Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 09.09.2019

На 09.09.2019 во 02,00 часот на Граничниот премин Табановце на излез од РСМакедонија бил лишен од слобода Г.К.(33) од Р.Албанија затоа што при проверка во оперативна евиденција евидирал на Стоп-листа по барање на Интерпол од Р.Грција, со мерка да се лиши од слобода. Г.К. бил предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за натамошна постапка.         

На 08.09.2019 во 15,00 часот полициски службеници од СВР Скопје на улицата “Јадранска магистрала“ го лишиле од слобода С.Н.(21) од Велес затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Чаир и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.09.2019 во 16,10 часот во Полициската станица Гази Баба бил лишен од слобода Б.И.(22) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 08/09.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 47 возачи. Откриени се и 42 останати прекршоци,

На 08.09.2019 во 14,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско–Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(30) од Радовиш, и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 08.09.2019 во с.Волино-Дебрца на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од с.Волино и ФК Црно буки од Битола околу 17.05 ч. поради незадоволство од одлука на судиите З. Т. (47) од. с.Волино влегол на теренот да ги нападне. Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т.. тој пружил отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства ( при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од Т.Н. (50) од с.Волино, К. Н. (21) од с.Волино, С.Б. (37) од. с.Волино, Д.С. (24) од с.Волино, Б.А. (36) од с.Волино, Н.С. (27) од. с.Волино, М.А. (59) од с.Волино, кои се приведени во ПС Охрид. Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање. Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 08.09.2019 во 15,00 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Ристо Шишков“ и улицата „Аминта Трети“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(31) од Скопје, и велосипед „Каприоло“ управуван од Ј.Х.(25) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 08.09.2019 околу 12,00 часот во двор на куќа во Ѓорче Петров во Скопје полициски службеници од единицата Алфа пронашле три поголеми пакувања со марихуана и една дигитална вага. Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје превзема мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2019 во 22,40 часот во Полициска станица Струга, било пријавено дека на улица „Сергеј Есенин“ од струен удар бил погоден Е.А.(18) од Струга откако се допрел со раката до диво поставени метални шипки кои биле под напон, no истиот одбил да му се изврши лекарски преглед, појаснувајќи дека се чувствува добро и нема потреба од лекарска помош. Од полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано е дека од страна на Е.А.(40) од Струга, сопственик на продавница за сувенири  има диво поставени метални шипки во земја кои допирале електричен кабел под  напон. Од екипа од ЕВН Струга отстранети се металните шипки.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.09.2019 околу 22,30 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Габалавци,битолско на место викано „Бакици-нива“, Р.М.(38) од с.Габалавци заедно со Љ.Н.(56) и Г.А.(33) и двајцата од с.Логоварди,битолско се упатиле кон нива сопственост на Р.М. Љ.Н. со себе понел и ловечка пушка за која поседувал дозвола со цел лов на диви свињи. Кога стигнале на местото на настанот Г.А. останал во патничкото моторно возило во сопственост на Р.М.,додека Р.М. и Љ.Н. се упатиле кон нивата, при што околу 23,00 часот, според пријавеното, Љ.Н.  испукал кон Р.М., според пријавеното, од невнимание. Р.М. бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од  СВР Битола.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2019 во 05,45 часот во Полициска станица Карпош била приведена Т.Н.(24) од с.Стајковци,скопско, бидејќи околу 02,15 часот во дискотека во Скопје го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лице од обезбедувањето, а при обид за нејзино легитимирање физички нападнала и полициски службеник. Т.Н. била во алкохолизирана состојба.По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.09.2019 околу 03,30 часот во СВР Скопје во дискотека во градски парк-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.С.(28) и Б.П.(27) од една страна и А.В.(26), А.В. (25) и В.К. (20) од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2019 во 13,30 часот во СВР Охрид, Н.Б.(19) од Битола пријавил дека на улица,,Коста Абраш’’ бил физички нападнат од Е.В.(21) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 08.09.2019 во 22,30 часот во СВР Скопје ,П.А.(36) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 18,00 часот на булевар,,Митрополит Теодосиј Гологанов’’ бил физички нападнат од К.С. поради нерасчистени должничко доверителски односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2019 во 04.30 часот  во СВР Скопје, пријавено е дека во с.Црешево,  физички била нападната 17 годишна девојка од страна на Т.Б.(21) од  с.Булачани со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2019 во 03.15 часот во СВР Скопје, Д.Т.(55) од Скопје, пријавил дека на истиот ден околу 02,10 часот на улица,,Вамбел’’ бил физички нападнат неговиот 16 годишен син од Б.С.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2019 околу 00,30ч. пријавено е дека во населбата Гоце Делчев во Куманово во гостилница физички бил нападнат сопственикот на објектот Т. Д.(49) од страна на Д. Н., А. Т., С. А. и А. Б., сите од Куманово. Напаѓачите се приведени во полициска станица, а на Т.Д. му била укажана лекарска помош во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

На 09.09.2019 околу 04,50 часот во Полициска станица Чаир, Р.Ѓ.(34) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 04,15 часот пред казино на улица,,Нов живот’’ физички бил нападнат нејзиниот син од Ф.Р.(27) од Скопје. Причина за физичкиот напад биле нарушени семејни односи.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2019 во 23,15 часот во Полициска станица Дебар бил приведен А.Р.(39) во Дебар поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во угостителски објект на улица“8-ми Септември“ во Дебар. Истиот ден во 22,30 часот полициски службеници излегле на местото на настанот постапувајќи по претходна пријава од Д.Ј.(28) од Дебар, и било констатирано дека во угостителскиот објект дошол А.Р. заедно со Б.К. при што почнал да крши и да ги вознемирува присутните лица, по што А.Р. бил физички нападнат од К.Р. Известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.