Извадок на дел од дневни настани 22.05.2020

 На 21 .05.2020 во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(21) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 20.05.2020 во 21.30 часот во Тетово, за време на забрана за движење, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Е.(56) од с.Теарце, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 21.05.2020 околу 15.00 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес.

 

На 21.05.2020 во 09.00 часот на регионалниот пат Неготино - Демир Капија, во близина на место викано „Острово“, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.

 

На 21.05.2020 во 18.00 часот на локален пат с.Сарај - с.Арнакија,скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.А.(31) и Љ.Ф.(29), двајцата од Тетово, при што кај М.А. бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 21.05.2020 во 15.00 часот на клучка „Бутел“, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Д.(26) од Скопје бидејќи кај него бил пронајден нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 21.05.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, М.С.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.

 

На 21.05.2020 во 11.00 часот во Полициска станица Чаир, З.А.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Боца Иванова“ неговиот 5 годишен син бил каснат од куче скитник.

 

Во текот на 21.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкциониранo е едно возило бидејќи било нерегистрирано и 20 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

На 21.05.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Тетово, Р.Ј.(36) од село Селце, тетовско, пријавил дека околу 17.20 часот, додека се движел по улица „Маршал Тито“ со неговото патничко возило „сеат толедо“ со тетовски регистарски ознаки, во неговото возило удрило патничко возило „голф 7“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознато лице. Според пријавеното, лицето излегло од возилото и кога Р.Ј. му кажал да се договорат за незгодата, лицето физички го нападнало, по што заминало со возилото. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 21.05.2020 во 17.45 часот во СВР Скопје, Н.Р.(45) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот неговиот син Р.Р.(17) на ул.„Скупи“ бил нападнат со тврд предмет од И.Н. од с.Чифлик, скопско, по што го скршил и ветробранското стакло на неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

 

На 21.05.2020 во СВР Охрид, И.Ф.(36) од Охрид пријавил дека на 19.05.2020 на булевар „Туристичка“ во Охрид, додека изведувал градежни работи, бил физички нападнат од сопственик на угостителски објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 22.05.2020 околу 08.00 часот од страна на случаен минувач пријавено е дека во река Вардар, поточно во близина на пешачкиот мост кај болница Систина, забележал возило „поло“. На лице место излегле екипи на ПС Карпош и Единицата за специјални задачи и возилото, сопственост на приватна фирма од Скопје, во 11.10 часот било извадено од реката. Се работи на расчистување на случајот.  

 

На 21.05.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, Б.Д.(46) од Скопје пријавил дека во 18.45 часот на паркинг на ул.„Аминта Трети“, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Л.Л.(35) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

На 21.05.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(39) од Скопје пријавила дека во салон за убавина во нејзина сопственост на бул.„Видое Смилевски Бато“ била физички нападната од К.Д.(42) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

На 21.05.2020 во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(45) од Скопје пријавил дека во 15.30 часот во продавница на бул.„Јане Сандански“ бил физички нападнат од Д.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 21.05.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, В.Т.(36) од Скопје пријавила дека околу 10.45 часот на бул.„Илинден“, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.05.2020 во 11.25 часот во зградата на Полициската станица Кочани, во просторијата за врски, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната пшротивпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид бил извршен. 

 

На 21.05.2020 во 13.30 часот во СВР Велес, Ш.Ш.(41) од Велес пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син М.Ш.(18). Се работи на пронаоѓање на лицето.  

 

На 21.05.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Карпош, воспитувач во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение пријавила дека нивната штитеничка М.С.(17) од Скопје се оддалечила од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

СВР Штип поднесе 14 кривични пријави против А.М.(73) од Кочани, В.П.(29), А.А.(36), С.В.(49), тројцата од с.Будинарци, Берово, П.И.(46), А.Г.(32), В.А.(34), тројцата од с.Дорфулија, Лозово, Б.Н.(53), Г.С.(46), Т.Т.(49), Л.Т.(34), сите четири од с.Каратманово, Лозово, И.Ј.(23), Б.М.(24), И.С.(22), тројцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.