Извадок на дел од дневни настани 02.04.2020

 
На 01.04.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Ц.(21) од с.Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32) од с.Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Б.(49) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило И.Б.(53), од с.Заграчани, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга. 
 
На 01.04.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар, при извршен преглед кај Е.А.(31) од Скопје, пронашле нож на расклопување и радио станица. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 
 
На 01.04.2020 во 17.30 часот во Клиничката болница Тетово бил донесен повреден Б.Ј.(26) од с.Буковиќ, скопско, кој спред пријавеното, се самоповредил во пределот на ногата со пиштол што го поседувал без дозвола. Се работи на расчистување на случајот.
           
На 01.04.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром С.К.(44) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
  
На 01.04.2020 година во 15.50 часот на ул.Гарсија Лорка во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Џ.(20) од Скопје, бидејќи во 09.30 часот, во близина на игралиште на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во Скопје, со закана со нож му одземал мобилен телефон на Н.Ј.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 01.04.2020 во 22.40 часот во Полициска станица Куманово, вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С.С.(30) од с.Ропаљце – Липково и М.М.(25) од Куманово, пo што С.С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 01.04.2020 околу 08.30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во куќа во с.Бело поле, сопственост на Т.М., а користена од А.М., настанал пожар при што биле опожарени приземјето и катот. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.
 
На 02.04.2020 во 05.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во семејна куќа на ул.„Петар Михов“ во Велес бил пронајден починат Т.К.(40), без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
 
На 01.04.2020 во 12.45 часот на регионалниот пат Маврови анови - Дебар, полициски службеник, управувајќи патничко возило „ландровер“, сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.          По незгодата двајцата полициски службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде на едниот му се констатирани тешки  телесни повреди, а на другиот телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициска станица Гостивар.
 
На 01.04.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, К.Г.(25) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на ул.„Ѓорче Петров“, по претходно недоразбирање околу сообраќајот,  бил нападнат со остар предмет од А.С.(37) од с.Сарај, скопско.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Б.(43) од с.Чајле, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 20.02.2020 во угостителски објект во с.Чајле пријавениот, по расправија со оштетениот М.Б.(49) од с.Чајле, го нападнал со тврд предмет.
 
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.И.(58) и Х.Л.(21), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 19.10.2017 во двор од куќа на ул.„Тоде Богданоски“ во Гостивар, сопственост на оштетениот А.С.(56), поради нерасчистени имотно-правни односи, пријавените започнале расправија со И.С., брат на оштетениот, а потоа се обиделе физички да го нападнат И.С., во  што биле спречени од А.С., по што првопријавениот му нанел повреда, додека второпријавениот со тврд предмет го повредил С.С., син на И.С.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(43) од Скопје, М.К.(35) од Тетово и М.А.(20) од с.Ново Село,тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“. На 27.11.2019 во домот на оштетениот Ј.Ј.(22) на ул.„Илинденска“ во Тетово пријавените поради меѓусебни нерасчистени имотно-правни односи физички го нападнале Ј.Ј., по што противправно го лишиле и чувале во возило, по што го ослободиле.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Л.(19) и Т.Л.(48), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 05.03.2020 на ул. „Илинденска“ во Гостивар, пријавените со патнички возила „пасат“ и „голф“, со бугарски национални ознаки, спречиле полициски службеник во вршење на службени дејствија и не почитувале наредба од полицискиот службеник.
 
ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.А.С.(23) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено по чл.206 од Кривичниот законик. Пријавената, на 31.03.2020 година во 16.14 часот на својот Фејсбук профил, објавила лажна вест дека е заразена со коронавирус и ги повикувала сите кои биле во контакт со неа да се тестираат за COVID 19, иако таа не била тестирана.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Д.(20) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 21.55 часот, во близина на фабрика во Кичево, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против  Б.К.(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2020 во 18.00 часот на ул.„8 Септември“ во Дебар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(44) од Скопје. По медицинскиот наод дека е позитивен, тој, непочитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(38) и В.Д.(36) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 21.30 часот, на регионален пат за с.Брвеница, тетовско, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.У.(27), Ј.С.(28) и Ф.С.(28) сите од с.Чајле, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 21.30 часот, на регионалниот пат с.Желино - Тетово, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 21.40 часот, на влез за с.Желино, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(34) и Р.К.(20) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 01.40 часот, на влез во Тетово, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И. (54) од с.Камењање и  М.Н. (25) од с.Долно Палчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 21.50 часот, на регионалниот пат Тетово – с.Волковија, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Г.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 21.15 часот, на наплатна рампа Желино, на автопатот Тетово- Скопје, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
           
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.А.(29) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.    На 24.03.2020 во 21.15 часот, на наплатна рампа Желино на автопатот Тетово – Скопје, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 22.20 часот на кружниот тек на ул.„В.С.Бато“ и ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(32) и Б.А.(35), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 23.20 часот, на регионалниот пат с.Брвеница – Тетово, во близина на Државниот универзитет –Тетово, пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против У.Р.(30) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 21.30 часот, пред бензинската пумпа на регионалниот пат Јажинце – Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 22.50 часот, на раскрсницата на ул.„В.С.Бато“ со ул.„ Браќа Миладинови“ во Тетово, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
                                                    
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Б.(36) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 21.10 часот на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Г.(32) од с.Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 21.10 часот на магистралниот пат Гостивар - Кичево, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(32) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 21.40 часот на ул.,,Илинденска“ во Гостивар, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против П.И.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 21.10 часот, на патот Гостивар - Кичево, пријавениот не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 11.50 часот, во угостителски објект на ул.„Благоја Тоска“, полициски службеници при извршена контрола констатирале дека објектот не бил затворен и биле затекнати повеќе лица, со што пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија.