Извадок на дел од дневни настани 16.11.2019

 На 16.11.2019 во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коце Металец“, ги лишиле од слобода Б.Е.(20) од Демир Капија и В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.11.2019 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода В.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.11.2019 во 18.15 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Блаце, на локалниот пат од Скопје за с.Блаце, ги лишиле од слобода С.М.(25) од Скопје и М.А.(30) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Л.Б.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво согласночл.236одКЗ на РСМ. Л.Б. кривичното дело го извршил во периодот од 08.11.2018 до 06.03.2019 во магацин на фирма на ул.„Јадранска магистрала“, при што со употреба на сила влегол внатре и одзел работни машини, со што се стекнал со противправна имотна корист од 460.833 денари.

 

На 15.11.2019 бил лишен од слобода Д.И.(60) од Тетово, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом и помошните простории на ул.Јордан Златановски во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово била преонајдена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.11.2019 во 14.30 часот биле лишени од слобода Н.И.(19), С.Р.(19), И.Р.(24), сите од с.Калиште, тетовско, и М.И.(19) од с.Чегране, тетовско, кај кои при преглед од страна на полициски службеници од Полициска станица Гостивар била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.11.2019 во рамки на акциска контрола во 20.50 часот во с.Церово, тетовско, во Полициско одделение Групчин бил лишен од слобода Ќ.С.(27) од с.Бојане, скопско, кој управувал патничко моторно возило ,,фиат уно“, со тетовски регистарски ознаки, со кое превезувал огревни дрва без потребната документација. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15/16.11.2019 во периодот од 21.30 до 02.00 часот од полициски службеници од Полициска станица Гостивар и Полициско одделение Галате, во содејство со службени лица од Државен пазарен инспекторат, била извршена акциска контрола во обложувалници на територијата на Гостивар, при што во една обложувалница во сопственост на Е.Ш.(39) од с.Добридол, гостиварско, биле констатирани незаконитости во работењето. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

 

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 15.11.2019 во периото од 06.00 до 24.00 часот, спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 37 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 17 останати прекршоци, за кои се издадени седум мандатни платни налози и 10 прекршочни платни налози.

 

На 15.11.2019 во 18.20 часот во Полициската станица Аеродром В.А.(49) од Скопје, пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ц.(25) и Н.Н.(28), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 18.06.2019 на ул.„Димитар Влахов“ во Oхрид, полициски службеници извршиле преглед во возило во кое биле пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана, таблети трамадол и дробилка. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.А.(58) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во текот на 2019 година, на ул.„Маршал Тито“ во Струга, започнал да гради станбен објект без претходно добиена градежна дозвола и друга неопходна документација. 

 

На 14.11.2019 во 21.20 часот на автопатот Куманово – Табановце, на место викано „Обиколница Костурник“ било забележано товарно моторно возило ,,комби’’, без регистарски ознаки. По преземени активности од полициски службеници од Полициска станица Сопот, возилото било престигнато, а од слобода биле лишени 12 лица мигранти, и тоа 7 од Авганистан и 5 од Пакистан. Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 16.11.2019 во 02.20 часот во СВР Скопје, М.К.(19) од Берово и М.Д.(18) од Скопје, пријавиле дека околу 00.40 часот пред продажен објект на ул.„Васил Главинов“ биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.11.2019 во 16.00 часот на ул.„Мехмед Мехмеди“ полициски службеници од Полициска станица Кичево, при извршен преглед на Е.З.(22) од Кичево, пронашле и одзеле марихуана, две дигитални ваги, мобилен телефон и други предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 16.11.2019 во 07.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48), сите од Скопје и Б.М.(35) од скопско, кои се здобиле со повреди на работно место, во „Макстил“. Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување. На терен постапува Државен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.11.2019 во 22.20 часот во СВР Скопје, Џ.Х.(21) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на крстосницата помеѓу бул.„Македонско-косовска бригада“ и бул.,,Босна и Херцеговина’’ бил физички нападнат од Г.А. и Ф.Н.. Според пријавеното, причина била претходна расправија на социјалните мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

           

СВР Куманово поднесе кривична пријaва против Е.О.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 08.10.2019 од с.Гошинце кон брана Липково, пријавениот со товарно моторно возило „мерцедес“ во негова сопственост, вршел превоз без лиценца на огревни дрва со испратници од правно лице од с.Гошинце.

 

На 15.11.2019 во 15.35 часот во СВР Скопје, Х.А.(20) од с.Патишка Река, скопско, вработен како обезбедување на меѓуградската автубуска станица во Скопје, пријавил дека околу 15.15 часот, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Е.М.(33) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗПП ЈРМ.

 

На 16.11.2019 во 03.10 часот во СВР Скопје, Т.Р.Х.(43) од Скопје пријавила дека пред продажен објект во н.Илинден, едно лице физички го нападнало нејзиниот 17-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 15.11.2019 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред продажен објект на ул.„11 Октомври“ А.Ф. од Скопје агресивно се однесувал кон полициски службеник при извршување на редовни работни задачи. Сочинет е записник за костантиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ.

 

На 15.11.2019 во 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на бул.„Климент Охридски“ со закана биле одземени пари од вработената. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.11.2019 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на училиште на ул.„Петре Георгиев“, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од една страна и други двајца малолетници од друга страна, сите од Скопје, при што едниот малолетник физички го нападнал и И.А.(28) од Скопје, кој се обидел да ги раздели. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

 

На 15.11.2019 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“, полициски службеник додека преземал службени дејствија, моторно возило „форд транзит“, со гостиварски регистарски ознаки управувано од А.О.(23) од Скопје, го удрило со ретровизорот во пределот на раката. Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.11.2019 во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.00 на ул.„Крсте Мисирков едно лице со остар предмет му нанело повреда на малолетник, по што му била укажана лекарска помош во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.