Извадок на дел од дневни настани 26.03.2020

 
 
На 25.03.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје над клучка „Стопански двор“ го лишиле од слобода Г.Ц.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 25.03.2020 во 19.50 часот во Полициската станица Прилеп, З.Б.(52) од Прилеп пријавил дека на ул.„Задарска“ во Прилеп било опожарено неговото патничко возило „шевролет“ со прилепски регистарски ознаки. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.
 
   
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.Р.(54) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.09.2017 на ул.„Фердо Росомански“ во Кавадарци пријaвениот, при дадена наредба од полициски службеници да застане, го напуштил местото на настанот, фрлајќи пакување со марихуана.
 
На 25.03.2020 околу 11.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле У.Р.(33) и М.К.(34) од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето и не поседувале лични документи за идентификација. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
 
На 25.03.2020 околу 23.20 часот, на магистралниот пат Кичево - Гостивар, на Здуњска крстосница, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.Г.(31), од скопско Кондово, затоа што при негов и преглед на возилото „порше“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајден е кокаин. А.Г. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против Т.Н.(47) од с.Град, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 во 12.30 часот во с.Град, при проверка од полициски службеници, пријавениот не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривични пријави против И.Д.(32) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020, при проверка од полициски службеници, И.Д. не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство.
 
Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривични пријави против Б.В.(42) од Кочани, Е.Б.(29) од Тетово, В.М.(23) од Кочани и А.Г.(27) од СР.Германија, со живеалиште во Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 околу 22.15 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против В.С.(33) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.20 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, го напуштил својот дом и со патничко возило „голф“ се движел од ул.„Септемвриска“ кон ул.„8 Септември“ во Свети Николе.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.05 часот, пријавената не се придржувала кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од страна на полициски службеници била лишена од слобода.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Т.(24) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.05 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од страна на полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(28) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22,00 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определениот временски интервал, поради што од страна на полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Н.(21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 година во 22.00 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.А. (25) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.00 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.С.(41) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.10 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.И.(34) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.10 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(32) од с.Уларци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.30 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
Одделението за внатрешни работи Берово поднесе кривична пријава против В.К.(27) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.35 часот, пријавениот не се придржувал кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола бил лишен од слобода.
 
Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) и Д.Г.(31), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.20 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.
 
Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Ж.М.(31), Б.А.(19) двајцата од с.Баница, струмичко, и Т.Н. (20) од с.Мојанци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 23.00 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.
Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.П.(22), Б.И.(22), А.Н.(19), А.Н.(22), С.Ѓ.(19), В.М.(23), В.А.(16) и еден 17-годишник, сите од Неготино, и В.Н.(26) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.00 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.
 
Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.А.(19) и еден 17-годишник, и двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 21.40 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.
Одделението за внатрешни работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.Т.(62) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.03.2020, при проверка од полициски службеници, пријавениот не е затекнат на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство.