Извадок на дел од дневни настани 15.06.2019

 
 

На 14.06.2019 година во 15.30 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го привеле К.И.(28) од Косово, кој управувал патничко возило „Ренџ  Ровер“, поради сомнение дека возилото е фалсификувано. Возилото било одземено, а К.И. бил предаден во СВР Тетово за понатамошна постапка.

 

На 14.06.2019 година во 19.00 часот над с.Лабуништа, струшко, поради вршење  бесправна сеча биле приведени албанските државјани П.С.(22), С.А.(29) и С.И.(33). Тие биле задржани во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

 

На 14.06.2019 година во 22.00 часот на Граничен премин Табановце полициски службеници го привеле P.B.(45) од Република Србија, кој патувал со возило „Фолксваген транспортер“ со српска национална ознака, поради тоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата за сторено кривично дело „разбојништво“ на територијата на СВР Битола. Лицето било предадено во СВР Битола за понатамошна постапка.

 

На 14.06.2019 година во 12.10 часoт на Граничен премин „Деве Баир“ бил задржан турскиот државјанин Ф.Ј.(62), кој управувал товарно возило „Ман“ со турска национална ознака,  бидејќи при вршење редовна контрола било утврдено дека меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за наведеното возило била фалсификувана. Тој бил предаден во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 14.06.2019 година во 12.20 часoт на Граничен премин „Деве Баир“ бил задржан  бугарскиот државјанин Р.Е.А.(59), кој управувал товарно возило „Ман“ со турска национална ознака, бидејќи при вршење редовна контрола било утврдено дека меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за наведеното возило била фалсификувана. Тој бил предаден во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 14.06.2019 година во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на ул.„Јуриј Розентал“ во населба Шуто Оризари, при семејна расправија, со остар предмет  и биле нанесени убодни рани во стомакот на А.Ѓ.(34) од Скопје. Од здбиените повреди таа починала на местото. По преземени мерки било констатирано дека околу 22.00 часто настанала расправија и физичка пресметка помеѓу нејзиниот братучед С.Х.(39) и нејзиниот сопругот С.Х.(37). Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката. Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. се испречила пред С.Х.(39), кој со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото. С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.  Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

 

На 14.06.2019 година околу 17.20 часот на бул.„3-та МУБ“ во Куманово, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(22) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало од коловозот и удрило во жардињера. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Д., а сопатничката Ф.С.(19) од с.Лопате, кумановско, се здобила со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

На 14.06.2019 година околу 13.30 часот на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Блаце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(37) од Косово, со привремено живеалиште во Тетово и патничко возило „Рено Клио“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Г.(36) од Косово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил  М.Р.(53) од Косово, сопатник во возилото „Рено Клио“, додека И.Р.(51) од Косово, со привремено живеалиште во Германија, сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот од возилото „Рено Клио“, Ш.Л. (37) од Косово, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош. Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачите Ш.С. и Н.Г.. Ш.С. со друго возило отишол во болницата во Тетово, додека Н.Г. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

 

На 14.06.2019 година околу 18.20 часот на регионалниот пат Маврови Анови-с.Мавровска брана, мотоцикл „БМВ“, управуван од М.Т.(56) од Италија, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.Т., и му била укажана лекарска помош во болницата во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

На 14.06.2019 година во 17.00 часот во Полициското одделение Групчин биле приведени А.Ш.(20), Д.Ш.(29), Ш.Ф.(47), Ш.К.(20) и З.Ш.(43), државјани на Република Албанија. Во центарот на селото Ларце, тетовско, полициски службеници ги затекнале и констатирале дека немаат потврда за регулиран престој во Република Северна Македонија. Подоцна, било утврдено дека две од лицата се обиделе да извршат кражба во куќата на А.И.(74) од с.Ларце. Лица биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

 

На 14.06.2019 година во 19.30 часот пред кафе бар на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници го привеле М.С.(31) од Република Ирска. При увид во неговите лични документи било утврдено дека нема потврда за регулиран престој во државата.   

 

На 14.06.2019 година во СВР Скопје било пријавeno дека околу 10.30 часот пред главната капија на Затвор Скопје дошла Б.С. и недолично се однесувала кон чуварската служба, а упатила и закани кон директорoт . Б.С. била приведена во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.06.2019 година во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје. Според пријавеното, околу 18.10 часот во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата. Се работи на расчистување на случајот.    

 

На 15.06.2019 година во 04.00 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени две лица со повреди здобиени од физички напад кој се случил пред угостителски објект во градски парк. Според пријавеното, околу 03.30 часот П.К.(38) од Куманово и неговиот брат П.К.(32) биле физички нападнати од повеќе непознати лица. Се работи на расчистување на случајот. 

 

На 14.06.2019 година во 14.50 часот во Полициската станица Центар, К.П.(22) од Скопје пријавил дека истиот ден во 11.35 часот на Плоштадот „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.  

 

На 14.06.2019 година во 14.50 часот во Полициската станица Центар, Е.А.(29) од Скопје пријавил дека истиот ден во 14.30 часот на ул.„Самоилова“ бил каснат од куче скитник на левата нога. 

 

На 14.06.2019 година во 22.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Н.А.(37) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот на ул.„Методија Митевски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.06.2019 година во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, М.С.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13.40 часот на ул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, пред влезот на џамијата Хаџи Азем, физички бил нападнат од три непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.06.2019 година во 19.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Т.С.(71), В.З.(37) и Б.З.(17), од една страна и лицата Н.С.(48), Д.С.(27) и Е.С.(17), од друга страна. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.06.2019 година околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Кури Даре“ во атарот на с.Кочилари, велешко, во близина на бачилото сопственост на Џ.Х.(40) и Х.Х.(45), двајцата од с.Кочилари, бил пронајден починат М.Г.(48) од Косово. Според пријавеното, околу 06.30 часот М.Г. излегол да ги напасува овците на Џ.Х. Околу 14.20 часот Џ.Х. го побарал М.Г. на мобилен телефон, а откако не го добил, излегол да го бара, при што, според пријавата, го пронашол без знаци на живот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.