Извадок на дел од дневни настани 02.08.2020

 

На 01.08.2020 околу 23,50 часот на локален пат с.Слупчане-с.Ваксинце, полициски службеници од Полициска станица Белановце се обиделе да запрат патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало. Од полициски службеници пред влез на с.Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш. Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2020 во 18,15 часот било пријавено дека на локален пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци“ во атар на с.Крилатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од М.Д.(29) од с.Талашманци,кратовско. Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

 

На 01.08.2020 во 22,05 часот било пријавено дека на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане,кумановско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Кумнаово. Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

 

На 01.08.2020 околу 19,55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

На 01.08.2020 во 14,50 часот во Полициска станица Битола, било пријавено дека во близина на каменолом на превој „Плетвар“ настанал пожар при што биле опожарени околу 10 хектари дабова шума. На местото на настанот излегле екипи од шумско стопанство и противпожарната единица од Битола.

                                         

На 01.08.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, Н.Б.(40) од Скопје, пријавил дека во 13.00 часот додека бил на своето работно место во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ по претходно недоразбирање и расправија бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2020 во 08.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.Мите Богоевски во Скопје настанал пожар на електрична разводна кутија сопственост на ЕВН која била во дворни места по што од настанатиот пожар биле опожарени фасади од бараките соспственост на Р.С.(41) и И.Ч.(46) двајцата од Скопје. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 01.08.2020 во 22,30 часот во СВР Куманово, Б.Т.(48) од Куманово пријавил дека во објект на бензинска пумпа бил физички нападнат од В.М.(31) од Куманово.Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

 

На 01.08.2020 во 13.00 часот во СВР Битола, К.З. од Битола пријави дека околу 04.30 часот во казино на ул.Широк сокак во Битола, додека бил на работа како обезбедување, физички бил нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2020 во 17,35 часот во СВР Штип, С.А.(45) од с.Горни Балван, Општина Карбинци пријавил дека околу 17,00 часот во место викано,,Стара Чешма,, во атар на с.Горни Балван бил физички нападнат со стаклен предмет од М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2020 во 18.10 часот на регионален пат Радовиш-Конче на место викано „Семеница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 12 годишен малолетник од с.Конче, радовишко и моторцикл„ктм-520“ без регистарски ознаки управуван од Б.И.(19) од с.Конче. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите и сопатникот на првиот моторцикл- 15 годишен малолетник од с.Конче биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на возачите им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

На 01.08.2020 во 20,00 часот во СВР Струмица, Ј.Г.(40) од с.Босилово, струмичко пријавил дека на 31.07.2020 околу 21,00 часот неговиот 16 годишен син од с.Босилово со такси возило отишол во Струмица и во 22,30 часот се вратил дома при што се пожалил на болки и повреди на главата,грбот и раката по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.08.2020 во 02.05. часот на магистрален пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода  помеѓу патничко моторно возило „ауди А4“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.Д.(58) од Штип и патничко моторно возило „бмв Х5“ со бугарски национални ознаки управувано од А.А.(42) од Струмица. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на Ј.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди, додека на А.А. му биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

На 02.08.2020 околу 00.20 часот на регионален пат Велес-Извор на место викано „Пашин мост“ патничко моторно возило „волво“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.С.(53) од с.Мелница, општина Чашка, излегло од коловозот. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот бил пренесен во Општата Болница во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

 

На 01.08.2020 во 15.50 часот во СВР Тетово, З.А.(54) од с.Голема Речица,тетовско пријавил дека околу 13.00 часот во близина на фирма за мебел во с.Голема Речица  неговиот 15 годишен син бил физички нападнат од М.М. од с.Голема Речица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2020 во 19.15 часот во СВР Тетово, М.Б.(39) од Гостивар пријавил  дека околу 19.00 часот во угостителси објект во негова сосптвеност на ул. Б.Блажески во Гостивар дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу едно непознато лице кое било гостин во објектот и други три непознати лица кои пристигнале во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.08.2020 година во00,30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид,нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употреба на стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје. Љ.Д. и Д.Ј. со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.08.2020 во 08,40 часот на магистрален пат Кичево-Скопје, пред превој „Стража“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рекстон“ сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Б.(22) од Тетово, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Б.(22) од Тетово и патничко моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од В.Т.(24) од Гостивар. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот на патничко моторно возило „цитроен“ В.Т. со неговите сопатници Ј.Г.(20), В.Г.(23), Г.Т.(20) и Ц.М.(20) сите во Гостивар биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

 

На 01.08.2020 година во 06.30 часот, во приватен сместувачки објект лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид,нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.А.(22) од Скопје врз сопственикот на објектот А.З.63) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.08.2020 година во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се Б.Т.(21) од Кичево и Д.С.(23) од кичевското село Вранештица. При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.