Извадок на дел од дневни настани 29.07.2020

На 28.07.2020 во 17.20 часот на пат од црква „Св. Пантелејмон“ кон Средно Водно од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.С.(21) од Скопје, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 28.07.2020 околу 17.30 часот на ул.„Шишка“ во Кавадарци, С.З.(51) од с.Сопот, управувајќи мотоцикл „кинки“, со кавадаречки регистарски броеви, изгубил контрола и паднал. Во незгодата тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на незгодата. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Кавадарци.
                                           
На 28.07.2020 во 12.00 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, превезувајќи се во автобус на ЈСП-Скопје „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(37) од с.Јурумлери, скопско, паднал и се повредил Д.Ш.(78) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.
 
На 28.07.2020 во 20.00 часот на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван С.А.Д.(52), а другиот од Н.К.(35), и двајцата од Скопје. По незгодата, велосипедистите биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни, а на Н.К. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.
 
На 28.07.2020 во 18.30 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(37) од Скопје и патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Скопје. При незгодата, патничкото возило „пежо“ удрило во пешак Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое се придвижило и удрило во бандера. По незгодата, С.С., Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.
 
На 28.07.2020 во 18.50 часот во Полициска станица Центар, И.А.(34) од Скопје пријавил дека во близина на Клуб на пратеници, на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бил каснат од куче скитник.
 
Во текот на 28.07.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле нерегистрирани и двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, а 37 возила се подигнати со специјално возило „пајак".
 
На 28.07.2020 во 10.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Г.К.(42) од Скопје пријавила дека во близина на трговски центар на ул.„Пехчевска“ била касната од куче скитник.
  
 На 28.07.20202 во 13.00 часот во СВР Битола, Н.Н.(70) од Битола пријавил дека во Градскиот парк во Битола бил физички нападнат од две непознати лица, при што му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 28.07.2020 во 18.15 часот во Полициска станица Бит пазар, К.Х.(62) од Скопје пријавила дека околу 14.45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари. Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка. По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 28.07.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, Т.Л.(25) од Скопје пријавил дека во 14.50 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, тој и Ј.Љ.(23) од Скопје биле физички нападнати од две непознати лица, кои биле со патничко возило „Голф 5“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 28.07.2020 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Римска“ со ул.„Алжирска“, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(52) и Д.А.(39), од една страна, и Г.Ц.(51) од друга страна, сите од Скопје, кои биле во алкохолизирана состојба. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 и чл. 6 од ЗППЈРМ.
 
На 28.07.2020 во 12.30 часот во Полициска станица Гази Баба, В.С.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Сава Михајлов“  била касната од куче скитник.
 
На 28.07.2020 во 23.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот на ул.„Самоилова“ патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, не запрело на даден знак од полициски службеник кој вршел службени дејства, туку се обидело да го удри и го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 28.07.2020 во 16.00 часот во Полициска станица Радовиш, И.А.(42) од с.Дедино пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Д.А.(29). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Д.С.(37) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик. На 21.01.2020 Д.Г. пријавила дека во текот на месец јануари 2020 пријавениот Д.С. бесправно поставувал огласи на неколку веб страни во име на оштетената, при што на огласите го оставал нејзиниот телефонски број, со текст со недолична содржина.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Р.(43), А.Р.(47), А.Р.(39), Е.Д.(35) и Д.Ј.(30), сите од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.06.2020 на ул.„Широк дол“ во Штип, по претходна расправија, помеѓу пријавените настанала физичка пресметка со тврди предмети, при што биле оштетени и четири патнички возила кои биле во непосредна близина.
 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(45) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. На 16.06.2020 во 20.10 часот пред пекарница во Струга, пријавениот го одзел товарното возило во сопственост на пекарата.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(36) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јануари 2020 пријавената, со цел да се стекне со противправна имотна корист, го довела во заблуда Ј.М. од Гостивар, тврдејќи му дека може да ја вработи неговата девојка за износ од 1.000 евра. Тие оствариле средба, при што Ј.М. ѝ дал на пријавената 300 евра и 1.000 денари, по што контактите биле прекинати и договорените средби не се одржале.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(25) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Во март 2019, пријавениот за 300 евра набавил фалсификувана возачка дозвола од лице од Скопје, која ја употребил на граничен премин во Р.Србија, каде била откриена и одземена.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава со против Л.Љ.(26), А.Р.(26) и Л.Ш.(22), сите од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.06.2020 во 22.20 часот од полициски службеници пријавените биле забележани како се движат по ул.„Илинденска“ во близина на поштата во Тетово и истите се дале во бегство, по што Л.Љ. бил лишен од слобода.