Извадок на дел од дневни настани 29.11.2019

 
На 29.11.2019 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ ја лишиле од слобода Ј.З.(42) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 28.11.2019 во 21.05 часот, полициски службеници на ул.„Топанска“ го лишиле од слобода А.Б.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 28.11.2019 во 12.30 часот на Граничен премин „Блато“ бил лишен од слобода М.Г.(33) од Р.Албанија, за кој при пасошка контрола било констатирано дека се бара по потерница од Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка.
 
На 29.11.2019 во 00.55 часот на Граничен премин „Деве Баир“ бил лишен од слобода Т.И.Х.(43) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „сканиа“, со турски национални ознаки, и при пасошка контрола приложил фалсификувана меѓународнa зелена карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
 
На 28.11.2019 во 20.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Морани - с.Зелениково патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О.(23) од с.Зелениково, скопско, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.О., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 28.11.2019 во 23.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека околу 16.30 часот на ул.„Васил Чакаралов“, патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Г.(25) од Скопје удрило во пешак М.В.(67) Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.
 
На 28.11.2019 во 17.45 часот во Полициската станица Центар А.М.(38) од Скопје, пријавил дека на ул.„Партение Зографски“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.
 
Во текот на 28.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што oд сообраќај се исклучени двајца возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците, санкционирани се 12 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и пет пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
 
На 28.11.2019 во 17.20 часот во Полициската станица Аеродром Р.М.(25) од Скопје, пријавила дека на пешачката патека покрај кејот на реката Вардар во населбата Аеродром била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
 
На 28.11.2019 во 14.50 часот било пријавено дека на автопатот Неготино - Градско, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од Битола, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот. Во незгодата возачот и сопатникот С.С.(34) се здобиле со тешки телесни повреди. Потоа, во паркираното возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, кое дошло на местото на незгодата, удрило возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Скопје, а потоа во него удрило возило „киа рио“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(39) од Скопје. Притоа со повреди се здобил И.М. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.
  
На 29.11.2019 во 00.20 часот, полицски службеници на СВР Тетово на ул.„Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода Ф.Н.(29) од Тетово, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
 
На 28.11.2019 во 11.50 часот во Полициска станица Радовиш бил лишен од слобода Д.А. (48) за кого била распишана централна потерница поради бегство од Психијатриска болница Негорци. Во 14.00 часот лицето е предадено во установата.
 
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Х.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик. Пријавениот, на 25.11.2019 во 10.14 часот на социјалната мрежа Facebook коментирал на објава од интернет портал, со која го сторил делото.
 
На 28.11.2019 околу 21.45 часот во близина на угостителски објект на ул.„Крсте Мисирков“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Д.(30) и В.Т.(21), и двајцата од Скопје, поради тоа што по претходна расправија, го нападнале со остар предмет В.А.(39) од Скопје. По настанот В.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Полициски службеници од СВР Битола на 28.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека еден возач управувал возило без возачка дозвола, појас не користеле двајца возачи, а други шест возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. Две возила биле нерегистрирани. За сите неправилности се издадени соодветни налози.
 
На 29.11.2019 во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 28.11.2019 околу 19.55 часот Е.Т.П.(34) од Скопје физички нападнала полициски службеник. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Т.(53) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „малтретирање во вршење во служба“ и „насилство“. На 25.10.2019 во правен субјект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово пријавениот, вработен како обезбедување во Агенција за обезбедување на имот и лица, употребил физичка сила врз оштетениот. 
 
На 29.11.2019 во 02.00 часот во СВР Скопје, Б.Д.(37) и Ј.Р.(35) и двете од Скопје, пријавиле дека околу 01.20 часот во угостителски објект на ул.„Мирослав Крлежа“ биле физички нападнати од А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“. Во текот на 2018 во Македонско кредитно биро пријавената набавила лажни документи „Согласност за доставување на извештај од Македонско кредитно биро“, заведена во Министерство за транспорт и врски на 10.01.2018 и „Налог за задршка на плата заради наплата на побарување со административна забрана за корисник на кредит“, заведен во Министерство за транспорт и врски, при што ги употребила како вистинити во постапка за добивање на кредит од банка во Скопје и лажно прикажала дека е кредитоспособна, односно дека е вработена во Министерство за транспорт и врски на неопределено време.
 
На 28.11.2019 во 09.00 часот во СВР Скопје, Е.И.(68) од Скопје, пријавил дека околу 07.55 часот на автобуска постојка на бул.„Партизанска“ бил физички нападнат од возачот на автобус бр.19. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 28.11.2019 во 18.00 часот во Полициска станица Кисела Вода, С.Б.(25) од Скопје пријавила дека на 27.11.2019 околу 18.30 часот на ул.„1513“, во населба Пинтија, била касната од куче скитник во пределот на десната натколеница.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Г.(19) од Скопје и малолетник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 03.10.2019, Р.С. од Тетово, по вербална расправија поради нерасчистен паричен долг, Ј.Г. физички го нападнал Р.С., а заедно со второпријавениот му одзеле мобилен телефон.Пријавените лица се лишени од слобода, а украдениот предмет е најден и  вратен на оштетениот.
 
На 28.11.2019 во 17.45 часот во СВР Скопје, Џ.Р.(54) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.Р.(17) од Скопје, која и претходно во повеќе наврати го напуштала семејниот дом и била враќана. Според пријавеното, се претпоставува дека е со нејзиното момче. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
СВР Штип поднесе известување до ОЈО против малолетник од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 05.11.2019 на ул.„Сутјеска“ во Штип, пријавениот, со употреба на сила, ѝ одзел пари на Р.И.(83) од Штип.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Х.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против Ѓ.Ѓ.(67) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.11.2019 А.Х.,по претходна вербална расправија поради нерасчистени имотно-правни односи, физички го нападнал Ѓ.Ѓ. во неговиот дом. Потоа, Ѓ.Ѓ. го нападнал А.Х. со остар предмет. Во Клиничката болница Штип било утврдено дека А.Х. се здобил со тешки телесни повреди, а Ѓ.Ѓ. се здобил со телесни повреди.
 
На 28.11.2019 околу 21.00 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(22) и В.А.(18), и двајцата од Скопје, бидејќи при даден знак за запирање на четирицикл, без регистарски ознаки, на кој се превезувале, не постапиле по наредбата, а потоа изгубиле контрола над четирициклот и се превртеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 28.11.2019 во 20.00 часот во СВР Скопје, Н.Г.(36) од Скопје пријавил дека во 13.15 часот на ул.„Киро Фетак“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од лицето кое го управувало автобусот со бр.41. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.