Извадок на дел од дневни настани 02.12.2019

На 01.12.2019 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.М.(36) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 01.12.2019 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во близина на езеро Треска, го лишиле од слобода В.Ј.(25) од с.Глумово, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 01.12.2019 околу 10.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово на ул.„Ѓорче Петров“ во Тетово, го привеле К.К.(38) од Тетово, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна. К.К. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.
 
Полициски службеници на СВР Тетово на 01.12.2019 околу 23 часот го лишиле од слобода А.К.(19) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.  По целосното документирање на случајот, против А.К. ќе следува соодветен поднесок.
 
На 01.12.2019 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир ги лишиле од слобода Е.А.(32) и Б.Р.(36), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 01.12.2019 во 12.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(37) од Скопје, поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце - Куманово, Б.И. со патничко моторно возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 лица мигранти од Авганистан, а при обид да биде запрен, го напуштил местото на настанот. Мигрантите биле пренесени во ТЦ Табановце, а Б.И. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.
 
На 01.12.2019 во 21.00 часот полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Е.(31) и Б.Ј.(46), двајцата од Р. Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“, откако биле затекнати во пловен објект во водите на Охридското езеро на територијата на РС Македонија. Б.Е. и Б.Ј. биле предадени во СВР Охрид за понатамошна постапка.
 
На 01.12.2019 околу 13.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во Градската општа болница Прилеп бил донесен со повреда С.Б.(65) од с.Обршани. Според пријавеното од страна на Ж.П. од с.Обршани и Д.Ш. од Прилеп, околу 12.00 часот, додека биле на лов покрај брегот на Црна Река, С.Б. бил повреден од експлозивна направа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Во текот на 29.11., 30.11 и 01.12.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и од сообраќај се исклучени 18 возачи, од кои: три возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем. Во текот на изминатите денови 192 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
 
На 01.12.2019 во 11,28 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Климент Охридски“, патничко моторно возило „цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(39) од Битола удрило во пешак М.З.(79) од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
 
Полициски службеници од СВР Битола 29.11., 30.11 и 01.12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 17 возачи управувале возило без возачка дозвола, 12 возила биле нерегистрирани. Под дејство на алкохол биле седум возачи, поради што биле отстранети од сообраќај, заштитен појас не користеле 13 возачи, а 10 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
 
На 29.11.2019 на поширокото гостиварско подрачје била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени вкупно 16 технички неисправни возила, меѓу кои 6 со неисправни сопирачки, а 4 со неизвршен технички преглeд. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни платни налози.
 
На 29.11.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Во акциската контрола биле контролирани 122 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 63 се упатени во Станица за технички преглед. Утврдени се девет прекршоци за кои се преземени соодветни законски мерки. Санкционирани се и 17 останати прекршоци.
 
Полициски службеници од СВР Битола на 29.11.2019, во периодот од 08.00 до 13.00 часот, била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле контролирани 89 автобуси или други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 54 биле упатени на технички преглед, при што кај четири биле констатирани неисправности. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
 
 
  
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М.(33) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,  психотропни  супстанци и прекурсори“. На 04.09.2019, при извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се 16 шишенца со раствор на метадoн и марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Е.(28) во село Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 08.04.2019 на Граничниот премин Јажинце, полициски службеници извршиле контрола на документација и преглед во возилото „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што утврдиле дека постоечкиот број на шасијата механички е фалсификуван.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Л.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.09.2018 на ул.„Гоце Делчев“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против С.Б.(54) од струшкото село Велешта. Тој на 17.09.2019, управувајќи патнички автомобил „голф“ на регионален пат, извршил неправилно свртување кон локалниот пат за селото Добовјани и удрил во патнички автомобил „југо“, а потоа во С.Б.(55) и неговиот малолетен син, двајцата од Р.Албанија, кои се движеле по патот. Тие се здобиле со тешки телесни повреди од кои С.Б. подоцна им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „југо“, Р.П.(58) од Вевчани.
На 01.12.2019 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Л.(22) и Б.Л.(27), двајцата од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(30) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 22.08.2019 оштетениот Н.Ф. на социјалната мрежа „Facebook “ примил порака дека неговиот профил, кој претходно бил деактивиран, станал активен од 16.08.2019. По преземени мерки било констатирано дека пријавениот ги злоупотребил податоците. 
Надворешната канцеларија за криминалистички рабооти Струга поднесе кривична пријава против А.К.(37) од село Шум, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.08.2019 на плажа во село Калишта, струшко, пријавениот физички го нападнал В.С.(56) од Охрид.
На 01.12.2019 во 05.00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(26) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот пред угостителски објект на ул.„Партизански одреди“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.В.(48), К.Р.(21), А.Р.(27), В.Р.(36), И.Р.(41), К.Р.(18) и А.Р.(39), сите од село Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.11.2019 година на пазар во Струмица пријавените учествувале во физичка пресметка на членови од две семејства, при што со повреди се здобиле лицата Г.В., К.Р. и В.Р. Тие и претходно, на 31.10.2019, во атар на село Раборци, учествувале во физичка пресметка помеѓу двете страни.
На 01.12.2019 околу 14.40 часот во Полициската станица Карпош, А.Г.(77) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот во атар на Средно Нерези, скопско, едно лице физичко го нападнало и му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Х.С.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, од кое едното е во обид. На  02/03.08.2019 со употреба на сила влегол во станбено - деловен простор во Штип и одзел пари, а од магацински простор одзел предмети.  
На 02.12.2019 во 02.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(27) од Карбинци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.10.2019 година на бензиска пумпа во село Таринци пријавениот со уште неколку лица физички ги нападнале Е.М.(27) од село Радање, Е.Х.(35), И.И.(35), двајцата од село Курфалија и Р.С.(30).
На 01.12.2019 во 01.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(18), А.Б.(23) и И.П.(23), од една страна и Ѓ.В.(49) и А.В.(28), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници по член 6 и чл.11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.