Извадок на дел од дневни настани 12.02.2020

 
На 11.02.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Е.Х.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 11.02.2020 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лазар Личеноски“ го лишиле од слобода К.Т.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 11.02.2020 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Демир Трајко“ го лишиле од слобода М.М.(20) од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 11.02.2020 во 23.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Јужен булевар“ го лишиле од слобода П.М.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 11.02.2020 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Гвадалахара“  ги лишиле од слобода Е.С.(29), Ф.К.(34) и Е.Е.(31), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
 
Единицата за внатрешни работи - Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ш.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 24.11.2019  на паркинг простор  на бул.„Јуриј Гаргарин“ во Скопје, Ш.Д. со тврд предмет го скршил предното стакло од патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети и се стекнал со противправна имотна корист од околу 65.000 денари.  По преземени мерки било утврдено дека пријавениот е сторител на делото, а по извршен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното делото. 
 
На 11.02.2020 во 23.45 часот на автопатот Демир Капија - Неготино од слобода бил лишен С.З.(43) од Р.Србија, кој управувал товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, затоа што при контрола на возилото полициски службеници пронашле 22 лица-мигранти (двајца од Бангладеш, двајца од Индија и 18 од Пакистан). Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.
 
Полициски службеници од СВР Битола на 11.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека брзината ја надминале шест возачи, тројца биле под дејство на алкохол, двајца возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило и двајца возачи не поседувале возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
 
Во текот на 11.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што од сообраќај се исклучени три возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и две возила бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден, 49 возила се подигнати со специјално возило „пајак".
 
На  11.02.2020 во 18.00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ш.Ш.(74) од Охрид, товарно возило „даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од E.М.(45) од Р.Турција и патничко возило „сеат алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од А.Л.(26) од с.Лабуништа, струшко. Во незгодата, возачот Ш.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во  Болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
 
На 11.02.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(78) од Скопје пријавил дека на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
 
На 11.02.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, В.С. пријавил дека, додека со сопругата Г.С.(50) се движеле по улица во кругот на гробиштата Камник, таа паднала во отворена шахта и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
 
На 11.02.2020 во 12.35 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
 
  На 11.02.2020 околу 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга го лишиле од слобода К.М.(38) од с.Мислешево, струшко, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пет пакувања со опојна дрога кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 11.02.2020 околу 19.45 часот на ул.„Душко Поповиќ“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 44-годишниот З.С. од гостиварско Чегране, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „грабнување“ и „тешка кражба“. Набргу потоа, З.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна.
 
На 11.02.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, А.Ј.(27) од Скопје пријавила дека на 09.02.2020 околу 15.30 часот во близина на угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била физички нападната од М.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.02.2020 во 15.15 во СВР Скопје, С.С.(20) од с.Кондово, скопско, пријавил дека во 14.15 часот покрај автопатот Скопје – Тетово, во атар на с.Кондово, по претходна расправија, бил физички нападнат од К.А.(51) и А.А.(45), двајцата од с.Кондово. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 
СВР Тетово продолжува со засилени сообраќајно-контролни активности за поголем ред и безбедност со застанувањето и паркирањето во Тетово. На 11.02.2020 биле откриени и со писмено предупредување санкционирани 18 возачи, кои непрописно застанувале и погрешно ги паркирале возилата. При ваквите активности во наредниот период посебно внимание ќе  биде посветено дали и колку од возачите ги користат 40-те постојки и свртувалишта во градот наменски определени од тетовската локална самоуправа и каде и како ги паркираат возилата, во функција на надминување на тековниот сообраќаен метеж, посебно во централното подрачје.
 
На 11.02.2020 околу 19.06 часот во Полициската станица Кичево, В.С.(58) од Кичево пријавила дека во помошната просторија во дворот од нејзината куќа на ул.„Елисие Попоски-Марко“ настанал пожар. Според пријавеното, пред пожарот се слушнала и експлозија. Пожарот бил локализиран во 20.00 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.
 
На 11.02.2020 во 20.00 часот во СВР Скопје, З.Р.(39) од Скопје пријавил дека на 10.02.2020 околу 21.00 часот во семејниот дом на ул.„Перо Наков“, поради семејни недоразбирања, бил физички нападнат од неговите синови А.Ш.(19) и М.Ш.(22), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 11.02.2020 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиника „Букурешт“ бил нарушен јавниот ред и мир од Љ.Џ.(66) од Скопје, така што лажно пријавил дека бил физички нападнат од вработен во установата и побарал помош од полиција. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 16 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  
 
На 11.02.2020 во 15.25 часот на Граничен премин „Ново Село“ било забележано дека излегува чад под хаубата на паркирано патничко возило „ландровер“, сопственост на МВР. Полициски службеници го изгасиле пожарот. Увид бил извршен.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(36) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.01.2020 во с.Порој, тетовско, на регионалниот пат Тетово - Јажинце, по претходна расправија поради нерасчистени долгови, пријавениот со гасен пиштол и воздушна пушка упатувал закани кон Б.И.(26) од истото село и неговото семејство. Набргу потоа, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, полициски службеници извршиле преглед над лицето и возилото и оружјето било пронајдено.
 
СВР Куманово поднесена кривична пријава против Д.С.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.11.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени девет куршуми од различен калибар, рачно изработена направа за испукување и кутија со 50 куршуми калибар 7,65 мм.
 
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ј.(30) од с.Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Пријавената, на 23.12.2019 на патот кон с.Чајле, гостиварско, запалила патничко возило „бмв“, сопственост на С.Ј.(52) и на тој начин предизвикала материјална штета околу 90.000 денари.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ј. (36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.01.2020 во угостителски објект во Кочани, пријавениот, под дејство на алкохол, започнал да ја уништува техничката опрема во објектот и делови од инвентарот, со што предизвикал чувство на страв кај присутните.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против правниот субјект ДПТУ „ТОКО“ ДООЕЛ Стајковски – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на 2009 година правниот субјект прибавил лични податоци, и тоа „лична адреса“ без знаење на сопственикот, која ја злоупотребил и искористил на начин што на адресата на ул.„Димитар Влахов“ во Берово, каде живее физичкото лице М.М., регистрирал нова подружница 2-„АГРО ТОКО“ Берово, во склоп на пријавениот субјект ДПТУ „Токо“ ДООЕЛ, со кој работел и создал долг кон трети правни лица, па по спроведена постапка за наплата на долгот преку извршител бил изготвен налог за извршување кој требало да биде наплатен од подружницата со адреса која противзаконски е регистрирана од страна на правниот субјект ДПТУ „Токо“ ДООЕЛ Стајковци.    
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот на 19.06.2019 телефонски му се јавил на оштетениот А.А.(36) од Демир Хисар, кој бил вработен како менаџер во фирма од Скопје, претставувајќи му се како В.Н., вработен во друга фирма, и нарачал стока со образложение дека не може да му ја плати веднаш, но ќе го сторел тоа најдоцна до 26.06.2019.  Оштетениот се согласил и му ја подготвил стоката на пријавениот во вредност од 115.130 денари, која на 20.06.2019 ја подигнал А.Г. од Сарај, скопско. На 20.06.2019, вработено лице во фирма од Тетово, со која оштетениот секојдневно соработува, преку телефонски повик му кажало дека кај нив има некое лице кое нуди стока од нивната фирма по многу поволна цена, по што оштетениот А.А. веднаш се јавил во фирмата, од каде добил информации дека има група измамници кои го користат нивниот меморандум и електронска адреса за да вршат измами, додека лице со име В.Н. кај нив моментално нема вработено. По ова оштетениот сфатил дека е измамен и веднаш се упатил во фирмата во Тетово за да ја обезбеди стоката робата.
 
Регионалниот центар за Гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.И.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 16.09.2019 на Граничниот премин ,,Деве Баир“, пријавениот, управувајќи патничко возило „голф“, при контрола доставил фалсификувана турска возачка дозвола.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.Ш.(40) од с.Умлена, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 28.09.2019 на место викано „Мачевски пат“, полициски службеници го затекнале пријавениот како со товарно возило „ивеко“ врши јавен превоз на дабово огревно дрво во количина од 16 метри кубни, без лиценца.