Извадок на дел од дневни настани 12.01.2020

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.12.2019 пред наплатната рампа во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот кој бил во патничко возило „пежо“, при што пронашле и одзеле кокаин.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.П.(51) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.04.2019 во близина на место викано „Пашин мост“ на патот Велес – Чашка, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „опела астра“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Д.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 02.11.2019 на локален пат во с.Белановце, општина Липково, пријавениот со товарно возило „мерцедес“, без лиценца вршел јавен превоз на огревно дрво.

 

На 11.01.2020 во 11,14 часот во СВР-Штип било пријавено дека на бул.„ЈНА“ во стан во кој живеел Д.П. (42), настанал пожар. При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип од страна на пожарникарите било пронајдено изгорено машко тело. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип и Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

                                         

На 11.01.2020 во 07,40 часот во атар на с.Студеничани-Скопје во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б. (38) од с.Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (21) од с.Студеничани. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од с.Студеничани. Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од с.Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од с.Студеничани.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

 

На 11.01.2020 во времето од 18:20 до 20:00 часот од страна на полициски службеници, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, извршен е претрес во домот и помошните простории на лицето И.И (20) во Тетово, живее с.Г.Седларце. При претресот пронајдени се:13 куршуми, мобилен телефон и пари. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.01.2020 во 00.35 час на ул.Босна и Херцеговина бб,Скопје од страна на припадници на Единицата за интервентна полиција при преземени дејствија и преглед над лицето Е.Р (18) од Скопје, пронајден е нож. Е.Р. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. .

 

На 12.01.2020 во 03 часот на ул. 163 бил приведен Б.С: од Скопје кој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“.Лицето е приведно во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.01.2020 во 18,50 часот на ул. Скупи бб во близина на бензинска пумпа, поради кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,,по чл.215 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија лишено од слобода е лицето Ф.А(25)од  Скопје, кај кого е пронајдено марихуана. .Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 12.01.2020 околу 23.00 часот на паркингот кај Тутунски комбинат од страна на припадници на Единицата за интервентна полиција при преземени дејствија и преглед над лицето Н.Р (35) од Скопје во неговото патничко моторно возило, пронајдени се паковки со прашкаста материја. Лицето е приведено во полициска станица за натамошна постапка и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 11.01.2020 во 18,50 часот на ул. Скупи бб во близина на бензинска пумпа, поради кривично дело „разбојништво“ по чл.237 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија,,  лишено од слобода е лицето Т. Б.(34) од Скопје.

 

На 11.01.2020 на ул. „Јанко Михајлоски“ во Кичево, при извршен преглед, кај В.А.(28) пронајдена е марихуана. Тој е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 11.01.2020 во 23.15 часот Р.Л (26) од Скопје, пријавил дека на ул. ,,Димитрие Чуповски“ бил физички нападнат од едно лице. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 На 11.01.2020 год. во 21,30 часот во СВР Скопје вработен во спортска обложувалница пријавил дека во обложувалница лоцирана на бул.,,Февруарски поход“ едно лице, кое било во видно алкохолизирана состојба, го нарушило јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на шишиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

           

На 12.01.2020 во 00.45 часот во Кратово на ул. ,,Браќа Миладинови“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу С.А  од една страна и лицата Т.Д, Б.М и Д.Ф. од друга страна, сите од Кратово, по претходна расправија помеѓу С.А и Т.Д поради оштетен ретровизор на возило ,,југо“ сопственост на Т.Д.. Во пресметката бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.01.2020 во 04.00 час. во полициската станица Прилеп Х.Ч (35) од Прилеп пријавил дека на 12.01.2020 околу 02.00 час. во ноќен клуб, по кратка вербална расправија, физички бил нападнат од Д.Б (27)од Прилеп. Исто така, во врска со овој случај, В.Ј (28) од  Прилеп, заедно со Ф.Ј (28) од Прилеп  пријавиле  дека околу 02.00 час. во ноќен клуб физички биле нападнати од претходно пријавеното лице Д. Б. (27). Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 

На 10.01.2020 во 18,00 часот во СВР Куманово, 47-годишен маж од кумановско пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот, неговата 13 годишна ќерка се оддалечила од својот дом со Ј.Р. (55) од Крива Паланка. Во 20,00 часот од страна на полициски службеници од ПС-Крива Паланка, Ј.Р. и малолетничката  се пронајдени во Крива Паланка и веднаш се известени нејзините родители. Ј.Р. е лишен од слобода и задржан во ПС ОН-Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот.

 

На 12.01.2020 во 02.54 часот се случила сообраќајна незгода на ул. ,,Јужноморавски бригади“, каде што патничко моторно возило ,,фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Р. (18) од Скопје, удрило во паркирано  возило ,, ауди“ и капија од дворно место.  Со повреди се здобила А.Р. и  двајцата сопатници Ф.Б (19) од Скопје, и Д.Б (22) од Скопје кои се пренесени во Ургентен центар Скопје и во ГОБ ,,8 Септември“ каде на Ф.Б и Д.Б им се констатирани телесни повреди, а на А.Р. тешки телесни повреди.

 

На 12.01.2020 во 00,30 часот на бул. ,,Февруарски поход“, вработен во Агенција за приватно обезбедување во спортска обложувалница ,пријавил дека на 11.01.2020 околу 23,40 часот А.М(24) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир и физички го нападнал вработениот А.К.. А.М. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.