Извадок на дел од дневни настани 30.11.2019

 На 29.11.2019 во 20,35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата “Лихнида“, го лишиле од слобода Д.Ф.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

                                        

На 29.11.2019 во 21,40 часот во с.Пирок полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.Т.(34) и С.Р.(26) двајцата од Тетово кои биле со возило „Голф“ со тетовски регистерски таблички, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Б.(31) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 30.07.2019 на ул.„Слободан Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници во патничко возило „даеву ланос“, управувано од Р.Б., пронашле и одзеле марихуана. 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.М.(26) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Во текот на 2019 И.М. набавил фалсификувана банкнота од 50 евра и, иако знаел дека е фалсификувана, на 07.10.2019 ја пуштил во оптек како вистинска во менувачница во Штип, но вработениот при проверка на УВ ламба се посомневал во банкнотата и го пријавил.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.08.2019 на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

На 29.11. 2019 во 17,30 часот во Гостивар полициски службеници ли лишиле од слобода Л.М.(26) од Гостивар и А.М.(28) од с.Балиндол-гостиварско поради постоење основи на сомнение дека извршиле тешка кражба пријавена на 22.11 во Гостивар. Кај нив пронајдени биле и одземени 45 гуми за различни моторни возила кои потекнувале од тешката кражба. Одземените гуми биле вратени на сопственикот.

 

На 29.11.2019 во 21,25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(41) од Скопје, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Кадино-скопско, и патничко моторно возило „цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од с.Јурумлери-скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.В., а со телесни повреди се здобил И.С. по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 29.11.2019 во 15,15 часот во Дебар на улицата „8-ми Септември“, поради питачење на подрачјето на градот, од полициски службеници биле приведени К.М.(20) и С.Г.(36), двајцата од Р.Албанија. Од судија од Основен суд Дебар на двајцата албански државјани им е изречена мерка – забрана за влез во РСМ во траење од една година.

 
 

На 29.11.2019 во 16,25 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Партизанска“, патничко моторно возило „даеву матиз“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(19) од Битола, удрило во И.С. (78) од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

 
 

На 29.11.2019 во 17,13 часот било пријавено дека во Виница на улицата „Димитар Влахов“ патничко моторно возило „застава 101“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(58) од Виница, излетало од коловозот. Во незгодата со повреди се здобил возачот и сопатникот Ж.А.(58), по што биле пренесени во Општата болница Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница.

 

На 29.11.2019 во 21,15 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(30) од с.Долно Лисиче-скопско, и велосипед управуван од З.Б.(54) од с.Долно Лисиче-скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Б.,по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.11.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го привеле Л.Р.(45) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Кисела Вода, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и куршум. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(23) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.05.2019 на улица „Караорман“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

На 29.11.2019 А.К.(60) од Кичево, во полициска станица пријавил дека околу 15.15 часот, на улицата „11 октомври“ во Кичево, бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 

На 30.11.2019 околу 04,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, патничко моторно возило “форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.М.(20) од с.Возарци-кавадаречко, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

На 29.11.2019 во 11,30 часот било пријавено дека на улицата „Филип Втори Македонски“ во адвокатска канцеларија, В.С. поради незадоволство од застапување на адвокатот Д.П. искршил повеќе предмети во канцеларијата и упатил закани кон адвокатот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 30.11.2019 во 04,00 часот А.Б.(22) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 02,20 часот во угостителски објект на улицата “Димитрија Чуповски“ била нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 29.11.2019 во 18,00 часот Б.С.(52) од Скопје, пријавил дека на 28.11.2019 во основно училиште во централното градско подрачје неговата малолетна ќерка  била физички нападната од нејзин соученик. Се работи на расчистување на случајот.

           

На 29.11.2019 во 23,00 часот во Полициската станица Гази Баба Д.Д.(41) од Скопје, пријавила дека од дома заминала нејзината ќерка С.А.(16) за која има сознанија дека заминала во Куманово, а и претходно повеќе пати своеволно заминувала од домот и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 30.11.2019 во 08,30 часот во СВР Тетово Д.М.(20) од с.Челопек-тетовско пријавил дека на 29.11.2019 околу 19,15 часот во Тетово на крстосницата од улиците “Маршал Тито“ и “Јане Сандански“ тој и неговиот другар Н.М.(19) од с.Челопек биле физички нападнати од неколку лица. Во врска со настанот приведено бил еден малолетник и се работи на целосно расчистување на случајот.  

 

На 30.11.2019 во 01,15 часот во Виница на улицата „Маршал Тито“ двајца полициски службеници при преземање на службени дејствија во врска со претходно нарушен јавен ред и мир во кафе бар биле физички нападнати од Е.М.(18) и С.Н., двајцата од Виница. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 30.11.2019 во 01,10 часот било пријавено дека во Крива Паланка на улицата “Свети Јоаким Осоговски“ пред угостителски објект А.Д.(33) од Крива Паланка, била физички нападната од В.М.(20) од с.Радибуш-Ранковце. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ. 

 

На 29.11.2019 во 11,00 часот во Полициската станица Бит Пазар О.А.(57) од Скопје, пријавил дека од дома заминал неговиот татко С.Н.(83) кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 29.11.2019 во 13,50 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Димитар Илиевски Мурато“, возило удрило во К.Б.(62) од с.Мусинци-о.Новаци. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош, а возилото го напуштило местото на настанот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.11.2019 49-годишна жена од Скопје пријави дека на 30.10.2019 околу 19,00 часот двајца малолетници физички нападнале и се обиделе да извршат обљуба врз нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.