Извадок на дел од дневни настани 18.06.2019

 

Во текот на изминатиот ден (17.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 92 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 40 возачи од кои: шест возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, пет возачи затоа што биле возачи-почетници и седум возачи за сторени останати сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило бидејќи 19 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се четворица пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози и 42 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобиле со тешки телесни повреди, а четири со телесни повреди.

 

На 17.06.2019 година во 12.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје, при пасошка контрола било констатирано дека А.Т.(19) од Витина-Косово приложил туѓа патна исправа. Лицето било приведено за понатамошна постапка.

 

На 17.06.2019 година во 16.00 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на О.И.(31) од Турција била фалсификувана. Лицето било приведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 17.06.2019 година во 15.30 часот во СВР Тетово, поради непријавен престој, биле приведени Ф.Ш.(47), З.Ш.(33), Д.Ш.(29). К.Ш.(20) и А.Ш.(20), сите државјани на Република Албанија. Против нив била поведена постапка пред Основниот Суд Тетово,

 

На 17.06.2019 година во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, И.У.(29) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на улица „Александар Урдаревски“ бил каснат од куче скитник во пределот на раката.

 

На 17.06.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.С.(39) од Скопје пријавил дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.

 
 
 

 На 17.06.2019 година во 17.20 часот на улица „Костурска“ во Велес, Љ.Н.(36) од Велес управувајќи мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки,, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката М.Р.(22) од Велес се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 17.06.2019 година во 13.45 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило„Виктори Џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(36) од Скопје и мотоцикл „Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(38) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, А.Б.(35) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 17.06.2019 година во 14.40 часот на крстосницата од улиците „Новачки пат“ и „Шералти“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ-525“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(31) од Битола и мопед „Јујинг-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(49) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ќ.А.(29) од струшкото село Боровец и против албанските државјани А.С.(29) и С.Р.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 14.06.2019 година од екипа на шумска полиција пријавените биле затекнати во атарот на струшкото село Лакавица во бесправна сеча на букови дрва, сопственост на Јавните претпријатија „Национални шуми“ и „Јабланица“. На А.С. и С.Р. одредена им е мерка притвор од осум дена.

 

На 18.06.2019 во 00.20 часот од слобода биле лишени и задржани во Полициската станица Тетово А.Ш.(25) од Тетово и И.З. од село Камењане. При преглед на патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш., во возилото биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 17.06.2019 околу 14.00 часот пријавено е дека меѓу с.Дебреште и с.Рилево, општина Долнени, С.О.(43) од с.Дебреште, управувајќи трактор натоварен со огревни дрва, изгубил контрола и се превртел. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Прилеп, а потоа и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид.

 

На 17.06.2019 во 15.00 часот на земјен пат, во близина на клучката за археолошкиот локалитет „Стоби“, при преглед на претходно паркирано товарно возило „Мерцедес“, полициски службеници пронашле 31 лице – мигранти, од кои 29 државјани на Пакистан и двајца државјани на Бангладеш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.12.2018 година во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле одзеле хероин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(19) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.03.2019 година во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над двајца малолетници, при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавиле од пријавениот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и М.Р.(28), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“. На 15.06 2019 година од објект на улица ,,Климент Охридски”, со насилно отворање врата, одзеле стока со вкупна вредност од 80.000 денари.

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 17 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 331 возачи, од кои осум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле девет возила, брзината ја надминале 15 возачи, под дејство на алкохол биле тројца возачи, еден неправилно престигнувал, еден користел мобилен телефон додека управувал моторно возило и тројца не користеле сигурносен појас. На прекршителите им се изречени соодветни казни.   

 

На 17.06.2019 во 18.25 ч. на крстосницата од улиците „Никола Тесла“ и „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, патничко возило „Фолксваген венто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола, удрило во велосипед управуван од Ц.К.(60) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.К. и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

На 17.06.2019 година околу 17.20 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучката за село Тополница, при преглед на претходно паркирано патничко возило „Форд Транзит“, полициски службеници пронашле 20 лица – мигранти, сите државјани на Бангладеш, додека при преглед на товарно возило „Фолксваген Транспортер“, биле пронајдени 21 лице – мигранти, од кои 16 државјани на Бангладеш и пет државјани на Пакистан. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 17.06.2019 година во 20.45 часот на паркингот кај Домот на култура во Битола, патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(28) од с.Долно Оризари, битолско, удрило во четиригодишно дете, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

На 17.06.2019 година во 17.30 часот во Полициската станица Кочани, Д.Д.(61) од с.Зрновци пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот на ул.„Никола Карев“ во Кочани бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

 

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С.(56) од кичевското село Трапчин Дол поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ,,измама при добивање кредит или друга погодност“. На 16.10.2015 година изнел лажни податоци дека е повратник од странство и извадил потврда од Одделението за управни работи во Кичево, по што му била издадена согласност за регистрација и биле обезбедени потребни документи за регистрација на возило.

 

На 17.06.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Р.(74) од Скопје пријавил дека во периодот од 15 до 16.06.2019 година бил оштетен надгробен споменик на гробишта Камник. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 18.06.2019 година во 00.40 часот на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, при контрола на патничко возило „Фолкваген Голф“, К.К.(27) од село Радолишта, струшко, агресивно се однесувал и навредувал полициски службеници. К.К. бил приведен во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.О.(41) од Република Турција, со престој во Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и ,,злоупотреба на лични податоци“. На 30.01.2019 година, пријавениот упатил закани по животот кон неговата малолетна ќерка и неговата поранешна сопруга Ќ.Ј.(27) од Гостивар. По ова, на социјалната мрежа „Facebook“, на кориснички профил на Ќ.Ј., пријавениот објавил нејзина фотографија и текст со компромитирачка содржина.