Извадок на дел од дневни настани 12.07.2019

 

На 11 јули околу 18.30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Б.Е.(42) од Тетово, по кого била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“. Тој бил предаден во КПУ„Идризово“ за доиздржување на затворската казна. 

 
На 11.07.2019 година околу 15.00 часот на магистралниот пат Охрид - Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(73) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид. 

 
На 11.07.2019 година околу 09.30 часот во с.Челопек, тетовско, С.И.(56) од с.Челопек, управувајќи „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило. По незгодата, С.И. бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.  

 
На 11.07.2019 година во 17.50 часот во Полициската станица Драчево, А.С.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник за левата нога.

 
Во текот на изминатиот ден (11.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 20 возачи од кои: тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила, од кои три не биле регистрирании едно поради претовар. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минувње на пешаците на обележан пешачки премин, три возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради некористење заштитен шлем - кцига, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 41 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди.     

     

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. На 05.10.2018 година во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 18 метални алатки за брави, кутија со алати за отворање брави, десет клучеви за брави – т.н. „чешли“, повеќе видови на клучеви и повеќе видови на алуминиумски фолии.  
 
На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола. По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 
На 11.07.2019 година во 08.40 часот на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „Ауди А6“ со тетовски реистарски ознаки, управувано од С.З.(35) од Тетово, со привремено живеалиште во Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А.(26) од Скопје, сопатник во товарното возило и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека возачот на товарното возило и уште тројца сопатници се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

 
На 11 јули околу 22.20 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „Пежо 206“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(38) од тетовското село Фалише, изгубило контрола и излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во тетовската клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

 
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 11 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 369 возачи, од кои девет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, брзината ја надминале 18 возачи, еден возач не користел сигурносен појас при управување на возилото и еден возач зборувал на мобилен телефон. 

 
На 11 јули околу 21.00 на улица „Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило „Хјундаи Купе“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц(44) од Битола, удрило во пешакот В.Д(55) од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.    

 
На 11.07.2019 година околу 09.30 часот на улица „54“ во Скопје бил лишен од слобода и приведен М.Р. (32) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
На 11.07.2019 година околу 00.25 часот во Полициската станица Гази Баба, воспитувач во домот „Ранка Милановиќ“ пријавил дека штитеникот М.А.(17) од Берово самоволно ја напуштил установата. Досега, тој повеќе пати самоволно ја напуштал установата и бил враќан од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 
На 11.07.2019 година во 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Народен Фронт“ во Скопје непознато лице извршило разбојништво и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
На 11.07.2019 во периодот од 16 до 22 часот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Штип спроведе засилена контрола на возачи на мопеди и мотоцикли. Од извршената контрола констатирани се 14 прекршоци. Санкционирани се и 22 останати прекршоци.

 
На 11.07.2019 во 22 ч. во Полициската станица Чаир, Е.Д.(61) од Скопје пријавил дека неговата сопруга Е.А.(41) се оддалечила од домот, а се сомнева дека заминала со машко лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.