Извадок на дел од дневни настани 11.01.2020

 На 10.01.2020 во 19 часот во близина на Скопски саем од страна на полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога направен е претрес кај М.К (27) од Скопје , при што пронајдена е прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот Законик на РСМ ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

 

На 10.01.2020 во 15,55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Република Грција во 15,25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир. Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

                                      

На 10.01.2020 во 19.00 часот при контрола на товарен воз кој пристигнал од Република Грција од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Република Хрватска биле откриени 20 илегални мигранти од кои осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир . Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

 

На 10.01.2020 во 21.30 часот на ул „Орце Николов“ во Скопје поради основано сомнение по чл. 215 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,, лишено од слобода е лицето Х.А (24) од Мароко, кај кого е пронајдена марихуана.

 

На 10.01.2020 во 22.30 часот на  ул.Тодор Александров бб- Скопје лишено од слобода е лицето К. Ф(28) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. На 10.01.2020  во 22.45 час. На ул. Кеј 13-ти Ноември бб- Скопје лишено од слобода е лицето А.А(21)од Тетово, кај кого е пронајдена марихуана.

 
 

На 10.01.2020 околу 12,20 час на магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево во непосредна близина за влез во село Зајас се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р(50) од Белград излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, се здобила сопатничката од возилото С.Д (70) од Куманово.

 

На 10.01.2020 во 15.30 во Прилеп на крстосницата од ул. ,,Прилепски бранители“ и ул.,,Трајко Тарцан“ се случила сообраќајна незгода во која  товарно моторно возило ,,ДФМ,, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.С (60)од Прилеп удрило во Д.И (67) од Прилеп. По ударот К.С. ја пренел Д.И. во ИМП-Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

 

На 10.01.2020 околу 14,00 часот во Скопје на ул.„Брсјачка Буна“бб, во куќа сопственост на Р.А. (29) избувнал пожар во кој целосно изгорела неговата куќа, а биле зафатени три соседни куќи. Со возило на Итна медицинска помош кон медицинските центри за укажување лекарска помош биле транспортирани пет лица. Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.Во опожарената куќа биле пронајдени изгорени две тела- деца на сопственикот на куќата Р.А.. 

На 11.01.2020 околу 08 часот пријавено е убиство на ул. ,,Александар Македонски“ во Прилеп . Излезено е на лице место од страна на екипи на Криминалистичка полиција Прилеп и Полициската станица Прилеп при што затекнати се две безживотни тела .А.П (40) и Т.К(64) и двете со прострелни рани. Според првичните сознанија, во нив пукал 50 годишен маж, кој е сопруг на починатата А.П. и зет на Т.К. Со прострелни рани се здобило уште едно лице, брат на А.П.. Осомничениот при обид да биде совладан е повреден и заедно со другото повредено лице се пренесени во Градската болница во Прилеп. Под раководство на Јавен обвинител се работи на расчистување на случајот..

 

На 10.01.2020 околу 17,45 часот во Скопје, во аптека во трговски центар било пријавено дека едно лице со закана со пиштол извршило разбојништво и од вработените одзело пари. СВР-Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.01.2020 околу 13,00 часот во Скопје помеѓу железничка станица „Лисиче“ и железничка станица „Скопје“ во населбата .„11-ти Октомври“ наспроти депото на Македонски железници, од страна на непознато лице каменуван бил патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес. Причинета е материјална штета (скршено прозорско стакло), а повредени лица нема.

 

На 10.01.2020 во 23.45 час. С.Љ (54) од Скопје, пријавил дека на ул. Кирил и Методиј во Скопје бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.01.2020 во 05.20 час. А.П (32) од Скопје, пријавил дека на ул.Јордан Мијалков во  Скопје, пред угостителски објект бил физички нападнат од вработен во  угостителскиот објект. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 10.01.2020 во 19,45 часот, вработен во болница Систина пријавил дека кај нив е донесено лицето Д. А (31)  од Скопје со повреди од физички напад случен на бул.Македонски Војски. Според кажување на Д.А., на 10.01.2020  околу 18.15 часот на бул.Македонски Војски бил физички нападнат од страна на три лица. Се работи на целосно расчистување на случајот .

 

На 11.01.2020 во 01 часот Д.Н. пријавил дека пред кафе бар во Куманово физички било нападнато едно лице. По пријавеното нарушување на јавниот ред и мир излезено е на лице место  каде бил затекнат В.С (29) од с. Лопате кој изјавил дека бил физички нападнат од Б.Ф (32) од Куманово . Се работи на расчистување на случајот.

 

На 11.01.2020  околу 04.15 часот на Граничен премин - Меѓународен аеродром Скопје, А.В.Д. (55) од САД, кој бил во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на вработен во службата за безбедност, а потоа нападнал и полициски службеници. А.В.Д. е приведен во Полициска станица за ГП – Меѓународен аеродром Скопје за понатомошна постапка.

 

На 11.01.2020 во 00.20ч.во Полициската станица во Велес Т.С (41) од Велес пријавил дека на 10.01.2020 околу 23.30 ч на ул.Тодор Јанев во близина на угостителски објект бил физички нападнат од З.Ј. и Д.З. . Се работи на расчистување на случајот.

 

На 10.01.2020 во 21,30 ч. во Полициско одделение Чашка С. С (61) од с.Г.Јаболчиште пријавил дека околу 19,30 ч. во центарот на с.Г. Јаболчиште, неговиот внук Б.С(16) бил физички нападнат од З.А(17) и М.А (16) од. од истото село. Се работи на целосно расчистување на случајот

 

На 11.01.2020 во 01,28 часот С. М. пријавил дека на ул. ,,2,, во село Ласкарци – Скопје настанал пожар во неговото комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки. Извршен е увид.