Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 09.08.2020

 На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице.Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец .По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот , при што било утврдено дека во товарниот простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан). Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага .                                     

На 08.08.2020 во 15,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот во близина на  местото ,,Тефериќ,, ги лишиле од слобода П.М.(18) и Н.Н.(19) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.08.2020 во 21,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Рокомија“, го лишиле од слобода Б.Ф.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.08.2020 во 10,34 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Мелнички мост се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.С.(47) од с.Подгорци и мопед „соник“ со струшки регистарски ознаки управуван од 16 годишник од с.Мороишта. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

 

На 08.08.2020 во 15,02 часот било пријавено дека на патот с.Маково-с.Старавина пред крстосницата за с.Старавина, патничко моторно возило “застава 750“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.С.(78) од Битола, излетало од патот и удрило во дрво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.С.(75) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

 

На 08.07.2020 во 20,30 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Крсте Мисирков“ патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.Б.(23) од Велес удрило во пешакот Б.М.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Скопје.

 

На 08.08.2020 во 13,00 часот било пријавено дека на регионален пат Охрид-Св. Наум патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки   управувано од М.М.(21) од Скопје удрило во пешакот Д.М.(70) од Скопје. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил пешакот констатирана во болницата “Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 08.08.2020 во 21,30 часот на Граничниот премин Табановце, на  излез од Република Северна   Македонија, Т.С.(30) од Република Косово, при вршење на пасошка контрола не приложил ’’изјава’’ (за влез со ПЦР тест или транзит) со што постапил спротивно на член 206 од Кривичниот законик на Република Северна   Македонија  (непостапување според здравствени прописи за време на епидемија). Од извршените проверки констатирано било дека тој не евидирал дека имал остварено влез во Република Северна   Македонија (после 04.02.2020 кога на Граничниот премин Блаце имал остварено излез од Република Северна   Македонија). Т.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 На 09.08.2020 во 09,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. “АСНОМ“ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило. Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило “сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, повредени лица нема.

Се работи на расчистување на случајот.

 

На 08.08.2020 во 22,00 часот во Полициското одделение  Сарај било пријавено дека во с. Шишево во дворот од семејната куќа за време на силниот ветар и врнежите  од дожд Ј.С. (53), излегол да ја затвори металната капија која во еден момент се откачила и паднала врз него, при што  Ј.С се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 09.08.2020 во 01,00 часот во СВР-Велес, Ф.Р.(43) од Велес пријавил дека на 07.08.2020 од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.Р.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 На 08.08.2020 во 20,00 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди  А7 “ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.И.(24) од Скопје, со патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки управувано од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот и велосипед управуван од Р.Ш.(70) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

 

На 08.08.2020 во 22,15 часот во СВР Куманово Н.Ј.(43) од Скопје пријавил дека на 07.08.2020 во непознат правец се оддалечил неговиот син Р.Ј.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 08.08.2020 во 10,00 часот, во Полициската станица Прилеп З.П.(44) од Прилеп пријавил дека на патот Прилеп- вештачко езеро, бил физички нападнат од две непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 08.08.2020 во 20,30 часот било пријавено дека во с.Бузалково по вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.А. и С.А. од една страна и Н.И., Ф.И., Н.И. и Р.И. од друга страна. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 08.08.2020 во 15,45 часот во СВР Тетово А.Б.(66) од с.Мала Речица пријавил дека на ул.“Љуботенска“ во Тетово бил физички нападнат од С.И од с.Мала Речица и уште две непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

 
 

На 09.08.2020 во 01,00 часот во Полициската станица Гостивар Ф.А.(27) од Гостивар пријавил дека на 06.08.2020 од домот во непознат правец се оддалечил неговиот татко Н.А.(52). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 08.08.2020 во 02,00 часот било пријавено дека во Кратово на ул.,,Питу Гули‘‘ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.Н.(23) и Т.Н.(26) од една страна и К.Ј.(24) од друга страна сите од Кратово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 08.08.2020 во 23,00 часот Б.М.(65) од с.Кондово-скопско пријавил дека бил физички нападнат од С.С.(21) од истото село, по што му се заканил со нож, а пријавителот успеал да се отргне од него. Потоа С.С. отишол во неговиот двор и со секира тргнал кон Б.М. да го нападне но,  бидејќи се собрале повеќе соседи се повлекол. Се работи на расчистување на случајот.

                       

На 08.08.2020 во 17,15 часот В.Ф.(21) од Скопје пријавил дека на автопат во правец од Скопје кон Петровец додека се движел со своето возило друго возило му го попречило патот и од него излегле пет непознати лица по што започнале вербална расправија. Во еден момент едно од лицата физички го нападнал и му го оштетил неговото возило. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 08.08.2020 во 09,00 часот В.А.(35) од Скопје, пријавил во кругот на Кванташки пазар, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу В.А.(35) од с.Мојане - скопско од една страна и Р.И.(24) и И.Ф.(27) двајцата од с.Арачиново-скопско од друга страна. Сочинети записници за констатиран прекршок по чл.11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.