Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 18.06.2020

На 17.06.2020 во 23,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, го лишиле од слобода Л.Ј.(25) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 17.06.2020 во 12,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Гоце Делчев“, лишиле од слобода 16 годишна малолетничка затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 17.06.2020 во 11,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Бледски договор“, го лишиле од слобода К.С.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 17.06.2020 во 15,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Анри Барбис“, лишиле од слобода 17 годишен малолетник затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 17.06.2020 во 12,27 часот на крстосница од патот Битола-Прилеп и Битола-Демир Хисар, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К.(26) од с.Радишани-скопско, и мопед „Томос“ со битолски регистарски ознаки управуван од Д.Б.(77) од Битола. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Битола.
 
На 17.06.2020 во 15,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква мопед марка „Томос АПН 6“ со штипски регистарски ознаки управуван од Љ.Г.(54) с.Лешки-кочанско паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
 
На 17.06.2020 во 17,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар –с.Чегране се случила сообраќајна незгода помеѓу “Голф“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од Н.М.(62) од с.Чајле-гостиварско и мопед “Јиајуе“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од Т.Љ.(79) од с.Чајле-гостиварско. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
 
На 17.06.2020 во 16,30 часот во Полициската станица Центар В.Ш.(50) од Скопје, пријавила дека на Кеј “13-ти Ноември“ била касната од куче скитник.
           
 
На 17.06.2020 во 19,30 часот во Полициската станица Чаир Д.З.(41) од Скопје, пријавила дека на ул.“Радишанска“ била касната од куче скитник.
 
На 17.06.2020 околу 23,45 во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Соборен Храм на бул.„Партизански Одреди“ настанал пожар при што било опожарено паркирано патничко моторно возило„југо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.А.(84) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа на СВР Скопје во текот на денешниот ден.
 
На 17.06.2020 околу 13,30 часот на ул.Апостол Гусларот во Скопје полициски службеници СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје бидејќи при обид за легитимирање поради сторен прекршок физички нападнал полициски службеник. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Н.М.(47) од с.Слупчане, Општина Липково, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „предизвикување општа опасност“ казниво по член 288 став 1 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик. На 18.05.2020 околу 19,30 часот во с.Слупчане, Општина Липково пријавениот, по претходна расправија со С.И. од огнено оружје испукал еден куршум.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка до Основното јавно обвинителство Крива Пaланка поднесе кривична пријава против П.Ц.(22) од Крива Паланка поради основно сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“ казниво по член 216 став 1 од Кривичниот законик. На 15.05.2020 пријавениот во близина на објект викан „Тораничка зграда“ во место викано „Осичка Маала“ по претходен договор со Д.И.(24) му дал марихуана.
 
Во текот на 17.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се едно возило бидејќи било нерегистрирано, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи бидејќи поминале на црвено светло и 42 возила се подигнати со специјално возило „пајак".
 На 18.06.2020 во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.“Гостиварска“ на подрачјето на Ѓорче Петров ја лишиле од слобода Б.П.(65) од Скопје бидејќи се барала по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела “измами“ и “даночно затајување“. Потоа била спроведена во Казнено поправната установа Затвор Идризово на издржување на казната затвор.
 
На 18.06.2020 во 04,55 часот во Полициска станица Центар, Н.Н.(68) и С.Н.(63), двете од Скопје, пријавиле дека три непознати лица насилно влегле во куќа нивна сопственост на ул.„Партение Зографски“, физички ги нападнале и со закана од нож им извршиле разбојништво при што им одзеле паричник со документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 17.06.2020 во 14,10 часот во СВР Скопје, А.М.(27) од Скопје пријавил дека околу 13,30 часот во близина на сендвичара на ул„376“ непознато лице физички го нападнал и му одзел мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 18.06.2020 околу 03,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека непознато лице фрлило запалива течност врз куќа на ул.„Борка Талевски“ во Скопје сопственост на П.П.(70) од Скопје, и настанал пожар на предниот ѕид од пиљара која се наоѓа во склоп на куќата сопственост на Н.К.(43) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 17.06.2020 во 22,10 часот на ул.„Партизанска“ полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го лишиле од слобода М.Ѓ.(51) од Свети Николе, кој бил во алохолизирана состојба, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој, според пријавеното, во помошна просторија од куќа на ул.„Партизанска“ во негова сопственост запалил оган при што опожарена била кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Свети Николе. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициска станица Свети Николе.
 
На 18.06.2020 околу 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“ во барака, сопственост на М.А.(49) од Скопје настанал пожар при што бараката била целосно опожарена. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 17.06.2020 во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 16.20 часот во фабрика во Пробиштип Г.Д. и В.К. при работа се здобиле со повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип, а по укажаната помош биле препратени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Пробиштип.
 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(31) од с.Лешани-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. На 22.05.2020 на ул.„Партизанска“ додека оштетениот И.Н. (20) од Охрид, се движел со патничко возило, пријавениот го следел и при тоа со рака му покажал да застане. Откако оштетениот застанал, пријавениот излегол од своето возило и преку отворениот прозорец на возилото му се заканувал со нож во рака, и со употреба на физичка сила му ги одзел наочарите и парите кои ги имал со себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 15.000 денари. Неколку часа по кривично правниот настан пријавениот му се јавил на оштетениот упатувајќи закани по неговиот живот доколку настанот го пријави во полициска станица.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“. На 29.04.2020 на ул.„Полог’’ во Тетово, во локал сопственост на оштетениот П.Б.(34) од Тетово, забележал дека имало велосипед, по што со подесен предмет ја отворил влезната изложна врата од локалот и одзел велосипед, по што го напуштил местото на настанот. Причинета била материјална штета во износ од околу 120.000 денари. По преземени мерки од полициски службеници пронајден бил велосипедот и вратен на оштетениот.
 
Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против    Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“. На 10.06.2020 околу 05,40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија –Скопје, било забележано товарно возило „ман“ со бугарски национални ознаки и приклучно возило, како се движело со голема брзина. Потоа мото-патролата се упатила кон товарното возило со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал. При преглед над товарното возило биле пронајдени 142 мигранти и биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
 
Надворешната Канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.Г.(26) од Зрновци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 19.05.2019 во близина на кафе бар во Зрновци, пријавениот продал марихуана.
                                   
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело “фалсификување исправа“. Пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист во 2015, откако купил моторно возило „Фиат Пунто“ со швајцарски национални ознаки, изготвил „купопродажен договор“ со невистинита содржина односно лажно ставил печат од правното лице регистрирано во Швајцарија и лажен датум на извршената купопродажба, од причина што моторното возило не ги исполнувало ЕКО 4 стандардите за регистрација во Р. Северна Македонија, па со таквиот „купопродажен договор“ го однел возилото на царинскиот терминал на Царинска испостава Скопје 1. По ова договорот го употребил како вистински во правниот сообраќај во неколку наврати, во постапка за царинење каде му била изадена царинска декларација, во постапка за издавање потврда за отварање на постапка за идентификација на истото пред Министерството за економија - Биро за метрологија, во прилог на барање за единечно одобрување на возило доставено до правно лице од Скопје врз основа на кои му била издадена согласност за регистрација. Откако склучил нотарски акт – договор за купорподажба на моторното возило кај нотар од Куманово и со превод од германски на македонски јазик заедно со согласност за регистрација,  царинска декларација, сите со невистинита содржина, му ги дал на купувачот М.С. од Старо Нагоричане, кој ги употребил како доказ во прилог на барањето за регистрација и му била издадена сообраќајна дозвола на кумановски регистерски ознаки.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против И.Ј. (50) од  с.Ростуше - Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“. Во временскиот период од 20.12.2019 до 17.03.2020 на ул.„250“ во Гостивар, во населбата ,,7 ма зона“, пријавениот на улица ги испуштал фекалиите од одводната цевка од станбена зграда која била во негова сопственост и на тој начин го загрозил здравјето на жителите кои живееле во непосредна близина на неговата зграда.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Г.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавената од 11.06.2020 до 13.06.2020 во повеќе наврати го напуштила домот каде требало да биде под здравствен надзор и домашна изолација за кое и било издадено решение од ДСЗИ, ПЕ Кочани.  На 13.06.2020 на ул,,Т.Паунов“ била затекната во возило „пасат“ и при прегледот кај неа била пронајдена бела прашкаста материја и три куршуми-малокалибарска муниција. Таа била под дејство на алкохол и лишена била од слобода по што била однесена во домот на нејзината тетка каде била обезбедувана од полициски службеници од Полициската станица Кочани се до нејзиното сместување во задолжителен државен карантин.
 
СВР Куманово, СВР Битола, СВР Штип и СВР Скопје поднесоа 15 кривични пријави против: Ш.А.(25) од Куманово, Р.А.(41) од с.Црнилиште–битолско, И.М.(53), М.Б.(26), Ф.Н.(24), од Прилеп, М.К.(32) од с.Десово–прилепско, Ф.Х.(21) од Свети Николе, Р.К.(43) од с.Будинарци-беровско, М.Ц.(41), Д.В.(36) од Делчево, Д.С.(23), В.Т.(65) од Крива Паланка, Д.Н.(23), А.К.(24) од Кратово, Е.С.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.