Извадок на дел од дневни настани 11.07.2019

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против А.Б.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.07.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Дримкол“ во Скопје, при што пронашле и одзеле хероин и куршум од непознат калибар. Исто така, на 01.04.2019 година на ул.„Љубљанска“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

 

На 10.07.2019 година во 21.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, врз основа на судска наредба, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во полициска станица лицето С.П.(43) од Скопје, кој се барал за издржување казна затвор.

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 10 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 288 возачи од кои четворица возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила и брзината ја надминале 10 возачи.

 

На 10.07.2019 година околу 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, З.П.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Јани Лукровски“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

 

На 10.07.2019 година во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците. Во акцијата констатирани се 25 прекршоци за кои се издадени 16 мандатни платни налози и девет пешаци писмено се предупредени. Санкционирани се и осум останати прекршоци.

 

На 10.07.2019 година во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола со цел откривање на прекршоци кои ги прават пешаците. Во акцијата констатирани се 17 прекршоци за кои се издадени 17 прекршочни платни налози.  

 

Во текот на изминатиот ден (10.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 16 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 14 возачи од кои: тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради неправилно престигнување, еден поради неправилно престројување, 16 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло и тројца поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 75 мандатни платни налози и 60 возило се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои девет лица се здобиле со телесни повреди.        

На 10 јули на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците. Притоа, во Тетово откриени и соодветно санкционирани се 16, а во Гостивар осум вакви прекршоци. На прекршителите им се изготвени прекршочни платни налози. Вчера во Тетово, исто така, реализирани се и засилени контролни активности околу паркирањето, посебно во централното подрачје. Поради непрописно паркирање биле санкционирани 21 возач, а погрешно паркираните возила подигнати се од тетовската „пајак-служба“.

 

На 10.07.2019 година во 12,54 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во Геријатрија Ѓорче Петров починал Г.А.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, осудено лице од Казнено-поправната установа Идризово, кое било на лекување. Според пријвеното, Г.А. боледувал од карцином. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 10.07.2019 година во 08.45 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје пријавила дека од установата самоволно се оддалечил штитеникот М.Е.(17), кој претходно неколку пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(24) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.07.2019 година на ул.,,Маршал Тито“ во Кичево полициски службеници извршиле преглед над В.А. била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот. 

 

На 10.07.2019 година околу 23,37 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на наплатната каса од паркингот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(27), А.Р.(26) и Ш.Р.(27), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. На 27.04.2019 година на ул.„Поток Серава“ во Куманово пријавените Д.Р.(27), А.Р.(26) и Ш.Р.(27) од Куманово физички го нападнале Ш.Р. и притоа му нанеле тешки телесни повреди. 

 

На 10.07.2019 година во 22.35 часот во СВР Скопје, Ф.Б. од Скопје пријавил дека пред кафетерија на ул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје неколку лица испукале неколку куршуми. Повредени лица нема, а нема ни материјална штета. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.