Извадок на дел од дневни настани 30.03.2030

 
На 29.03.2019 во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ ја лишиле од слобода С.О.(27) од Битола, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 29.03.2020 во 10.50 часот во Полициската станица Карпош, Ф.С.(41) од Скопје пријавил дека неговиот син Е.А.(14), кој на 28.03.2020 го имал пријавено дека се оддалечил од домот, се вратил дома.            
 
На 29.03.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, П.Д.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Јуриј Гаргарин“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
           
На 29.03.2020 во 16.30 часот полициски службеници од Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј. (24) од Радовиш, за кого била распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица. Во 20.00 часот лицето е предадено во струмичкиот затвор.
 
На 29.03.2020 во 14.30 часот во Полициската станица Чаир И.П.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Радишанска“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
           
  
На 29.03.2020 во 22.30 часот во ОВР Прилеп, Р.Р.(45) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом на ул.„Дебарца“ во Прилеп, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и неговиот син И.Р., од една страна, и И.В. и Е.Н., од друга страна, со кои пријавителот се познавал, по  што во еден момент И.В. извадил пиштол и испукал во воздух. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 29.03.2020 околу 18.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода Н.И.(39) и нејзините две ќерки, затоа што при извршен претрес во нивниот дом во Тетово, пронајден е кокаин. Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следува поднесок.
 
На 29.03.2020 во 00.40 часот во СВР Битола, М.П.(65) од Битола пријавил дека на 28.03.2020 околу 23.00 часот во с.Лера, битолско, настанал пожар во помошен објект во негова сопственост. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Г.(58) од с.Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „тешка телесна повреда“. На 12.02.2020 на Граничен премин „Делчево“, Д.Р.(47) од Берово, вработен во Државен инспекторат за транспорт, додека вршел редовна контрола на патничко возило „комби”, со бугарски национални ознаки, управувано од пријавениот, истиот започнал расправија, а потоа физички го нападнал Д.Р., нанесувајќи му тешка телесна повреда.
 
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против В.С.(54) од с.Град, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 17.03.2020 во 12.00 часот, кај место викано „Kаменолом“, во атар на с.Град, пријавениот не почитувал наредби на полициски службеници и физички ги нападнал.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривични пријави против Д.Ј.(32) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.10.2017 на ул.„Дешка Тошева“, во домот на пријавениот, полициски службеници при извршен претрес понашле и одзеле марихуана, пиштол марка „екол“ кал.9мм, куршум кал.7,65мм и куршум кал.9мм.
 
Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против О.П.(41) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. На 16.01.2017 во Централниот регистар на Р.С.Македонија, пријавениот основал и регистрирал фирма за градежништво, проектирање и услуги од Прилеп, со дејност „Изградба на станбени и нестанбени згради“. Со намера да ја избегне обврската за плаќање на даночни обврски кон Управата за јавни приходи на Р.С.Македонија (данок на додадена вредност-ДДВ и персонален данок на доход-ПДД), во периодот од 01.01.2018 до 31.01.2018 остварил приход од промет на услуги во висина од 4.666.450 денари, кој не го евидентирал во сметководствените евиденции на фирмата, ниту во даночните пријави за 2018. На ваков начин пријавениот ја одбегнал законската обврска да го евидентира, пријави и плати ДДВ во износ од 839.961 денари и ПДД  во износ од 382.648 денари, со што го оштетил буџетот на УЈП на РСМ во вкупен износ од 1.222.609 денари. Во  текот на 2018 пријавениот склучил два договори за градба и уште шест усни договори за градежни работи, за кои средствата од паричниот надомест за извршената услуга кај еден договор се уплатени на трансакциска сметка на пријавениот, а не на трансакциската сметка на правното лице. За останатите извршени услуги за градежни работи, на основа на усен договор, наплатата ја вршел во готово, на рака, односно не ги евидентирал како приход уплатен на сметката на правниот субјект. Фирмата била регистрирана како тромесечен даночен обврзник и пријавениот преку овластен сметководител изготвувал и поднесувал до УЈП на РСМ  даночни пријави за ДДВ.
 
На 29.03.2020 во 09.50 часот во СВР Скопје, Ф.М.(39) од Скопје пријавила дека од нејзиниот дом во Скопје се оддалечила С.М.(16) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против М.Т.(44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.
 
Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.К. (23) од с.Подареш, Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.
 
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(43) и П.Ј.(19), двајцата од с.Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките за самоизолација.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Ј.Б.(32) од Струмица и Л.Ч(35) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21.05 часот, на место викано „Марвинска клучка“ кај с.Марвинци, полициски службеници контролирале патничко возило „бмв“, управувано од Ј.Б. и сопатник Л.Ч., при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Р.(32) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21.45 часот, на место викано „Марвинска клучка“ кај с.Марвинци, полициски службеници контролирале патничко возило „бмв“, со бугарски национални ознаки, управувано од Р.Р. и сопатник Р.А., при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против В.Г.(39) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.Т.(53) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против С.М.(52) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба, издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(36) од с.Мрзенци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против В.В.(57) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21.35 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
На 29.03.2020 околу 13.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, М.А.(33) од Скопје пријавила дека од камп за бездомници Чичино село - Сарај, се оддалечиле нејзините деца С.М.(15) и С.И.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
 
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.В.(59) од с.Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.50 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против С.П.(30) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.45 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Т.(23) и М.Т.(21) двајцата од с.Ораовица, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.П.(35) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 02.45 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Д.(34), од с.Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На  25.03.2020 во 21.20 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Д.(44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.10 часот, на ул.„8 Септември“, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Н.(27) од с.Бучим, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 22.40 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Н.(54) од с.Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.В.(39) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе четири кривични пријави против В.А.(49), Т.С.(27), А.С.(25) и Н.М.(21), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020, кај каменолом на регионалниот пат с.Свидовица - с.Куклиш, полициски службеници констатирале дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против  Ј.Д.(30) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 01.10 часот кај Градска порта, на влезот на Неготино, полициски службеници го сопреле пријавениот кој управувал патничко возило „цитроен“, во кое сопатник бил 15- годишник од Кавадарци, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против В.В.(60) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 02.50 часот, полициски службеници на контролен пункт во Градско констатирале дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.
 
Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Т.Н.(20) од Велес, поради постоење основи на соменение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.25 часот, кај касарната на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, при што не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Н.А.(39) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.10 часот, во близина на угостителски објект на ул. „8 Септември“, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против О.М.(22) од Градско и И.М.(25) од с.Уланци, Градско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 00.40 часот, во близина на винарија во Градско, полициски службеници констатирале дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.И.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи по ул.„Илинденска“ во Битола, односно не постапил и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.Д.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 02.30 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи кон бензинска пумпа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп, без соодветна дозвола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 00.50 часот, на ул.„Мице Козар“ во Прилеп пријавениот, без дозвола за движење се движел кон бензиска пумпа, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.
 
Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.05 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот, без дозвола за движење, кај бензинска пумпа на патот Прилеп – Битола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.