Извадок на дел од дневни настани 26.06.2020

 
На 25.06.2020 во 14,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на средно Водно на патот за Нерези, ги лишиле од слобода М.Ј.(32) и Д.Ј.(37) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 25.06.2020 во 22,20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк, го лишиле од слобода М.М.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 25.06.2020 во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Јане Сандански“, ги лишиле од слобода А.Н.(34) и А.П.(44) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
                                         
На 25.06.2020 во 15,40 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко моторно возило „Фоклсваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрило во пешакот Џ.И.(35) од с.Слатино. Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
 
 
На 25.06.2020 во 13,30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат с.Јелошник-с.Глоѓи, на место викано „Црвеница“ атар на с.Глоѓи, Љ.С.(53) од с.Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.
 
На 25.06.2020 во 11,00 часот во Полициската станица Центар С.Д.(71) од Скопје, пријавил дека на Кеј“13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник.
           
Во текот 25.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се едно возило бидејќи било нерегистрирано, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи бидејќи поминале на црвено светло, еден возач поради недавање на првенство на минување на пешаци, еден пешак поради сторен прекршок и 49 возила се подигнати со специјално возило „пајак".
 
  
На 25.06.2020 во 15,00 часот во Пoлициската станица Карпош, Љ.П.(63)  од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот на ул.“Љубљанска“ пред трговски центар бил физички нападнат од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.
             
На 25.06.2020 во СВР Битола било пријавено дека околу 07,30 часот на улицата „Шар планина“ во Битола, во куќа сопственост на В.М. од Австралија, а моментално живее Е.Ѓ.(18) и нејзината баба Л.Ѓ.(68), едно лице извршило разбојничка кражба. Според пријавеното, сторителот влегол низ незаклучената врата во куќата и во една од собите бил затекнат од Л.Ѓ. Притоа, сторителот ја турнал и избегал. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
На 24.06.2020 околу 21,40 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода О.Р.(20) од Гостивар и О.Р.(29) и Б.А.(22) од гостиварско Чегране. При нивен и преглед на возило „мазда“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден бил кокаин. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.06.2020 околу 13,30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода З.С.(39) и Д.М.(45) од тетовско Фалише поради постоење основи на сомнение за нивна инволвираност во незаконит лов во атарот на тетовско Ново Село. Од Д.М. одземена била и ловечка пушка. Извршен бил увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 25.06.2020 околу 14,00 часот пред  банка на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода С.И.(42) од Штип затоа што се обидел физички да нападне полициски службеник и го попречувал во извршување службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 26.06.2020 во 02,00 часот во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип  пријавила дека околу 01,00 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа. Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 25.06.2020 година околу 11,00 часот, кај месноста „Мелнички мост“ на брегот на Дебарското езеро, во извршување на казненото дело „незаконит риболов“, затекнати билеС.К.(70) од Скопје и И.Ц.(67) од Дебар. Притоа, полициските службеници во нивниот чамец пронашле една рибарска мрежа во должина од десет метри и пет парчиња уловена риба. Предметите се одземени а против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 26.06.2020 во 00,20 часот во Полициска станица Центар, Ф.И. од Скопје, пријавил дека на 25.06.2020 околу 23,40  часот на  ул.„Аминта Трети“ и Кеј „13-ти Ноември“, во близина на „Скејт парк“ во Скопје, непознато лице со закана со нож извршило разбојништво над неговиот 17 годишен син, при што му го одзел велосипедот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.06.2020 околу 22.00 часот на влезот- жичарница „Водно“, И.Б. додека извршувал работни обврски како обезбедување, забележал како пет лица го симнале од јарболот државното знаме и заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.06.2020 во 23,55 часот во СВР Скопје, М.А.(39) од Скопје пријавил дека околу 23,35 часот пред неговиот дом на ул.„Дижонска“ физички бил нападнат од три лица, кои му впериле и пиштол и му упатиле закани по неговиот живот и животот на неговиот брат, по што испукале куршуми во воздух и го напуштиле местото на настанот. По извршен увид на местото на настанот од полициски службеници биле пронајдени две чаури од пиштолска муниција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.06.2020 во 23,10 во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ било донесено повредено двегодишно дете од с.Сарај,скопско, кое, според пријавеното, било повредено така што додека неговиот татко Б.М(29) од с.Сарај се обидувал да го паркира возилото „мерцедес“ во дворот, движејќи се наназад без да го забележи го прегазил двегодишното дете. Од доктор била констатирана смрт. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција на Судска медицина.
 
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(33) и Ј.П.(24), двајцата од охридското село Пештани. На  04.02.2020 во 18,00 часот, во близина на селото, полициски службеници ги забележале пријавените при излегување од водите на Охридското езеро, а во нивниот чамец, пронашле рибарски мрежи и 52 парчиња риба пастрмка во вкупна тежина од 29 килограми.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(29) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“. На 10.05.2020 во Крива Паланка, на улицата „Орце Николов“, по претходна расправија во врска со разминување со патнички возила, пријавениот физички го нападнал С.М.(46) и му нанел тешка телесна повреда.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Н.П.(18) и 17 годишник, двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела, од кои седум “тешки кражби“ и една “тешка кражба во обид“. Во периодот од 04.04. до 07.05.2020, на различни локации на подрачјето од Штип, пријавените вршеле тешки кражби во патнички возила, при што им одземале паричници, лаптопови, парфеми, облека и други предмети, со што причиниле вкупна материјална штета од околу 220,000 денари.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А.(51) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.12.2019 во Велес на ул.„8-ма Велешка бригада“, од полициски службеници пријавениот бил забележан како во своето возило врши недозволена трговија на хероин, по што на улицата „Благој Ѓорев“, бил сопрен со возилото и при извршен преглед биле пронајдени и одземени пари и хероин.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Л.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.05.2020 во Куманово, на улицата „Цар Самоил“, од полициски службеници при извршен личен преглед над пријавениот, а потоа и извршен претрес во неговиот дом и други простории, била пронајдена и одземена марихуана.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(58) и М.А.(26), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.07.2019 во Тетово, на улицата „Илинденска’’, од полициски службеници при извршен претрес во домот и помошните простории, сопственост на второпријавениот, а каде бил присутен и првопријавениот, пронајдена била и одземена марихуана.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.В.(21) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.09.2019 во Тетово, на улицата „Кузман Јосифоски Питу’’ од страна на полициски службеници при извршен личен преглед над пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
 
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(25) од село Горно Јаболчиште, Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.01.2020 во с.Бањица, од полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „Фолсваген шаран“ пронајдена била ловна пушка „ТОЗ“  калибар 16, за која пријавениот изјавил дека била негова, по што било утврдено дека пушката била во сопственост на неговиот починат татко, а пријавениот ја носел со себе без да се стекне со соодветна дозвола.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Е.(65) од село Глоѓи, Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “малтретирање во вршење на службата“. На 24.12.2019 во село Слатино-тетовско, во основно училиште пријавениот во својство на наставник, за време на наставата, физички нападнал ученик, при што му нанел телесни повреди.
 
ОВР Виница поднесе три кривични пријави против Д.К.(32) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела “измама“. Во  периодот од март 2017 до април 2017, пријавениот преку интернет оглас „работа во Германија“ објавен на интернет страна довел во заблуда три лица од Виница, на тој начин што лажно се преставувал себеси и нудејќи посредување за вработување  во Германија, ги навел оштетените во неколку наврати на негова трансакциона сметка да извршат уплата на парични сретства, во вкупен износ од 156,920 денари.
 
СВР Куманово поднесе две кривични пријави против И.Ш.(42) од село Слупчане, Липково и М.П.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 06 и 07.06.2020, пријавените биле затекнати надвор од своите домови, со што постапиле спротивно на здравствените прописи и мерка за забрана на движење која е воведена со цел за спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
 
СВР Тетово поднесе две кривични пријави против Х.А.(59) и Х.А.(48), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 11 и 16.06.2020 пријавените во својство на сопственици на угостителски објекти, постапиле спротивно на здравствените прописи и мерките за спречување на ширење на заразната болест Ковод-19, за што при извршена контрола од полициски службеници констатирано било дека објектите биле отворени за прием на гости спротивно на донесените Протоколи од Владата.
 
ОВР Кочани поднесе осум кривични пријави против Н.П.(18) и 17 годишник двајцата од Кочани, поради основано сомнение дека сториле осум кривични дела “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во периодот од 04.04. до 07.05.2020, пријавените биле затекнати надвор од своите домови, со што постапиле спротивно на здравствените прописи и мерка за забрана на движење која е воведена со цел за спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.