Извадок на дел од дневни настани 11.02.2020

 
На 10.02.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на местото викано „Видиковец“ на  Водно го лишиле од слобода С.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 10.02.2020 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, при извршен преглед кај О.С.(22) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  
 
На 10.02.2020 во периодот од 19.40  до 20.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, по претходна судска наредба, извршиле претрес во соба од хотел во Гостивар, при што биле затекнати Р.А.В.(36) и У.А.А.(30), двајцата од Руската Федерација, а при претресот била пронајдена и марихуана. Пронајдените предмети биле одземени, а двајцата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
 
На  10.02.2020 во 18.30  часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром - Скопје“, при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција, било констатирано дека Ф.Р.(28) од с.Арачиново, скопско, се наоѓал на листата со мерка „апси“,  по  барање на Основен суд Скопје 1, поради сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за спровод до Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.
 
На 10.02.2020 во 16.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Л.Б.(36) од Косово, затоа што при извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол - Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
 
На 10.02.2020 во 18.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Т.(64) од с.Орешани. Според пријавеното, додека работел во фирма на бул.„Борис Трајковски“, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници, а бил известен и трудов инспектор.  
 
Полициски службеници од СВР Битола на 10.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека седум возачи не поседувале возачка дозвола, брзината ја надминале четири возачи, четири возачи биле под дејство на алкохол и еден возач разговарал на мобилен телефон додека управувал возило. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
 
На 10.02.2020 во 12.10 часот на обележан патен премин кај стојалилште Ногаевци се случила железничка незгода во која товарeн воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, удрил во патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки, кое ја поминувало железничката пруга, а било управувано од Љ.Т.(64) од с.Раштани, велешко. Од здобиените повреди на местото на незгодата починал М.Ѓ.(24) од с.Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од с.Виничани - Градско, сите сопатници во возилото. Тие биле пренесени во Медицински центар во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од  СВР Велес.
 
На 10.02.2020 во 07.30 часот во Полициската станица Центар, С.Т.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Максим Горки“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.       
 
Во текот на 10.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Во текот на изминатиот ден, 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак".
 
На 10.02.2020 во 15.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било примено лице со убодна рана од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од с.Чајлане, скопско. Според пријавеното, околу 15.00 часот во с.Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од с.Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 10.02.2020 во 00.20 часот во Полициската станица Аеродром, Т.К.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Анастас Митрев“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака.
 
  
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против К.А.(38) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „прикривање“ и две кривични дела „помагање“. Пријавениот С.Ѓ. ги сторил делата во периодот од ноември до декември 2019 година во викенд куќи во охридските населби „Лагадин“ и „Елешец“, каде што влегувал со употреба на сила и одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети, кои потоа, второпријавениот К.А. ги транспортирал и ги криел во својот дом. Судија на претходна постапка на С.Ѓ. му одреди мерка притвор во траење од осум дена. 
 
Во периодот од 23.00 часот на 08.02.2020 до 05.00 часот на 09.02.2020 Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај 11 возачи било утврдено присуство на алкохол, сите биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им се записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и осум останати прекршоци.
 
На 10.02.2020 околу 20.00 часот на регионалниот пат Валандово – Струмица, во атарот на с.Костурино, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стар Дојран пронашле товарно возило „киа“, со регистарски таблички од друго возило, во кое имало 15 мигранти од Бангладеш, додека возачот побегнал од местото. По наредба на Јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци „Винојуг“ во Гевгелија и во Прифатниот центар за странци во Гази Баба Скопје.
 
На 10.02.2020 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во фабрика во Гостивар, додека извршувал работни задачи, се повредил Б.Т.(32) од Гостивар. Тој бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
 
На 10.02.2020 во 08.27 часот во СВР Штип, М.К.(59) од Штип пријавил дека во нас.Пребек, на место викано „Крст“, настанал пожар во патничко возило „опел вектра“, со штипски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека на 09.02.2020 околу 15.00 часот во с.Лубница, радовишко, едно лице го одзело возилото, сопственост на Г.М.(58), во кое на 10.02.2020 настанал пожарот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.           
 
На 10.02.2020 во 10.05 часот во СВР Скопје, А.К. пријавил дека во адвокатска канцеларија на бул.„11 Октомври“ едно лице му се заканувало со остар предмет. Полициски службеници набргу пристигнале на местото и било констатирано дека, по кратка расправија околу откажување на полномошно, доплаќање на услугите и земање на предметот, Ј.Ј.(80) од Скопје со остар предмет му се заканил на А.К., по што заминал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.                                         
 
На 11.02.2020 во 04.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ едно лице физички го нападнало Б.А.(41) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 11.02.2020 во 01.40 часот во СВР Скопје, К.З.(61) од Скопје пријавил дека во 01.00 часот пред угостителски објект на бул.„Илинден“, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 10.02.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, И.А.(22) од Тетово пријавил дека околу 20.10 часот на ул.„Борис Сарафов“ со палка бил физички нападнат од Д.М., со кого се познавал од претходно и од уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 10.02.2020 во 22.00 часот во СВР Скопје, С.З.(30) од Скопје пријавил дека околу 18.40 часот на ул.„Петре Горгиев“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 10.02.2020 во 12.45 часот во СВР Велес, од Општата болница Велес било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен А.Ј.(55) од Велес. Според пријавеното, додека се движел на ул.„Самоборска“ во Велес, бегајќи од кучиња, тој паднал и се повредил. Се работи на расчистување на случајот.
 
На 10.02.2020 во 13.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(31), сопственост на МВР, патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(45) од Скопје и патничко возило „бмв“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(23) од Кичево. Во незгодата, со повреди се здобила К.В.(42) од Скопје, сопатничка во возилото „рено“ и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.    
 
На 10.02.2020 во 08.38 часот во СВР Скопје, В.Д. пријавила дека во автобус на ЈСП на автобуска станица на ул.„Огњан Прица“ едно лице со закана со остар предмет ѝ го одзел паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 10.02.2020 во 19.45 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Е.(56) од Скопје пријавила дека на пешачка патека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.
 
На 10.02.2020 во 20.34 часот во СВР Скопје А.Ш.(20) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот врз неговата малолетна сестра бил извршен обид за обљуба од неговиот татко З.Р.(40) од Скопје, кој не ја признава за негово дете. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 10.02.2020 во 19.10 часот во Полициската станица Гостивар, И.Ѓ.(42) од Гостивар пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.