Извадок на дел од дневни настани 17.06.2019

 
Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 354 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 131 возач од кои: 49 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 69 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 13 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 73 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, 32 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 14 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.

 
На 16.06.2019 година во 12.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце од слобода бил лишен Д.К.(24) од Косово бидејќи се наоѓал на листата со мерка „Апси“, врз основа на телеграма од Одделението за потраги. Лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.

 
На 16.06.2019 година во 16.30 часот на Граничниот премин Табановце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување патна исправа“ бил приведен У.О.(21) од Република Турција. Тој бил задржан во СВР Куманово за понатамошна постапка.

 
На 16.06.2019 година во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Љ.С.(66) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.15 часот на Кеј „13 ти Ноември“ бил каснат од  кучe скитник во пределот на левата нога.

 
На 16.06.2019 година во 20.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.А.(65) од Скопје пријавил дека на улица „Индустриска“, додека управувал велосипед, бил каснат од куче скитник и паднал на земја, по што се здобил со повреда на левата рака. 

                                                                         

На 16.06.2019 година во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(51) од с.Пузаљка, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Г. (21) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобила Ј.И.Н.(20) од с.Пузаљка, сопатничка во првото возило и била пренесена во болницата во Куманово. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. . 

 
На 16.06.2019 година во 22.30 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(51) од Гостивар, удрило во Н.Н.(65) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н. и била пренесена во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.В.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2017 и 2018 година пријавениот, како претседател на комисија за процена и утврдување на висина на штета настаната од природни непогоди и други несреќи, во 24 предмети за обештетување од земјотресите во 2017 година, без приложена целокупна документација во предметите, утврдил значително повисоки суми од проценатата штета, со што предизвикал штета од 1.203.054 денари на буџетот на општина Охрид. 

 

На 16.06.2019 година во 01 часот полициски службеници, врз основа на судска наредба, го привеле 30-годишниот А.А. од Гостивар за издржување на казна затвор во траење од четири години. Подоцна, тој бил спроведен и предаден во КПУ ,,Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.

 

На 16.06.2019 година во 21.30 часот на улица ,,Железничка“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово го привеле 19-годишниот Б.С. од Тетово поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Регионалниот центар за гранични работи Север, преку СВР Куманово, поднесе кривична пријава против А.А.(26) од с.Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 14.06.2019 година во 22.00 часот на ул.„Индустриска“ во Куманово, при контрола на товарно возило „Фиат Дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 33 лица-мигранти, меѓу кои шест биле малолетници. А.А. бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка одреден му е триесетдневен притвор.

 

На 16.06.2019 година од 00.00 до 05.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи и било констатирано дека 25 возачи управувале возило под дејство на алкохол.  Во Велес- осум, во Кавадарци- пет и во Неготино- 12.

 

На 16.06.2019 година во 15.00 часот на улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, С.А.(24) од Крива Паланка управувајќи велосипед удрил во 10-годишно дете од Крива Паланка. Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Крива Паланка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

 

Во периодот од 23.00 часот на 15.06.2019 до 05.00 часот на 16.06.2019 година на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, откриени се вкупно 25 прекршоци од кои 12 во Струмица, во Радовиш откриени се три прекршоци и на подрачјето на Гевгелија откриени се 10 прекршоци.

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 1235 возачи, од кои 18 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 18 возила, брзината ја надминале 28 возачи, под дејство на алкохол биле 28 возачи, двајца неправилно престигнувале, еден користел мобилен телефон додека управувал моторно возило и други прекршоци за што им се изречени соодветни казни.   

 

На 16.06.2019 година околу 15.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, велешко, по вербална расправија, В.А.(60) се обидел физички да ја нападне неговата сопруга Е.А.(52), но бил спречен од неговиот син Ј.А.(30). Според пријавеното, после тоа В.А. зел пиштол, но Ј.А. успеал да му го одземе, излегол надвор и испукал неколку куршуми во воздух. По преземени мерки, В.А. и Ј.А. биле приведени во СВР Велес за понатамошна постапка.    

 

На 16.06.2019 година во 14.15 часот во СВР Скопје, М.Г.(41) од с.Волково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 13.45 часот од улица „Ѓорче Петров“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Мерцедес“, кое тој го оставил со вклучен мотор и клуч на бравата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.                       

 

На 16.06.2019 година во СВР Скопје, Ј.О.(20) од село Морани, скопско, пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот на „Бит пазар“ физички бил нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 17.06.2019 година во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Дане Крапчев“ во Скопје настанал пожар во возило „ Голф 1“. Од огнот биле оштетени уште три возила. Извршен е увид.

 

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против М.И. од Скопје и Р.Б. од село Церово, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем. На 24.05.2018 и 29.05.2019 година на социјалната мрежа ,,Facebook”, пријавените објавиле фотографии и текст со заканувачка содржина.

 

На 16.06.2019 во периодот од 00.00 до 04.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои упрaвуваат возила под дејство на алкохол. Констатирано е дека 20 возачи управувале возило под дејство на алкохол(ТЕ-12 и ГВ-8). Тие се исклучени од сообраќај и привремено им биле задржани возачките дозволи и им биле издадени мандатни платни налози. Во текот на контролата биле констатирани уште 26 останати прекршоци(ТЕ-16 и ГВ-10) за кои се издадени исто толку соодветни поднесоци.