Извадок на дел од дневни настани 01.08.2020

 

На 31.07.2020 во 16.40 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.Д.(21) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 31.07.2020 во 11,59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Асфалтна база на Јадранска магистрала настанал пожар при што била опожарена цистерна со мазут, а од пожарот биле зафатени и неколку гуми и боци со мазут и нафта кои биле во близина. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.Во пожарот нема повредени лица.

 

На 31.07.2020 во 18,00 часот на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен,  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од с.Грначари,ресенско. Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп,  додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

 

На 31.07.2020 околу 14,25 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје патничко моторно возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.И.(20) од с.Сингелиќ, скопско удрило во малолетник-пешак од Скопје. По незгодата, пешакот бил пренесен во Здравствена установа „Систина“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 31.07.2020 во 14.45 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Б.Д.(44) од Скопје пријавил дека на ул. Антон Чехов бил каснат од куче  скитник.


На 31.07.2020  во 23.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана, лишени од слобода се  две 16 годишни лица од Прилеп. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.07.2020 во 14.15 часот, полициски службеници на паркинг простор во близина на плажа во Охрид ги привеле А.Х.(19) и М.Т.(21), двајцата од Скопје затоа што кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.07.2020 во 12.30 часот било пријавено дека пред дворно место на ул.„3“ во с.Батинци,скопско, Р.Б.(27) од с.Цветово, скопско управувајќи патничко моторно возило „пасат“ удрил во негов малолетен внук од с.Цветово. По незгодата, малолетникот бил пренесен од возачот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 01.08.2020 во 02.05 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека на место викано „Гумење“ во Крушево дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.К.(33) од Крушево од една страна, и Х.Ј.(18), Ј.Ѓ.(22), А.Н.(19), Б.Ј.(41) и 16 годишен малолетник сите од Скопје (биле дел од групата која дошла со коњицата од скопско Лисиче) од другата страна, при што заради спречување на физичката пресметка, полициски службеник од Полициска станица Крушево од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум. Полициски службеници од Полициска станица Крушево излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2020 околу 12,20 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека на место викано„Калдрма“ пред Ложански мост на река Црни Дрим во атар на с.Велешта настанал пожар на стрниште и ниви од околу 10 хектари. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

 

На 31.07.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(27) од с.Љубин,скопско пријавил дека околу 14.50 часот во с.Долна Матка,скопско му се доближило патничко моторно возило „Голф 5“ со непознати регистарски ознаки во кое биле три непознати лица при што едно од лицата излегло и физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.07.2020  во Полициска станица Радовиш било пријавено дека во куќа во с.Парналија,радовишко сопственост на А.А. од с.Парналија настанал пожар од плинска боца , кој се проширил низ целиот помошен објект, куќата и помошен објект во соседниот двор сопственост на С.Џ. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Радовиш. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

На 01.08.2020 во 00.40 часот во СВР Струмица, С.П.(39) од Струмица пријавила дека на 31.07.2020 околу 23.30 часот пред казино на бул.Маршал Тито во Струмица  по претходна расправија помеѓу пријавителката и Н.Н. дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Н. и Ф.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2020 во 06.00 часот во СВР Струмица, 40 годишна жителка од струмичко село пријавила дека С.К. (23) извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2020 околу 12.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул. Киро Пракицов  во Велес  по претходна расправија околу паркинг простор дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.К.(56) и Н.К.(53) од една страна и И.В.(43) и К.В.(20) од друга страна, сите од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2020 околу 14.45 часот на ул.Којник во Велес се случила сообраќајна незгода во која моторцикл„кивеј“ без регистарски ознаки управуван од Т.К.(45) од Велес удрил во паркирано патничко моторно возило„опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Л.П.(55) од Велес. Со возило на итна медицинска помош моторциклистот бил пренесен  во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

 

На 01.08.2020 во 00,15 часот  во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„ Ѓорѓи Сугаре“ М.М.(84) од Скопје бил пронајден починат од страна на неговиот син Н.В.(56) од Скопје, при што било констатирано дека има повреда на главата. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

На 31.07.2020 во 02.30 часот и 02.50 часот во Полициска станица Кавадарци, Т.Т.(24) и В.М.(28) од Кавадарци пријавиле дека околу 01.15 часот во  парк на ул. 7ми Септември во Кавадраци биле физички нападнати од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2020 во 19.50 часот во Полициска станица Гостивар, Л.М.(40) од Гостивар пријавила дека околу 17.40 часот во парк во Гостивар по претходно недоразбирање нејзиниот 14 годишен син бил физички нападнат од Ј.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.07.2020 во 22,35 часот во Полициска станица Драчево било пријавено дека во с. Батинци, скопско Ф.Џ.(34) од с.Батинци паднала од поткровјето од куќа и  починала на лице место. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош. На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.