Извадок на дел од дневни настани 24.03.2020

 
На 23.03.2020 во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „кимко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(26) од Скопје и патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(43) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 23.03.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Центар М.Р.(31) од Ресен, пријавила дека на кеј „Димитар Влахов“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.  
 
Во текот на 23.03.2020 на подрачјето на СВР Скопје од сообраќај е исклучен еден возач, затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило, а едно возило е подигнато со специјално возило „пајак".
 
На 23.03.2020 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром Б.У.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
 
  
На 24.03.2020 околу 09.40 часот во СВР Скопје М.В. пријавил дека на паркинг простор пред продажен објект во близина на трговски центар на бул.„Јане Сандански“, непознато лице со закана со пиштол му одзело вреќичка со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.                                      
 
На 23.03.2020 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом на ул.„Скупи“ во Скопје, околу 09.30 часот Е.Д.(18) од Велес го пронашла починато своето бебе. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.П.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.02.2020, во спортска обложувалница во близина на Соколански парк во Куманово, В.М. од Куманово бил нападнат со нож од пријавениот.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Љ.В.(33) од Куманово и непознато лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. На 18.02.2020 околу 20.45 часот, на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, додека пријавениот извршувал работни задачи како обезбедување на автомат клуб, во објектот дошле Г.Д. и С.С.,кои биле под дејство на алкохол и С.С. започнал да ги вознемирува присутните, по што пријавениот и непознатото лице физички го нападнале С.С., кој се здобил со тешка телесна повреда.
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против О.Д.(20) и О.Д.(23), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 11.03.2020, на место викано „Коштани“, во атар на Радовиш, додека вработени во Шумска полициска станица Радовиш извршувале работна задача за спречување на лица дрвокрадци, првопријавениот физички нападнал еден одшумските полициски службеници, а второпријавениот се обидел да побегне.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Е.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Скопје,  полициски службеници при преглед врз пријавениот пронашле и одзеле мешавина од марихуана и тутун.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, заедно со Регионален центар за гранични работи Исток Делчево поднесе кривична пријава против Е.А.(24) и М.И.(20), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 20.03.2020, на место викано „20-ти километар“ во Штип, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило - комбе, управувано одпрвопријавениот, каде како совозач била второпријавената, но возилото не сопрело, туку се упатило кон Свети Николе, по што на клучка кон с.Преод, излетале од коловозот. Пријавените биле лишени од слобода, а при извршен преглед во комбето биле пронајдени 25 лицамигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан.
 
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.О.(21), И.Ј.(23) и О.С.(23), тројцата од Р.Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 19.03.2020, на aвтопатот Демир Капија – Неготино, во непосредна близина на ТЕЦ „Неготино“, околу 13.30 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „сеат леон“, со штипски регистарски ознаки, управувано од A.O. удрило во оградата на автопатот. При извршената контрола на патниците во автомобилот биле пронајдени три лица мигранти од Р.Турција. Во непосредна близина биле затекнати и И.Ј. и О.С., со патничко возило „пежо 307“, со штипски регистарски ознаки, кои биле вклучени во криумчарењето на мигранти.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Г.И.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Скопје, полициски службеници при преглед врз пријавениот пронашле и одзеле мешавина од марихуана и тутун.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од с.Лисачани, кичевско, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020, во домот на пријавениот во с.Лисачани, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека С.Д. не се придржувал на изречените мерки за спроведување на задолжителна самоизолација од 14 дена, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) од с.Лисачани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020, во домот на пријавениот, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот не се придржувал на изречените мерки за спроведување на задолжителна самоизолација од 14 дена, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.М.(65) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба  издадена од Министерството за здравство на 19.03.2020, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.
 
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид  поднесе кривична пријава против Д.Т.(48) од Охрид, како и против Х.П.Т.(48) од Швајцарија, со привремено престојувалиште во Охрид. Тие не постапиле по мерката за самоизолација од 14 дена и не се придржувале според одредбите по писмената изјава за самоизолација, која што на 09.03.2020 своеволно ја потпишале на граничниот премин „Ќафасан“. При контрола извршена на 19.03.2020 година, полициските службеници утврдиле дека пријавената Д.Т. не се наоѓала во нејзиниот дом  во Охрид, додека пријавениот Х.П.Т. на 18.03.2020 година е забележан како управува патничко возило, по што бил сопрен на регионалниот пат Охрид-Струга. Со тоа, пријавените ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против З.М.(33) од с. Градец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020 З.М. го напуштил домот каде што требало да биде во самоизолација 14 дена, сметано од 07.03.2020 кога допатувал од Р.Италија на граничен премин ,,Табановце“, и не постапил согласно мерките на Владата на Р.С.Македонија за спречување од ширење на заразната болест коронавирус COVID 19.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(22), од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 21.40 часот бил сопрен од полициски службеници во близина на маркет на ул. „Страшо Пинџур’’ во Тетово и бил лишен од слобода.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.И.(26) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 21.20 часот бил сопрен од полициски службеници во близина на наплатна рампа во с.Желино, тетовско, на автопат Скопје-Тетово и бил лишен од слобода.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 22.30 часот бил сопрен од полициски службеници на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово и бил лишен од слобода.
 
На 23.03.2020 година во Полициската станица Велес   К.М.(27) од Велес пријавила дека во близина на ООУ„Св.Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник на левата потколеница.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.А.(33), од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 22.30 часот бил сопрен  од полициски службеници во близина на маркет на регионалниот пат Тетово-с.Брвеница и бил лишен од слобода.
 
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.(44), од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 23.05 часот бил  сопрен од полициски службеници на ул.„Илинденска“ во Гостивар  и бил лишен од слобода.
 
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(53) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 21.35 часот бил сопрен од полициски службеници на ул.„ Живко Брајкоски “ во Гостивар и бил лишен од слобода.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020 полициски службеници, при извршена контрола во домот на пријавениот, констатирале дека пријавениот не бил пронајден во својот дом, односно не ги почитувал мерките за самоизолација.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.А. (44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација, бидејќи не бил пронајден во својот дом.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Џ.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 полициски службеници, при извршена контрола во домот на пријавениот, констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација, бидејќи не бил пронајден во својот дом.