Извадок на дел од дневни настани 12.09.2020

 
На 11.09.2020 во 21,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Кеј “Димитар Влахов“, ги лишиле од слобода А.Б.(46) и Е.Ф.(37), двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Е.(22) од Битола поради постоење основи на  сомнение за извршено кривично дело “разбојништво“. Пријавениот на 09.09.2020 околу 18,45 часот на улицата “Филип Втори Македонски" во Битола извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец.
По превземените мерки и активности  О.Е. бил пронајден и приведен.
 
                                        
На 11.09.2020 во 11,00 часот било пријавено дека на автопатот Велес - Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.В.(56) од Битола и товарно моторно возило-влекач “ман“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Г.Н.(43) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.В. и сопатничка од истото возило С.В.(54), а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка на возраст од 15 години, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес.
 
На 11.09.2020 во 20,30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје во Република Северна Македонија како депортирано лице допатувал Џ.А.(34) од Скопје. По извршените пасошки и оперативни проверки утврдено било дека евидирал со мерка „апси“, по наредба од Основен Суд Скопје-1. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за спровод во КПУ-Затвор Идризово.
 
На 11.09.2020 во 19,40 часот било пријавено дека во с.Aрачиново-скопско патничко моторно возило “цитроен ц-2“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Б.(19) од с.Арачиново удрило во малолетник. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 11.09.2020 во 14,00 часот на ул.“Aцо Шопов“ од полициски службеници од СВР Скопје бил пронајден Н.А.(22) од с.Никиштани-скопско кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од домот.
         
На 11.09.2020 во 17,58 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано ,,ливатски пат“, атар на с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Г.(32) од с.Спанчево и товарно моторно возило ,,фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Н.С.(26) од с.Спанчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило З.С.(39) констатирани во ЈЗУ-Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
 
На 11.09.2020 во 11,45 часот во Полициската станица Драчево С.К.(54) од Скопје пријавила дека на место викано Три Круши во с.Драчево  била касната од куче  скитник.
 
На 11.09.2020 во 11,00 часот во Полициската станица Aеродром Д.А.(62) од Скопје, пријавил дека на бул.“Трета Македонска Бригада“ бил каснат од куче скитник.
         
На 11.09.2020 во 16,13 часот било пријавено дека кај мост во с.Истибања-Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14- годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил. На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт. По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
 
 
На 11.09.2020 во 17,30 часот во с.Страјане од полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода И.Б.(67) од с.Страјане поради постоење основи на сомнение дека ја убил својата сопруга Џ.И. (60) на 10.09.2020 во семејната куќа во Гостивар.
 
На 11.09.2020 во 18,40 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле А.М.(43) од с.Здуње-гостиварско затоа што агресивно се однесувал кон полициските службеници. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
 
На 11.09.2020 во 08,00 часот било пријавено дека на ул.“Кочанска“ Н.Б.(68) бил физички нападнат од С.Ц.(80) двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
 
На 12.09.2020 во 03,10 часот во Полициската станица Прилеп С.М.(28) од с.Тополчани пријавил дека истиот ден околу 02,45 часот пред казино лоцирано во катна гаража во Прилеп бил физички нападнат од З.Е., кој што бил обезбедување во истото. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 11.09.2020 во 16,20 часот било пријавено дека 13 годишник од Прилеп заедно со уште двајца другари додека со велосипеди се возеле на место викано Топташ, изгубил контрола над велосипедот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од Полициската станица Прилеп.
 
На 11.09.2020 во 04,00 часот С.А.(37) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот пред угостителски објект во Глишиќ-Кавадарци бил физички нападнат од Џ.Д. и И.М. при што му го оштетиле и неговото возило. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 11.09.2020 во 15,30 часот во Полициската станица Карпош Ј.Д.(22) од Скопје пријавил дека на ул.“Скупи 1“ бил  каснат од куче скитник. 
         
На 11.09.2020 во 11,00 часот во Полициското одделение Камењане, Ј.И.(39) од с.Мала Речица-тетовско пријавил дека неговиот брат И.И. бил повикан во објектот на општината Боговиње каде градоначалникот А.Џ. му упатил закани, а во врска со истиот случај по телефон на И.И. му се јавил и полицискиот службеник К.А. и му упатил закани. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.