Извадок на дел од дневни настани 15.11.2019

 
 
На 14.11.2019 во 23.40 часот на бул.„Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 14.11.2019 во 13.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен О.Б.(49) од Р.Турција, затоа што при контрола било констатирано дека зелената карта за товарно моторно возило „даф“, со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Палнка за понатамошна постапка.  
 
На регионалниот пат во тетовското село Горно Палчиште, на 14.11.2019 околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(28) и А.С.(25), двајцата од гостиварски Добридол, кои биле во патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.  Против двајцата ќе следува соодветен поднесок.
 
На 14.11.2019 во 12.00 часот на Граничен премин ,,Ќафасан’’ од слобода бил лишен А.А.(49) од Р.Албанија, затоа што при контрола било констатирано дека има промени на бројот на шасија на патничкото возило „фолксваген голф“, со албаниски национални ознаки, кое го управувал. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.   
 
На 14.11.2019 околу 21.40 часот, на локалниот пат Требош - Палатица, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(24) и А.М.(41), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, пронајдена е марихуана и ризла. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.
 
Во текот на 14.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 11возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи, од кои: шест возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и три возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тривозачи поради неправилно престројување, три возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 30 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 99 мандатни платни налози, а 61 возило е подигнато со специјално возило „пајак".
 
Полициски службеници од СВР Битола на 14.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 15 возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возила биле нерегистрирани, седум возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, тројца возачи управувале со брзина поголема од дозволената, а додека други тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
 
На 14.11.2019 во 17.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(45) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на 13.11.2019 околу 15.30 часот на ул.„Благоја Стефковски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
 
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот на 14.11.2019 на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи и возила учесници во сообраќајот. Притоа, биле откриени 14 прекршоци, од кои два во Велес, седум во Кавадарци и пет во Неготино. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.
 
На 14.11.2019 во 14.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во Итната медицинска помош со повреди бил донесен Г.Л.(43) од Куманово. Според пријавеното, на патот во изградба с.Т’лминци - с.Градец, кај место викано „Крстата падина’’, Г.Л. изгубил контрола над товарното моторно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, при што скокнал од возилото и се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.
 
На 14.11.2019 во Полициското одделение Ропотово, Е.Е.(46) од с.Дебреште пријавил дека во с.Дебреште бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
    
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.А.(47), К.Б.(51), М.С.(47) и А.Ќ.(43), сите од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума “ и „кражба“ на дрва. Во текот на септември 2019 на шумска површина со која стопанисува ЈП „Национални шуми Шар“ – Гостивар, на место викано „Краста“, во атар на с.Горна Бањица, пријавените во неколку наврати извршиле бесправна сеча на огревно дрво габер, за кое не поседувале соодветна документација.
 
На 14.11.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е сообраќајна акциска контрола на возачи и возила. При контролата откриени се 24 технички неисправни возила (ТЕ-10 и ГВ-14), од кои 20 имале неисправни сопирачки (ТЕ-8 и ГВ-12), а другите неисправни уреди и опрема. Покрај тоа, биле откриени и седум возила со истечена регистрација и едно нерегистрирано возило, кои заедно со технички неисправните веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Во вчерашната контрола биле откриени и 11 возачи(ТЕ-6 и ГВ-5) кои ги управувале возилата без положен возачки испит, еден возач – почетник (ТЕ), кој не се придржувал на законските ограничувања предвидени за оваа категорија на возачи и еден кој не носел возачка дозвола. И на овие прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.
 
На 14.11.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила и возачи. Притоа, било констатирано дека 17 возила биле технички неисправни, три биле со измината важност на сообраќајната дозвола и шест биле нерегистрирани. За сите прекршоци преземени се соодветни санкции. Преземени се и 30мерки за констатирани прекршоци од страна на возачите, а изречени се казни за непрописно паркирање моторни возила на тројца возачи.  
 
На 14.11.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола над сите учесници во сообраќајот. Притоа, констатирани се 10прекршоци кај возила за кои се издадени соодветни казни. Исто така, била извршена и контрола над возачи при што се констатирани 20 прекршоци. И на нив им се издадени соодветни казни. Во акцијата биле изречени и казни на тројца возачи за непрописно паркирање на моторни возила.
 
На 15.11.2019 околу 04.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во импровизирана дрвена барака на ул.„Љубо Божиновски-Пиш“, во непосредна близина на спортската сала во Тетово. Во пожарот бараката целосно изгорела, а на местото било пронајдено изгорено, безживотно машко тело. Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид, а по наредба на Јавниот обвинител телото било предадено за идентификација и обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
 
СВР Битола поднесе кривична пријава против О.А.(62) од Битола, хирург во Клиничка болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На 20.04.2019 пријавениот извршл хируршка интервенција над С.П.(53) од Битола, која според исписната листа се водела на болничко лекување од осум дена, и покрај фактот што во исписната листа имало прекин од два дена. На 25.04.2019 од домот на сега веќе починатата, телефонски била побарана лекарска помош од Итната медицинска помош и домашно лекување и била префрлена во Клиничка болница Битола. На пациентката не ѝ била укажана лекарска помош според стандардните лекарски процедури при внатрешни крварења, по што на 26.04.2019 во 22.10 часот починала на Одделението за хирургија.
 
На 15.11.2019 околу 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје настанал пожар во автобус во движење, сопственост на ЈСП Скопје, управуван од Д.М.(46) од Скопје, во кој во моментот немало патници. Возачот го изгаснал пожарот. Увид извршила екипа од СВР Скопје.  
 
На 14.11.2019 во Полициската станица Кавадарци полициски службеници ги привеле А.М.(18) од с.Негорци и двајца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13.11.2019 извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер. Случајот во Полициската станица Кавадарци на 14.11.2019 во 19.30 часот го пријавил таткото на малолетникот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.И.(49) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на ул.„Мислешевски пат“ во Струга, започнал да гради објект за домување, без претходно добиено одобрение за градба.
На 14.11.2019 во 12.25 часот во СВР Скопје, Н.Б.(36) од Скопје, пријавил дека околу 12.15 часот на бензинска пумпа на ул.„Христо Татарчев“ бил физички нападнат од Ј.Д.(37) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријaва против З.С.(44) од с.Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 23.07. и 02.09.2019 на подрачје на општините Липково и Куманово, пријавениот со товарно моторно возило „мерцедес“, вршел јавен превоз без лиценца на огревни дрва со испратници од правно лице од с.Гошинце.
На 14.11.2019 во 14.00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(53) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на ул.„Сава Михајлов“, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 14.11.2019 во 15.00 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(54) од Скопје пријавил дека по претходна семејна расправија, од домот се оддалечила неговата сопруга Т.Л.(53) од Скопје. По пријавата и преземени активности, полициските службеници утврдиле дека Т.П. остварила излез на Граничниот премин „Табановце’’. 
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ф.М.(35) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 13.10.2019 во Струмица, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. 
 
На 14.11.2019 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Партизанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.И.(61) и А.Љ.(67), двајцата од Скопје, поради меѓусоседско недоразбирање. Според пријавеното, тие во пресметката употребиле тврди и остри предмети, а биле разделени од неколку присутни. При пресметката, според пријавата, Љ.А. внук на А.Љ., со пиштол му упатил закана на И.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Т.(43) и А.З.А.(46), двајцата вработени во МВР на Р.С.Македонија и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во октомври 2015 пријавените, спротивно на одредбите од Законот за високо образование, Уверението за делумно реализирана студиска програма на студиите по ЕКТС издадено од Педагошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на полициска службеничка ѝ го признале како Уверение на студентите по ЕКТС за целосно реализирана студиска програма и стекнат стручен назив, со што овозможиле унапредување со решение во кое е наведено дека има високо образование.