилеп С.К.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 18,00 часот на ул.,,Дебарца“ бил физички нападнат од Е.Н., С.Б. и Џ.Н. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.09.2020 во 17,50 часот во Полициската станица Прилеп З.Ц.(48) од Прилеп, пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од страна на сосетката М.Ѓ. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 13.09.2020 во 02,00 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.,,Филип –Втори“ со ул.,,Кумановска,, во Свети Николе Д.К.(35) од с .Кучкарево бил физички нападнат од С.Ѓ.(19) од с Немањици. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 13.09.2020 во 04.30 часот било пријавено дека во угостителски објект во Стар Доран бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.М.(40) од Куманово и М.Ј.(33) од Стар Дојран. Се работи на расчистување на случајот.