Извадок на дел од дневни настани 14.01.2020

На 13.01.2020 во 18.10 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ била лишена од слобода Ј.Д.(47) од с.Велестово, охридско, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси”, по наредба од Основен суд Гостивар. Таа била предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

 

На 13.01.2020 околу 19.00 часот кај наплатна рампа Гостивар, на автопат Гостивар - Тетово, од слобода бил лишен Д.Ј.(30) од Скопје, затоа што при претрес во неговото патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници пронашле и одзеле канабис и пари. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.

 

На 14.01.2020 во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот. На местото на незгодата починала 17 - годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

Полициски службеници од СВР Битола на 13.01.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека тројца возачи биле под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, едно возило било нерегистрирано, двајца возачи не поседувале возачка дозвола, еден возач зборувал на мобилен телефон. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

 

На 14.01.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Mилан Марковиќ“ и ул.„Ловќенска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски реистарски ознаки, управувано од Д.М.(21) од Тетово и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е.А.(62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч.М.(59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 13.01.2020 во 14.40 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.А.(64) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 

На 13.01.2020 околу 13.00 часот во с.Опеница, охридско, Б.В.(56) од с.Опеница, додека управувал трактор без регистарски таблички, изгубил контрола над тракторот и паднал во провалија. Во незгодата, Б.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо Охрид“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 12.01.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Велес, С.И.(30) од с.Горно Јаболчиште, општина Чашка, пријавил дека на Градскиот пазар во Велес бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

    На 13.01.2020 околу 23.45 часот во гостиварското село Градец, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(22) од с.Топлица, гостиварско, затоа што при прегледкај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.01.2020 во 09.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во Кисела Вода едно лице со закана од вработениот го одзело дневниот промет и побегнало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштење во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.05.2019 на ул.,,Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило во кое се наоѓал С.Б. од Скопје и кај него пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

 

На 14.01.2020 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. „Томе Пуре“ во Скопје. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот, во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција на објектот и помошната просторија, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер“, сопственост на Н.С.(52) од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина. Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.  

 

На 14.01.2020 во 00.12 часот во Полициската станица Карпош, С.Т. пријавила дека едно лице физички го нападнало нејзиниот сопруг Д.Т.(38) со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.01.2020 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај поранешен саем бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Б.Б.(34) од с.Глумово врз А.М.(45) од с.Грчец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.01.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ш.С.(23) од Скопје пријавил дека на 13.01.2020 околу 23.45 часот, пред угостителски објект на ул.„Тодор Чангов“, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.01.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, E.С.(32) од Косово пријавила дека околу 14.30 часот на паркинг на бул.„Гоце Делчев“ две лица физички ја нападнале и од нејзиното патничко возило „шкода суперб“, со косовски национални ознаки, ѝ одзеле лаптоп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.01.2020 во 18.40 часот во СВР Скопје, М.А.(36) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот на ул.„Кеј 13 Ноември“ била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.01.2020 во 17.12 часот во СВР Скопје, А.Б.М.(32) од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот на ул.„Кочанска“, поради нарушени меѓусоседски односи, била физички нападната со тврд предмет од Ц.С.(80) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.01.2020 во 02,00 часот во СВР Скопје, од агенција за обезбедување било пријавено дека во казино на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје, неколку лица физички го нападнале Б.А.(40) од Скопје, вработен како обезбедување од агенцијата во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.01.2020 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје едно лице со закана од вработените го одзел дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. 

 

На 13.01.2020 во 07.30 часот во Полициската станица Радовиш, Ж.И. (60) од Радовиш пријавил дека на улица „Самоилова“ во Радовиш бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.