Извадок на дел од дневни настани 30.07.2020

 
На 29.07.2020 во 22.20 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода И.А.(19) од Скопје, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 29.07.2020 во 22.15 часот во близина на бензинска пумпа во с.Сарај, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Б.И.(31) од с.Љуботен, скопско, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 29.07.2020 во 20.20 часот во нас.„Скопско поле“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Д.А.(32) од Скопје, кај кого при преглед бил пронајден нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Во периодот од 20.00 часот на 29.07.2020 до 02.00 часот на 30.07.2020 на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола над возачи на мотоцикли. Во акцијата се констатирани четири прекршоци, кои се соодветно санкционирани.
 
На 29.07.2020 во периодот од 20.00 на 29.07. до 02.00 часот на 30.07.2020 на подрачјето на СВР Велес е извршена контрола на мопеди и мотоцикли, при што во Велес се регистрирани и санкционирани 20 прекршоци, во Кавадарци 27 и во Неготино пет прекршоци.
 
На 29.07.2020 околу 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје во близина на угостителски објект на ул.„Славе Ѓорѓиевски-Шнајдерот“ во Скопје го лишиле од слобода А.А.(36) од Скопје, постапувајќи по пријава на М.Н.(64) од Скопје дека А.А. се обидел да одземе повеќе предмети. Според пријавеното, М.Н. Б.Н. се обиделе да го спречат во намерата, по што пријавениот физички ја нападнал Б.Н. и се обидел да избега, но бил спречен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 29.07.2020 во 13.49 часот се случила сообраќајна незгода на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола, во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј(21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П(26) од Битола. По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде им подлегнал на повредите. Увид е извршен од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
 
На 29.07.2020 во 23.50 часот се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Новаци-Битола, кај с.Логоварди, битолско, во која  Ј.Б.(59) од општина Новаци, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Тој е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа на СВР Битола.
 
На 29.07.2020 во 14.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, поради постоење основано сомнение за лажно претставување, од страна на полициски службеници бил приведен Т.И.(49) од Турција, кој поседувал дозвола за привремен престој во државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 29.07.2020 година во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс  клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден Б.Ј.(40) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредениот на 28.07.2020 тој бил повреден на работно место во фирма на ул.„24“ во скопската нас.„Илинден“ од  работна машина   управувана од З.Д.(59) од Скопје. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
 
На 29.07.2020 во 21.41  часот во СВР Скопје, А.Х. од с.Арачиново пријавил дека настанал пожар позади гробиштата во с.Арачиново. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека била опожарена нива-стрниште. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.
 
Во текот на 29.07.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле нерегистрирани, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и три возачи поради поминување на црвено светло, а 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

 
На 30.07.2020 во 02.15 часот од  страна на полициски службеници од Полициското одделение Групчин, на регионалниот пат Тетово – Скопје, на влезот од с. Желино, е затекнат K.В.(36), од Р.Албанија, за кој при контрола е констатирано дека престојува во нашата земја без пријавен престој.  Истиот е приведен и задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.
 
На 29.07.2020 по преземени мерки и дејствија од страна на полициски службеници од СВР Штип била пронајдена В.А.(46) од Штип, за која на 23.07.2020 од страна на нејзиниот сопруг било пријавено дека се оддалечила од домот во Штип.
 
На 29.07.2020 во периодот од 20.00 часот до 02.00 часот на 30.07.2020 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи на мотоцикли. Од извршената контрола откриени се вкупно 40 прекршоци, од кои шест управувале без возачка дозвола, пет биле со измината важност на регистрацијата, двајца со измината важност на осигурителната полиса, 22 за неносење на кацига и пет останати прекршоци. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции. Eвидентирани се и санкционирани 15 други сообраќајни прекршоци.
 
На 29.07.2020 во 09.39 часот во СВР Штип, К.М.(60) од Штип пријавил дека непознат сторител му одзел  патничко возило „фолксваген поло“, кое било паркирано на ул.„Маршал Тито“ во Штип. Во 11.25 часот во Полициската станица Штип, С.Ч.(57) од Штип, пријавила дека околу 10.20 часот на ул.„Димитар Двојаковски“ со  ул.„Драги Крупишки“ во Штип од непознат сторител  ѝ било одземано паркираното патничко возило „голф“. По преземени мерки од страна на полициски службеници, возилата се пронајдени кај Ј.С.(43) од Штип и вратени на пријавителите, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.
 
На 29.07.2020 од страна на Одделението за внатрешни работи Свети Николе против А.Т. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено, во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 08.45 часот во Свети Николе на ул.„Плоштад Илинден“, А.Т.(35) од Свети Николе најпрвин почнал да вика на висок тон, по што физички го нападнал М.П., кој  извршувал работа на обезбедување. Околу 09.05 часот А.Т. отишол во полициската станица Свети Николе и, додека полицискиот службеник извршувал службени работи, А.Т. почнал да упатува закани и агресивно да се однесува кон него.
 
На 29.07.2020 во 12.20 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(33) од с.Брњарци, скопско, пријавила дека околу 09.00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека била на своето работно место, била нападната од Д.Б.А., пациент на Клиниката за трауматологија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 29.07.2020 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека во кругот на фирма во Виница во 15.30 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „рено лагуна“, од кој делумно биле зафатени уште две патнички возила „форд фокус“ и „опел мерива“. Пожарот бил изгаснат од Територјалната противпожарна единица Виница. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница. 
 
На 29.07.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.А.(34) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот во угостителски објект на ул.„Скупи 3“ во Скопје, додека бил заедно со К.И. и М.И., бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 29.07.2020 во 22.16 часот во СВР Скопје, А.Ш.(18) од с.Долно Коњари, скопско, пријавил дека во „Парк на светлината“ на ул.„Васко Карангелевски“, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Е. и неколку непознати лица, од кои едно со пиштол му упатило закани по живот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.07.2020 во 00.10 часот во СВР Скопје, М.Т.(48) од Скопје пријавила дека на 29.07.2020 околу 23.50 часот на паркинг пред угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, била физички нападната од Љ.Т.(55) од Скопје. Сочинет е записник за константиран прекршок по чл.12 ЗПП ЈРМ.
 
На 28.07.2020 во 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Долно Дупени, ресенско, по претходна пријава за пронајден човечки череп, од полициски службеници бил извршен преглед и претрес на теренот, при што во атар на с.Долно Дупени, на место викано „Големи Грми“, биле пронајдени делови од човечки леш. По наредба на Јавен обвинител истите се подигнати и предадени на обдукција.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.М.(46) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 25.06.2020 пријавениот, вработен како возач на камион во фирма од Кочани, ја присвоил службената платежна картичка и со неа, во неколку наврати на 25 и 26.06.2020, од банкомат во Кочани противправно подигнал пари во вкупен износ од  101.000 денари.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(21) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 24.06.2020  во 22.10 часот на ул. „Борис Кидрич“, полициски службеници при обид за легитимирање на пријавениот, кој бил под дејство на алкохол, биле навредувани, а еден од нив и физички нападнат.  
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(34) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавениот, на 02.04.2020 околу 22.50 часот, со патничко  возило „пасат“ не застанал на даден знак на полициските службеници, се дал во бегство, по што се паркирал на земјен дел од регионален пат од с.Врапчиште кон автопатот, а откако му пришле полициски службеници од Полициско одделение Галате, А.М. го стартувал возилото, удрил еден полициски службеник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(29) и Т.Л.(58), двајцата од Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените делото го сториле во 2017 година, така што на пријавителот Д.Л.(35) од Гостивар му понудиле стан за продажба во Струга, кој никогаш не го поседувале во нивна сопственост, за цена од 8.000 евра, сума која  ја договориле со усмен договор, за што пријавителот им исплатил 7.620 евра.
 
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.С.(59) од с.Бузалково, велешко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 04.06.2020 во периодот од 17.30 до 18.30 часот, на ул.„11 Октомври“ во Градско, при контрола на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници констатирале дека во просторот наменет за товар М.С. врши транспорт на огревно дрво, без притоа да поседува лиценца за него.
 
СВР Велес поднесе известување против Ф.Џ.(18) од с.Бузалково, велешко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца“.  На 05.07.2020 во 14.30 часот на патот Кавадарци - с.Манастирец, пријавениот со товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки,  превезувал огревни дрва сопственост на фирма од с.Бузалково, но не поседувал лиценца за  вршење на јавен превоз, ниту дозвола за управување со моторни возила. 
 
СВР Тетово поднесена е кривична пријава против Ф.Љ.(29) и М.А.(30), двајцата од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. Полициски службенци на 28.07.2020, при извршени претреси во домот и другите простории, кај пријавените пронашле марихуана, дигитална вага, вреќа со повеќе зипер ќеси, три мобилни телефони и две сим картички, при што било констатирано дека пријавените од април 2020 година неовластено, заради понатамошна продажба, од непознато лице набавувале марихуана, која потоа ја продавале во градот Тетово  и неговата околина.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А.(31) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.05.2020 во 01.00 часот полициски службеници го запреле пријавениот на регионален пат Куманово-Крива Паланка, додека управувал патничко возило „опел“, при што било констатирано дека не ги почитувал здравствените прописи за време на епидемија.