Извадок на дел од дневни настани 18.01.2020

 
На 17.01.2020 во 20.30 часот на ул.„Лихнида“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 17.01.2020 околу 21.00 часот во близина на училиште во с.Сенокос, гостиварско, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода И.Џ.(24) од с.Сенокос, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.О.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 01.10.2019 на локален пат Куманово - с.Лопате, пријавениот со товарно возило „мерцедес“ во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревни дрва без лиценца. 
 
На 17.01.2020 во 19.40 часот во Полициската станица Аеродром, И.В.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„69“, под железничкиот надвозник, била касната од куче скитник во пределот на нозете.
 
На 17.01.2020 во 18.20 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.П.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ врз својата сопруга со која бил во бракоразводна  постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(18) и А.А.(19), двајцата од с.Г.Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.08.2019 во с.Г.Седларце, тетовско, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана.
 
На 17.01.2020 во 12.00 часот во Полициска станица Тетово, Ј.П.С.(26) од Тетово пријавила дека на ул.„Цветан Димов“ во Тетово била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.
    На 17.01.2020 година во 21.10 часот при преглед извршен на ул.„Партизанска“ во Охрид, врз К.Р.(21) од Охрид, пронајдена е и одземена ќеса со опојна дрога марихуана. Тој, заедно со К.М.(21) и В.Т.(20), двајцата од Охрид, кои биле со него, се приведени во полициска станица. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.


На 17.01.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари. Исто така, М.Д.(60) од Скопје пријавил дека на висечкиот мост кај стадион „Ѓорче Петров“ и с.Лака, забележал три вооружени лица, а во нивна близина опожарено возило, по што лицата со друго возило се упатиле кон с.Крушопек. Од полициски службеници е констатирано дека станува збор за патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, кое било користено за претходно извршеното разбојништво. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 

 

На 17.01.2020 во 20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во аптека на бул.„Туристичка“ во Охрид, едно лице со закана од вработената одзело пари од касата. По овластување на Јавен обвинител,  на местото на настанот увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

На 17.01.2020 во 16.30 часот во Полициска станица Крушево, М.Р.(64) од Р.Словенија пријавила дека во семејниот дом на ул.„Партизанска“, во сопственост на нејзиниот починат брат Р.М. од Крушево, пронашла експлозив. За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот.
 
На 17.01.2020 околу 11.00 часот во Полициска станица Сопот, М.М(25) од Палестина и Х.С(26) од Мароко, мигранти сместени во Транзитен центар Табановце пријавиле дека последните два дена А.К.(28) од Мароко бил држен во куќа во с.Ваксинце од лица од Пакистан и од с.Ваксинце, со цел да му бидат изнудени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.01.2020 околу 02.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во близина на училиште во с.Огњанци, скопско, при што биле опожарени бали слама во двор од куќата во сопственост на А.И.(29) од с.Огњанци. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид ќе биде извршен во текот на денот. 

 

На 18.01.2020 во  00.20 часот во СВР Тетово,  Т.И.(37) од с.Брвеница, тетовско, пријавил дека врз него било извршено кривично дело „злоупотреба на платежна картичка“. Според пријавеното, од неговата трансакциска сметка во банка во Р.С.Македонија, на 17.01.2020 во 04.53 часот му биле подигнати пари од лице од банкомат на банка од Р.Индонезија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 18.01.2020 во 00.30 часот во СВР Струмица, С.Р.(45) од с. Висока Маала, струмичко, пријавил дека неговата ќерка Ѓ.Р.(16) се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

На 17.01.2020 во 18.33 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Кавадарци бил донесен П.С.(53) од Кавадарци, кој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци. Од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител и инспектор за повреда при работа.

 

На 17.01.2020 во периодот од 07.40 часот до 09.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Д.Најдов“, во куќа сопственост на В.Ј.(53) од Велес,  настанал пожар, при што била опожарен дел од кровната конструкција и електричната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 17.01.2020 во 12.20 часот во СВР Скопје, 16-годишен малолетник од  Скопје пријавил дека на 16.01.2020 околу 22.00 часот во угостителски објект на ул.„Самоилова“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 18.01.2020 окoлу 03.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во казино  во Македонски Брод, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(36) од Македонски Брод и Г.Т.(33) од с.Требино, Македонски Брод. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.01.2020 околу 11.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Козарникот“ настанал пожар во штала сопственост на И.А.(68) од Велес, при што биле опожарени дел од внатрешноста и кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.