Извадок на дел од дневни настани 05.11.2019

 
На 04.11.2019 во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Ј.Л.Н.(23) од Неготино, поради тоа што во повеќе возила во Неготино извршил кражби и одземал пари и предмети. Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела и кои им биле вратени на сопствениците. Против него е поднесена кривична пријава.
 
Одделението за имотни деликти Чаир при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.Ф.(36) и Ј.А.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 21.10.2019 во куќа во изградба на ул.„Гвадалахара“ пријавените со употреба на сила од оштетениот одзеле пари. По преземени мерки од полициски службеници, А.Ф. и Ј.А. биле лишени од слобода.
 
На 04.11.2019 во 22.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Веле Марков“ ги лишиле од слобода М.П.(28), М.Ј.(29) и Д.А.(36), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 04.11.2019 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Петар Ацев“ ги лишиле од слобода М.У.(24) од Битола и М.И.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 04.11.2019 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Жан Жорест“ го привеле Р.С.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 04.11.2019 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од улица „Атанас Иљовски“ го привеле А.С.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Полициски службеници од СВР Битола на 04.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, осум возила биле нерегистрирани, двајца возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил исклучен од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.
 
 
 
На 04.11.2019 во 08.50 часот на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од с.Алданци, крушевско, и патничко моторно возило „тико“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(67) од с.Кривогаштани, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „тико“, Љ.Б.(64) од с.Кривогаштани и била пренесена во Медицинскиот центар Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Крушево.
 
Во текот на 04.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози, а 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак".
 
На 04.11.2019 во 12.35 часот на крстосница од регионалниот пат Струга - Дебар и локален пат за с.Долна Белица, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничо моторно возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.А.(54) од с.Ливада, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(54) од с.Велешта, струшко, и патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген голф“, К.Д. (58) од с.Ливада, а со телесни повреди се здобиле возачот Л.А., возачот Ш.Р. и совозачот на возилото „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, Ц.С.(59) од Охрид. Тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.
 
На 04.11.2019 во 12.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Д.(36) од Скопје пријавила дека на на бул.„Македонски војски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
 
  
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.Ј.(29) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 20.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Првомајска“ во Свети Николе, при што пронашле и одзеле хероин, а по преземени мерки било утврдено дека во неговиот дом на две лица им овозможил да користат наркотична дрога.
 
На 04.11.2019 во 04.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“ ги лишиле од слобода Б.Б.(47) и В.Д.(39), двајцата од Куманово, поради сторено кривично дело „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени и одземени текстилна стока, разновидни алати, техничка стока и други предмети. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.А.(35) и Д.Ф.(40), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекуроси“. На 22.03.2019 пријавените во Велес набавиле наркотична дрога и, на влезот во с.Чифлик, откако забележале полициска патрола, првопријавениот преку прозорец од возило фрлил наркотична дрога. По преземени мерки во близина на нивното возило била пронајдена дигитална вага, марихуана и метамфетамин.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Л.(75) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 10.04.2019 во с.Блатец, во дворот на семејната куќа, пријавениот со ловечка пушка „Баикал“, која ја поседувал со дозвола, испукал куршум кон соседите.
 
На 04.11.2019 во 17.15 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од О.М.(32) од Штип, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М.(32), додека со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(55) и биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип.
 
На 05.11.2019 околу 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“, кај место викано „Јурија“, настанал пожар во контејнер за смет, a од огнот делумно биле оштетени и две возила „нисан микра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(45) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(29) од Скопје. Извршен е увид.
 
На 05.11.2019 во 03.10 часот во СВР Скопје, Ј.Ф.(56) од с.Сарај, скопско, пријавил дека во 02.45 часот на ул.,,Скупи’’ бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 04.11.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Пантелеј, кочанско, Л.Г.(61) од Кочани, при изведување на градежни работи во викендичка, паднал од кровната конструкција, при што починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
 
На 04.11.2019 во 14.00 часот на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“ со бул.„Кочо Рацин“, патничко моторно возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(37), удрило во полициски службеник при вршење на службени дејства. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.  
 
На 05.11.2019 околу 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во контејнери за смет, а од огнот било делумно оштетено патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки. Извршен е увид.
 
На 04.11.2019 во 08.40 часот во СВР Скопје, Е.К.(40) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот во објект во изградба на ул.,,Јужен булевар’’, по претходна расправија, бил физички нападнат од Е.Х.(26) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.