Извадок на дел од дневни настани 31.07.2020

 
На 31.07.2020 во 00.30 часот, во близина на катна гаража на ул.„Народен фронт“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(72) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, бидејќи одбивал наредба издадена од полициските службеници, а при негово легитимирање физички нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 30.07.2020 околу 08.10 часот во близина на наплатна станица „Демир Капија“, на автопатот А-1, при контрола од страна на полициски службеници на возилата „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски озанки, управувано од С.М.(37), двајцата од с.Бузалково, велешко, биле пронајдени 11 мигранти од Бангладеш. Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија, за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.
 
На 30.07.2020 во 20.40 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани бил лишен од слобода А.Д.(70) од Кочани, по добиена пријава од Итна медицинска помош од Кочани дека околу 19.00 часот, на место викано „Горно Подлошко“, во атар на с.Тркање, кочанско, по претходно нарушен јавен ред и мир околу наводнување на нива, А.Д. со пиштол пукал кон С.И.(49) од Кочани, по чие кажување бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат од него. С.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани. Полициски службеници од А.Д. одзеле пиштол „Застава М70“ кал.7,65мм, празна рамка, куршум и лопата. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 30.07.2020 околу 10.20 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско. По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.
 
На 30.07.2020 во периодот од 20.00 часот до 02.00 часот на 31.07.2020 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи на мотоцикли. Од извршената контрола откриени се вкупно 38 прекршоци, и тоа: 16 во Штип, седум во Кочани, три во Пробиштип, два во Виница, три во Делчево, два во Берово, пет во Свети Николе. Од нив пет управувале без возачка дозвола, пет биле со измината важност на регистрацијата, еден нерегистриран, 24 поради неносење на кацига и три останати прекршоци. За сите прекршоци сторени од страна на возачите на мотоцикли изречени се соодветни санкции. Eвидентирани се и 11 други сообраќајни прекршоци и за нив се изречени соодветни санкции.
 
На 31.07.2020 околу 04.30 часот пред влез во с.Зрновци, кочанско, мотоцикл  управуван од В.А.(18) од с.Зрновци, излетал од патот. По незгодата В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со телесни  повреди се здобил и сопатникот С.П.(26) од с.Соколарци. За настанот е известен Јавен обвинитела, увид ќе се врши во текот на денот.
 
На 30.07.2020 во 13.30 часот во Полициска станица Аеродром, Х.П.(21) од Пробиштип пријавил дека под Железнички мост на кеј на река Вардар, на ул.„Владимир Комаров“  во Скопје, бил каснат од куче скитник.
 
Во текот на 30.07.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, а 33 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

На 30.07.2020 околу 00.30 часот во СВР Скопје, С.С.(50) од Скопје пријавил дека додека бил во угостителскиот објект во с.Трубарево, неговиот син Ф.Н. пред објектот имал вербална расправија со непознато лице, по што дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, во која се вклучиле уште две непознати лица, од кои едното со дрвен предмет  му нанело тешка телесна повреда на С.С., констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 30.07.2020 околу 00.05 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на ул.„12“ во с.Јурумлери, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.А.(23), Ф.И.(40), Т.И.(18), З.А.(56), од една страна, и С.А.(51) и Џ.А.(32), од друга страна, сите од с.Јурумлери. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 31.07.2020 во 03.41 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кочани - Зрновци, во близина на место викано „Дива топола“, се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „кимко“, со кочански регистарски ознаки, управуван од В.А.(17) од с.Зрновци излетал од коловозот. По незгодата, В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани. 
 
На 30.07.2020 во СВР Битола, Е.М.(27) од  Битола пријави дека во салон за брзи кредити лоциран на ул.„Никола Тесла“ во Битола околу 15.15 часот непознат сторител со закана од вработените одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 30.07.2020 околу 14.30 часот  во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.20 часот на крстосницата од ул.„Бранко Заревски“ со ул.„Живко Фирфов“, додека полициски службеник извршувал работни задачи, Ѓ.М.(26) од Скопје, сопственик на патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, почнал  агресивно да се однесува и да му упатува закани, а потоа заедно со неговиот брат Е.М. агресивно се однесувале кон полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 30.07.2020 во 10.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била донесена повредена Д.Д.(58) од Скопје, вработена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредената констатирале дека таа паднала на паркингот во клиниката додека одела на своето работно место, при што ѝ биле константирани тешки телесни повреди. За настанот е известен трудов инспектор.
На 30.07.2020 во 17.50 часот кај Градскот трговски центар на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, од полициски службеници од СВР Скопје бил пронајден К.Д.(14) од Кавадарци,  за кој на 26.05.2020 било пријавено дека се оддалечил од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение.
 
На 30.07.2020 во 18.20 час во СВР Скопје, Б.С.(23) од Скопје пријавил дека на 29.07.2020 околу 17.00 час во парк на ул.„Радишанска“, поради нарушени семејни односи, бил физички нападнат од Џ.М., Н.К. и Е.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 30.07.2020 околу 17.00 часот во СВР Скопје од Центар за социјални работи во Скопје било пријавено дека од установа се оддалечила нивната штитеничка С.М.(16) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против В.Р.(22) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во текот на април 2020 година, пријавениот за 700 евра набавил оружје од непознато лице, а по извршен претрес во неговиот дом и други простории биле пронајдени и одземени два пиштолa, 143 куршуми и четири мобилни телефони со сим картички. Судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.(33) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела, и тоа „тешки дела против општата сигурност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниви по член 292 и 396 од Кривичниот законик. Имено, поради претходни должничко-доверителски недоразбирања помеѓу Е.С. и синот на оштетениот, на 23.07.2020 околу 22.00 часот, Е.С. заедно со неговиот брат дошле во продажен објект во сопственост на Р.Б.  да побараат долг од 10.000 евра, износ кој според нивно кажување им ги должел синот на оштетениот. Притоа, помеѓу Е.С., од една страна, и Р.Б. и неговите два сина, од друга страна, настанала расправија, која прераснала во физичка пресметка, при што Е.С. со пиштол, кој го поседувал без дозвола, испукал два проектила и на Р.Б. му нанел две прострелни рани, по што Р.Б. бил пренесен за укажување на лекарска помош на Клиниката „Мајка Тереза“.