Извадок на дел од дневни настани 19.01.2020

    
 
На 18.01.2020 во 19.17 часот на Граничен премин Mеѓународен аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид  бил лишен од слобода К.С.(35) од с.Србјани, кичевско, бидејќи се наоѓал во евиденција на стоп листа со мерка „апси“, по наредба на Основен суд Кичево. Лицето е спроведено до КПУ„Затвор Битола“ за издржување на казна затвор.
 
На 18.01.2020 во 15.30 часот на Граничен премин „Табановце“ бил лишен од слобода С.Д.(48) од Р.Грција, кој управувал патничко возило „форд маверик’’, со бугарски национални ознаки, за кое при граничната контрола било констатирано дека има фалсификуван број на шасија и типска налепница. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Кумнаово за понатамошна постапка.
 
На 18.01.2020 во 21.20 часот на ул.„Шидска“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 18.01.2020 во 22.45 часот на бул.„Партизански одреди“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 18.01.2020 во 00.50 часот на ул.„Женевска“, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 18.01.2020 во 20.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.А.(22) од с.Јеловјане, тетовско, и Г.Ј.(19) од с.Урвич, тетовско, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 18.01.2020 во 17.20 часот во Полициската станица Центар, М.Ј.(46) од Скопје пријавил дека во угостителски објект на кејот на река Вардар неговиот 15- годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
 
На 18.01.2020 во 16.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.К.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 18.01.2020 во 21.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Г.(44) од Скопје пријавил дека на паркинг на ул.„Народни херои“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

 
 
На 18.01.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(22) од н.Илинден, Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во угостителски објект на ул.„9“ во н.Илинден бил физички нападнат од Г.Б., С.М. и С.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 18.01.2020 во 12.15 часот во Полициска станица Карпош, Е.С.(39) од Скопје пријавила дека на 17.01.2020 околу 18.00 часот нејзиниот син Љ.С.(18) бил прободен со остар предмет во десната надколеница, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 19.01.2020 во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.„Димитрија Чуповски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.С.(30) и Б.Н.(23), и двајцата од Скопје, кои биле во алкохолизирана состојба. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4, 6 и 11 од ЗППЈРМ.
 
На 18.01.2020 во 09.16  часот во СВР Скопје, Т.Ј.(36) од Скопје пријавила дека настанал пожар во куќа во нејзина сопственост на ул.„Малешевска“, при што опожарен бил дел од покривот. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(21) од с.Жубрино, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштење во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.06.2018 на спортско игралиште во кругот на Правниот факултет во Кичево, полициски службеници од Полициска станица Кичево извршиле преглед на С.С., Е.В.(19) од Кичево, А.И.(21) од с.Трапчин дол и патничко возило „хонда акорд“, сопственост на С.С., при што пронашле и одзеле марихуана.
 
На 18.01.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, К.С.(65) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
 
На 18.01.2020 во 23.40 часот во СВР Охрид, С.И.(25) од Охрид пријавил дека околу 23.30 часот на ул„Св. Климент Охридски“ бил физички нападнат од Н.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 18.01.2020 околу 13.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ настанал пожар во трафостаница на ЕВН Македонија, при што целосно била опожарена внатрешната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола.
 
На 19.01.2020 во 02.50 часот во СВР Тетово, Е.В.Р. од с.Брвеница, тетовско, пријавила дека на 18.01.2020 околу 23.00 часот во с.Брвеница, по претходна расправија, била физички нападната од Љ.В. од с.Челопек, тетовско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 18.01.2020 во 13.00 часот во СВР Битола, Н.Н.(63) од Битола, пријавил дека при извршување на работни задачи како ловочувар на ловиште во с.Совиќ, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ѓ.К.(59) и А.К.(29), и двајцата од с.Гермијан, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 18.01.2019 во 18.55 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Ж.К.(56) од с. Кривогаштани пријавил дека настанал пожар на оџак од зграда во с.Кривогаштани. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Кривогаштани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско одделение Кривогаштани. 
 
На 18.01.2020 во 20.45 часот во СВР Битола, З.А.(25) од с.Норово, крушевско, пријавил дека околу 20.30 часот во продажен објект во с.Норово, по претходна расправија, бил физички нападнат од Џ.И. и И.И. од с.Норово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.01.2020 во 01.25 часот во СВР Штип, П.И.(24) од с.Црвулево, општина Карбинци, пријавил дека на 18.01.2020 околу 23.30 часот, во близина на угостителски објект на ул.„Иво Лола Рибар“, бил физички нападнат од неговиот брат С.И. и уште четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 18.01.2020 во 18.00 часот во Полициска станица Струга, М.Р.(62) од Струга пријавил дека настанал пожар во куќа во негова сопственост на ул.„Ристо Крле“, при што била опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга.