Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 05.09.2020

 

На 04.09.2020 околу 20 часот било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп С.С. (39) од Прилеп, управувајќи машина за сечење дрва „аран“ удрил во ѕид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил С.С. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

 

На 04.09.2020 околу 13.00 часот на автопатот Скопје-Штип, во автобус „даф“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(56) од Штип, во кој немало патници настанал пожар во делот кај моторот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Свети Николе. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Свети Николе.

 

На 04.09.2020 по претходно издадена судска наредба од Основен суд Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик од полициски службеници од Полициска станица Кичево бил извршен претрес во дом и помошни простории на ул.„Ј.Михајлоски“ во Кичево во сопственсот на Ф.Б.(23), при што била пронајдена марихуана и зипер кеси. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 20.30 часот на магистрален пат Радовиш-Штип во близина на раскрсница за с.Бучим патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М(41) од с.Огњанци-Петровец, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и бил пренесен во Клинички центар Штип. Известене јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.


На 04.09.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, М.П.(55) од Скопје пријавил дека околу 14.50 часот пред угостителски објект на ул.Боемска  во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 11.50 часот во СВР Скопје, Д.К.(42) од с.Волково,скопско пријавил дека на 03.09.2020 околу 22.00 часот неговиот брат К.А.(27) од с.Волково, кој  на 02.09.2020 бил пријавен дека се оддалечил од својот дом, се вратил дома.

 

На 04.09.2020 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Ф.В.(30) од Скопје, а во 23.15 часот била констатирана смрт. Ф.В., според изјавата на неговата девојка, претходно имал здравствени проблеми. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

На 04.09.2020 во 01.32 часот во СВР Охрид, А.К.(27) од Охрид пријавил дека околу 01.20 часот во неговиот  дом во Охрид, во кој биле присутни други две лица,  М.С. се здобила со тешка телесна повреда, по што била пренесена во Медицински центар Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 15.45 часот во СВР Охрид, 22-годишна девојка од Охрид пријавила дека околу 14.10 часот во комбе кое сообраќало од Струга кон Охрид  непознато лице ја допирало по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 11.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека во угостителски објект на ул. Железничка бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Т.(42) од с.Лактиње- Дебарца и Љ.Р.(57) од Охрид од една страна и А.Ф.(39) и М.Т.(34) двајцата од Охрид од друга страна. Потоа Н.Т. нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејства. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 12.45 часот во СВР Охрид, Е.С.(47) од Кичево пријавила дека пред угостителски објект на раскрсница од ул.М.Тито и ул.А.Челопечанец во Кичево била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 15.00 часот во СВР Штип  било пријавено дека во Клиничка Болница Штип бил донесен повреден Р.Ј.(59) од с.Дедино,радовишко. Според неговата изјава, тој бил повреден од трактор при сечење на огревни дрва во с.Почивало,штипско. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 22.27 часот во СВР Штип, С.С.(24) од с.Радење, општина Карбинци пријавил дека во угостителски објект на ул. Ванчо Прќе во Штип бил физички нападнат од С.Ј.(31) и Р.Ј.(61), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.09.2020 во 01.45 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од Полициска станица Тетово бил приведен С.А.(45) од Тетово. На 05.09.2020 во Полициска станица Тетово, Ф.И.(40) од с.Џепчиште, Г.А.(38) од с.Слатино и И.И.(31) од Тетово во својство на службени лица од Државен пазарен инспекторат во Тетово пријавиле дека околу 01.10 часот додека преземале службени дејствија за контрола на работно време во угостителски објект на ул.Борис Кидрич во Тетово биле омаловажувани од С.А. од Тетово, кој агресивно се однесувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 04,25 часот во СВР Струмица, Т.П.(35) од Гевгелија пријавил дека пред угостителски објект на ул.“Ристо Фршинин “во Гевгелија бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.09.2020 во 15.10 часот во Полициска станица Валандово било пријавено дека во с.Пирава на ул. Лазар Колишевски настанал пожар во гаража, сопственост на М.Н.(47) . Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Валандово. Увид на местотот на настанот извршила екипа од Полициска станица Валандово.

 

На 05.09.2020 околу 04,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје биле опожарени патничко возило “фолксваген пајтон“ со скопски регистерски ознаки и патничко возило“фолксваген туарег“ со светиниколски регистарски ознаки, двете сопственост на И.Ф.(28) од Скопје. Таткото на сопственикот на возилата С.Ф.(54) се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги запалило возилата, но тоа испукало еден куршум од пиштол и избегало. Повредени нема. Извршен е увид од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба и се преземаат мерки за расчистување на случајот.