Извадок на дел од дневни настани 11.07.2020

На 11.07.2020 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Сарај, скопско, при извршен преглед кај Р.Н.(24) од с.Грчец, пронашле нож на расклопување. Р.Н. бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 10.07.2020 во 23.30 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на кеј „13 Ноември“, при извршен преглед кај Е.Ј.(40) од Скопје, бил пронајден нож. Сочинет е записник за сторен прекршок по чл.80 ст.1 т.12 од Законот за оружје.
 
На 10.07.2020 во 11.00 часот во СВР Охрид, Џ.Д.(54) од Охрид, вработен во ЕВН „Кец“ Охрид, пријавил дека во нас.Рача, Б.М.(44) од Охрид, при изведување работни активности, паднал од електричен столб. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
 
На 10.07.2020 во 16.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од полициски службеник бил забележан И.Х.(33) од Косово, како илегално ја преминува државната граница, поради што бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
 
На 10.07.2020 во 10.50 часот на Аеродромот „Св.Апостол Павле“ - Охрид бил нарушен јавниот ред и мир од страна на Х.К.(27), Х.Ш.(52) и С.С.(41), сите од Р.Албанија. Во координација со Јавен обвинител, тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
 
На 10.07.2020 во 04.20 часот во Полициската станица Куманово, поради претходно пријавено кривично дело „семејно насилство“, бил лишен од слобода Р.М.С.(44). Тој, во алкололизирана состојба, физички ја нападнал неговата сопруга. Р.С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
 
На 10.07.2020 во 20.20 часот во Полициската станица Аеродром Р.Ѓ.(70) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник. 
 
На 10.07.2020 во 11.00 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Валандово, во близина на место викано ,,Војните“, патничко возило „југо“, без регистарски ознаки, управувано од Н.К.(52) од с.Казандол, излетало од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом Валандово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Валандово.           
На 10.07.2020 во 12.45 часот во Полициската станица Ресен, С.С. од Скопје пријавил дека неговиот татко П.А.(78) од Скопје, паднал од скала и се повредил. Тој бил пренесен во ЈЗУ Ресен, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и од извршениот разговор со сопругата на починатиот било утврдено дека П.А., додека извршувал активности во дворот од викенд куќата во туристичката населба Претор, каде што престојувале заедно, паднал по скалите во дворот и се повредил. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
 
 На 11.07.2020 во 01.20 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 00.40 часот во Пробиштип, од правец на кружниот тек се слушала гласна музика, а биле слушнати и истрели од огнено оружје. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.
                                    
На 11.07.2020 во 05.50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Хо Ши Мин“, настанал пожар во куќа сопственост на Е.Х.(56). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Според пријавеното, од пожарот со помали изгореници се здобил сопственикот, кој бил во куќата заедно со неговата сопруга, додека се обидувал да го изгасне огнот. Од пожарот зафатена била и кровната конструкција на соседната куќа, сопственост на С.Б. Ќе се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје.


На 10.07.2020 во 14.00 часот било пријавено дека во Куманово, на место викано „Врело“, од патрола на Црвен крст бил пронајден починат M.Л.(22) од Пакистан. Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребална служба за понатамошна постапка.


На 10.07.2020 во 22.30 часот И.Д.(57) од Скопје пријавил дека околу 20.10 часот на бул.„Александар Македонски“ бил физички нападнат од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.


На 10.07.2020 во 12.05 часот А.С.(51) од Скопје пријавил дека околу 07.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, пред Клиниката за психијатрија, бил физички нападнат од Д.М.(33) од Скопје. Сочинет е записник за константиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.


На 10.07.2020 во 14.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари С.М.(50) пријавила дека нејзиниот син О.М.(24), кој на 09.07.2020 го пријавила дека се оддалечил од домот, бил пронајден во нас. Автокоманда.


На 11.07.2020 год. во 01.40 часот во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено на 10.07.2020 околу 21.30 часот во авто-кампот „Градиште“. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно бил пријавен во полиција од Д.Б.(38) за загрозување на сигурноста и од Ф.Г.(40) за оштетување на возилото, физички го нападнал Ф.Г., а потоа со остар предмет ја повредил М.Т., по што со дрвена палка ги нападнал Г.Т. и Ѓ.К., сите од Скопје. Тие се здобиле со телесни повреди, а напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 10.07.2020 во 19.50 часот во Полициската станица Кочани С.П.(27) од Штип пријавил дека во Кочани, на ул.,,Тодосија Паунов“, додека се движел со возило заедно со Д.Ј. и С.Ј., патот им го попречило товарно возило-шлеп служба, од кое излегол Р.Н. од Кочани и физички го нападнал. По кратко време, според пријавеното, Р.Н. повторно го нападнал С.П. со камен, при што му нанел телесни повреди нему, на Д.Ј. и на С.Ј.. На тројцата им била укажана лекарска помош во Општата болница Кочани. Се работи на расчистување на случајот.


На 10.07.2020 во 21.50 часот било пријавено дека во с.Калуѓерица, радовишко, М.Т. од с.Калуѓерица, управувајќи трактор со приколка, која била натоварена со дрва, излетал од коловозот. М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Радовиш, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.


На 10.07.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Неготино А.А.(21) од с.Криволак пријавил дека во с.Криволак бил физички нападнат од С.Т.(31) од истото село. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 10.07.2020 во 20.10 часот во Полициската станица Кавадарци Р.Д.(57) од Кавадарци пријавил дека околу 14.00 часот во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од М.Д. Се работи на расчистување на случајот. 


На 10.07.2020 во 19.00 часот К.В.(42) од Велес пријавила дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес нејзиниот седумгодишен син бил физички нападнат од М.Ѓ. Се работи на расчистување на случајот.


На 10.07.2020 во 22.15 часот Д.Р.(43) од Тетово пријавил дека во Тетово, на ул.„Благоја Тоска“, додека неговиот малолетен внук заедно со другарите си играле пред зграда, С.Е.(61) од Тетово почнал да трча по нив, држејќи во раката нож. Тој бил приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.