Извадок на дел од дневни настани 17.11.2019

 На 16.11.2019 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од бул.„АСНОМ“ го лишиле од слобода Ф.Д.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.11.2019 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Л.А.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.11.2019 во 23.30 часот на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(29) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана, ризла и нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.11.2019 полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.М.(18) од с.Стрима, кумановско, поради сторен прекршок по чл.27 од Закон за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 16.11.2019 во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Ф.(22) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и два ножа. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 16.11.2019 во 05.45 часот од Граничниот премин Деве Баир, во Полициската станица Крива Паланка, поради сторен прекршок - незаконски престој во Р.С. Македонија, бил приведен Н.А.(33) од Р. Србија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 16.11.2019 во 13.45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во Р.С. Македонија, бил приведен С.Г.(56) од Косово, поради постоење сомнение за фалсификување на ВИН бројот на неговото патничко моторно возило „мерцедес 230 Е“. С.Г. и возилото биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

 

На 16/17.11.2019 од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол. Притоа санкционирани се 20 возачи на подрачјето на Тетово и седум возачи на подрачјето на Гостивар, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 17 останати прекршоци на подрачјето на Тетово и 13 останати прекршоци на подрачјето на Гостивар. Истите се исклучени од сообраќај и издадени им се прекршочни платни налози.

 

На 16.11.2019 во 11.40 часот во Полициската станица Центар А.К.(37) од Скопје, пријавила дека на плоштад „Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

           

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правното лице Здружение за наука и култура „Дрим Сулејманије“ од Струга, И.А.(31) од Струга, Ф.Р.(33) од с.Житинени, Н.Б.(57) од с.Лабуништа, струшко, О.К.(50) со привремен престој во Струга и Р.К.(66) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019 година пријавените, како сопственици и инвеститори, започнале со изградба на објект на ул.„Мислешески пат“ во Струга без одобрение за градба.

 

На 17.11.2019 во периодот од 00.30 до 01.15 часот во Тетово била спроведена акциска контрола во угостителски објекти, при што е констатирано дека во два угостителски објекта, на ул.„ЈНА“ и ул.„Благој Тоска“ во Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање на музика над дозволеното. Против сопствениците на објектите се поднесени соодветни поднесоци.

 СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.11.2018, на паркинг пред хотел во Велес, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
 

Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.Ј.(21) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.02.2019 во Гевгелија, полициски службеници извршиле преглед на П.Ч., при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против лицето С.Б.(38) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.10.2019, на регионалниот пат кој ги поврзува гостиварските села Форино и Чајле, полициски службеници извршиле преглед во возило во кое бил пријавениот, при што кај него пронашле и одзеле марихуана и пари.

 

На 16.11.2019 во 02.07 часот пред угостителски објект на ул.„Анастас Митрев“, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.Б.(57) од Скопје, кој пред угостителски објект, физички ја нападнал неговата сопруга. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

 

На 16.11.2019 во 17.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Зелениково, скопско, Т.Б.(28) од с.Зелениково физички нападнал полициски службеник при  асистенција на екипа на итна медицинска помош за негово спроведување во Психијатриска болница при Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.11.2019 во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ на  Д.T.(68) од Скопје едно лице со закана ѝ одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.11.2019 во 14.30 часот во СВР Скопје, Р.Е.(45) од Скопје, пријавил дека неговиот татко И.Е.(88) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, по претходна семејна расправија, се оддалечил од својот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 17.11.2019 во 02.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во просторија од Манастирскиот комплекс во с.Лешок, тетовско, при што бил опожарен ситен инвентар. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово, а увид е извршен.

 

На 16.11.2019 година околу 13 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека малолетник бил каснат од куче скитник.

 

На 16.11.2019 во 23.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.С.(22) од Скопје пријавил дека во 19.00 часот на ул.„Скупи“ бил физички нападнат од С.Ј. и Ф.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.