Извадок на дел од дневни настани 22.03.2020

 На 21.03.2020 во 20,20 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.“Палмиро Тољати“, го лишиле од слобода Д.М.(24) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 21.03.2020 во 16,00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Дељадровце-с.Мршевци А.Ј. од Скопје кој управувал мотоцикл “пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.С.(33) од Р.Србија, а со телесни повреди се здобил моторциклистот по што биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 21.03.2020 година во 11.20 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Ужичка“ патничко моторно возило “југо“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.С.(60) од Кичево, излетало надвор од коловоот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

На 21.03.2020 во 12,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш-Конче кај с.Дедино Л.К.(62) од с.Дедино управувајќи трактор излетал надвор од коловозот и удрил во потпорен ѕид од влез на куќа. Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

 

На 21.03.2020 во 19,20 часот во Полициската станица Центар Х.С.(46) од Скопје, пријавила дека на Кеј “13-ти Ноември“ била кастана од куче скитник во пределот на десната нога.

 На 20.03.2020 во 17,30 часот било пријавено дека на бул.“Партизански oдреди“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавен ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Е.С.(35) и Д.Д.(20), двете од Скопје. Сочинети се записници за константиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.          .
 

На 21.03.2020 во 17,30 часот М.М.(39) од Скопје пријавила дека на 20.03.2020 околу 16,30 часот на ул.“Александар Урдаревски“ нејзиниот 17 годишен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.03.2020 во 09,20 часот О.И.(67) од Скопје, пријавил дека на ул.“Народен фронт“ по претходна расправија бил физички нападнат од Б.М.(62) од Скопје. Сочинети се записници за констатирани прекршоци по чл. 6 и 12 од ЗППЈРМ.

                                          

На 21.03.2020 во 09,15 часот Љ.М.(57) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот во неговиот дом во Куманово бил физички нападнат од неговиот син Б.М.(31). Љ.М. бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

                                         

На 21.03.2020 во 14,30 часот во Полициската станица Демир Хисар, од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар било пријавено дека избувнал пожар во атар на село Прибилци во месноста викано “Кисела Вода“, при што биле опожарени 8,5 хектари сува трева и стрниште како и 1,5 хектари борова шума. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар пожарот бил изгаснат.

 

На 21.03.2020 во 12,20 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено настанал пожар во нива во село Железнец во месност викана “Јасики“. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар пожарот бил  изгаснат.

 

На 21.03.2020 во 09,00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека избувнал пожар во близина на село Говрлево. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје пожарот бил изгаснат.

 

На 21.03.2020 во 14,30 часот во атар на с.Отља-кумановско, во месноста викана „Краиште“, додека А.С.(70) од с.Отља, работел на санација на резервоар за вода што го користел за сопствени потреби, влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од одрон од земја и починал. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

 

На 21.03.2020 во 22,30 часот во СВР Штип Ш.О.(47) од Штип пријавила дека истиот ден од домот се оддалечила нејзината ќерка Џ.О.(17). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 21.03.2020 во 18,20 часотво СВР Штип Н.М.М.(31) од мал групен дом во Штип пријавила дека истиот ден од установата се одделичил нивен штитеник Г.А.(14) од Кавадарци. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

На 21.03.2020 во 17,40 часот било пријавено дека во Тетово на ул. “Страшо Пинџур“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Ф.Х.(34) од една страна и Ш.А.(56) и неговата сопруга Џ.А. од друга страна, сите од Тетово, при што биле употребени и тврди предмети. По целосното расчистување на настанот ќе следи соодветен поднесок.