Извадок на дел од дневни настани 08.11.2019

 На 07.11.2019 околу 17.30 часот, полицски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(24) од тетовско Боговиње. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Боговиње, во периодот од 16 до 17 часот, била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против Ф.Р. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

На 07.11.2019 околу 14.00 часот на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Полициска станица Гостивар го привеле Е.А.(34) од Гостивар, осуден на затворска казна за сторени повеќе кражби на поширокото гостиварско подрачје. Е.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна.

 

На 07.11.2019 во 17.20 часот на крстосница од улиците „Мaкедонски просветители“ и „7-ми Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од И.К.(35) од Струга, и велосипед, управуван од С.Т.(51), од с.Пустец - Р.Албанија. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

 

Во текот на 07.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека осум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 30 возачи, од кои: шест возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 24 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 28 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

 

На 07.11.2019 во 12.45 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „апачи“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(32) од Скопје и патничко возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од И.П.(31) од с.Вевчани, струшко, при што било оштетено и паркираното патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

 

На 07.11.2019 во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани - Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(71) од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(31) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило Ј.С.(67), по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Виница.

 

На 07.11.2019 во Полициската станица Аеродром, Б.Ј.(73) од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 

Полициски службеници од СВР Битола на 07.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека седум возачи управувале возило без возачка дозвола, две возила биле нерегистрирани, четири возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, а под дејство на алкохол биле тројца возачи и тие се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

 

На 07.11.2019 во 12.50 часот во Полициската станица Карпош, С.А.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Франц Месеснел“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против правното лице ДПУ „ДЕЛТА ГРУП 2018 ДООЕЛ’’ од Скопје, А.Љ.(33) и С.Р.(24), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. На 25.08.2019 од фирма од Дебар, второпријавениот, како управител на пријавеното правно лице, направил нарачка на 50 печки на пелети, кои биле испорачани на 26/27.08.2019, а третопријавениот со товарно возило ги транспортирал до Скопје. Пријавените не ги исплатиле издадените фактури за испорака, со што нанеле материјална штета на фирмата од Дебар во вредност од 3.201.075 денари.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Е.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.05.2019 во с.Неготино,гостиварско, полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект на пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 17 - годишен малолетник од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 08.06.2019 пред угостителски објект во Делчево полициски службеници извршиле претрес на пријавениот, при што пронашле и одзеле мешавина од марихуана и тутун.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ј.(26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05.11.2019 на ул.„Панче Пешев“ во Струмица пријавениот, со употреба на запалка и хартија, предизвикал пожар во патничко возило „рено лагуна“, сопственост на Б.С., кое било паркирано пред домот на сопственикот. Истиот ден К.Ј. бил лишен од слобода и приведен во ПС Струмица.

 

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.М.(28) од с.Јосифово,валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.08.2018 на ул.„Јосиф Јосифовски“ во с.Јосифово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и растение „канабис сатива“.

 

На 07.11.2019 во 23.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „шкода октавија“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(44) од Охрид, удрило во пешакот Џ.А.(27) од Струга. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 07.11.2019 во 23.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада’’ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус’’, со скопски регистарски ознаки, додека било во движење, управувано од Е.А.(22) од с.Горно Количани, скопско. Притоа, Е.А. се здобила со повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

 

На 07.11.2019 во 19.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Неготино, Н.Ј.(18) од Неготино, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, удрила во пешакот Ф.Р.(62) од Неготино. Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.