Извадок на дел од дневни настани 01.12.2019

 На 30.11.2019 во 09.30 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека Г.Д.(60) од Скопје се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 30.11.2019 во 14.00 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Ш.М.(36) од с.Сарај, скопско, се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 30.11.2019 во 11.45 часот во населба Сингелиќ била пронајдена А.С.(16) од Скопје, за која на 29.11.2019 во 23.00 нејзината мајка Д.Д.(41) пријави дека се оддалечила од домот.

 

На 30.11.2019 во 22.00 часот во Полициската станица Центар, Р.О.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Ѓоргов“ неговата малолетна внука била касната од куче скитник за левата рака.

 

На 30.11.2019 во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Б.(48) од нас.Нова Колонија - Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на ул.„Беровска“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р.(28) од село Отља, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.07.2019 во село Отља полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Е.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 29.08.2019 на ул.„Страхиња Симоноски“ во Гостивар полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле канабис.

 

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против С.В.(41) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.09.2019 во с.Мали Влај извршиле преглед на патничко возило ,,мерцедес“, управувано од Д.М.(37) од Струга, во кое сопатник бил пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки, 12 куршуми за ловечка пушка, пиштол ,,црвена застава“ со една рамка и осум куршуми.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(30) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.10.2018 во с.Камењане, на регионалниот пат, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 12.08.2019 на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово полициски службеници при извршен преглед на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

 

На 01.12.2019 околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 30.11.2019 во 13.05 часот на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, патничко возило „шкода фелиција“ со прилепски реистарски ознаки, управувано од Д.В.(47) од Прилеп, удрило во 16-годишен малолетник од Прилеп, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската болница во Прилеп за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.