Извадок на дел од дневни настани 14.11.2019

 
На 13.11.2019 во 21.00 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 13.11.2019 во 21.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ф.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 13.11.2019 во 04.30 часот во с.Свидовица, струмичко, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода С.Ш.(22) од Кочани, за кого била распишана потерница од Основен суд Струмица за издржување затворска казна.  
 
На 13.11.2019 во 23.30 часот во казино на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Е.(24) и О.Ф.(52), двајцата од Република Албанија, поради непријавен престој во Р.С.Македонија. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.        
 
На 13.11.2019 од 06.00 до 12.00 часот во Тетово е спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња. Со контролата било утврдено дека 14 возила имале неисправни сопирачки, едно истечена регистрација и осум биле со неизвршен технички преглед. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Соодветно се санкционирани и 4 други видови прекршоци. Акциска контрола за техничка исправност на возилата, на 12.11.2019 од 09.00 до 13.00 часот била спроведена и на гостиварското подрачје. Притоа, кај пет возила била откриена неисправност на сопирачките, а едно возило било со истечена регистрација, поради што тие се исклучени од сообраќај и санкционирани со соодветни налози.
 
На 13.11.2019 околу 08.50 часот во с.Оризаре, општина Липково, на регионалниот пат Липково - Куманово, Е.Е.(19) од с.Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од с.Лојане, општина Липково. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е., сопатник во возилото. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.
                     
Во текот на 13.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се три пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 93 мандатни платни налози, а 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак".
 
На 13.11.2019 во 11.43 часот на ул.„Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(37) од с.Рашче, скопско, и патничко возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(50) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобил Н.Ч. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
 
На 13.11.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, П.Ф.(56) од Скопје пријавила дека на 12.11.2019 околу 15.30 часот на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.
 
 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ч.(32) од с.Долно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурсори“. На 07.11.2019 на автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници извршиле преглед во возилото на пријавениот, при што пронашле и одзеле пари и кокаин.
 
Полициски службеници од СВР Битола на 13.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале возило без возачка дозвола, шест возила биле нерегистрирани, шест возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, под дејство на алкохол биле двајца возачи и тие се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
 
На 13.11.2019 во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’ со тешки телесни повреди бил донесен С.А.(54) од с.Мралино, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирмата каде бил вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 14.11.2019 во 02.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01.00 часот на ул.„Есперанто“, во близина на угостителски објект, Љ.Ц. и Д.А. биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 20 години. МВР презема интензивни мерки за итно и целосно расчистување на настанот.
 
На 14.11.2019 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во поранешна соблекувална, која е во состав на спортско игралиште во близина на железничка станица Волково, објект во кој престојувал М.С.(53) од Скопје, но во моментот не бил во него. Во пожарот објектот целосно бил опожарен, а повредени лица нема.
 
На 13.11.2019 во 23.05 часот во СВР Скопје, С.А.(21) од Скопје пријавил дека околу 23.00 часот во спортска обложувалница на булевар „12-та Македонска бригада“, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.Ј.(53) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 
 
На 13.11.2019 во 15.00 чaсот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го пронашле К.Д.(14), за кој од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека самоволно се оддалечил од неа. Тој бил вратен во установата. 
 
 
На 13.11.2019 во 17.30 часот во СВР Скопје, А.Ц.(70) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот пред угостителски објект на ул.,,Живко Чинго’’ бил физички нападнат од Ј.Д.(64) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 
На 13.11.2019 во 12.40 часот во СВР Скопје, И.М.(54) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот во близина на угостителски објект на ул.,,Казанџиска’’ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од неколку лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 13.11.2019 во Полициска станица Кичево од страна на Центарот за социјални работи во Кичево било пријавено дека А.А.(46) од с.Зајас, кичевско, извршил обид за обљуба на малолетничка, со чија мајка живеел во вонбрачна заедница. Во координација со Јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода.
 
На 13.11.2019 околу 16.30 часот во СВР Скопје, С.М. пријавил дека М.М.(69) од Скопје се оддалечила од домот. Таа и претходно, во неколку наврати, го напуштала домот и се враќала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
На 13.11.2019 околу 23.15 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(23) од Палиград - Зелениково и двајца малолетници, поради тоа што претходно, на ул.„Симеон Кавракиров“ физички го нападнале С.С. и му одзеле златен накит. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 13.11.2019 во 13.10 часот во СВР Охрид, Н.Б.(56) од Охрид пријавил дека на улица „Св.Климент Охридски“ во Охрид бил каснат од куче скитник на десната нога.
 
                                                                                                           
                                      
.