Извадок на дел од дневни настани 14.06.2019

 
 

На 13.06.2019 година околу 14.30 часот на регионалниот пат Штип - Радовиш, на место викано „6-ти километар“, полициски службеници запреле товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(46) од с.Петровец, скопско. При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет), од кои 12 се малолетници. З.П. бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „несовесно работење во службата“. На 05.10.2016, 15.11.2016 и 21.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, ловочувари затекнале лица од село Облавце, општина Старо Нагоричане, од село Студена Бара, кумановско и од Куманово при незаконит лов и им ги одземале ловните пушки, по што ги предавале на првопријавениот, вработен во Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба. Тој, на сите три лица им посочил дека на жиро сметка на ловечкото друштво треба да уплатат 18.000, 43.000 и 2.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. Откако тие ги уплатиле средствата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил пушките. Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил да прибави противправна имотна корист од 63.000 денари за ловечкото друштво и да нанесе штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.                                      

 

На 13.06.2019 година во 16.15 часот во Полициската станица Центар, А.О.(32) од Скопје пријавила дека на плоштад Македонија била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

 

На 13.06.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.З.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник на десната потколеница.

 
 На 13.06.2019 година во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.54 часот со возило на Итна медицинска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Н.А.(56) од Скопје. Според пријавеното, Н.А.   со повредите се здобил при пад од покрив на куќа во изградба во Скопје на ул.„Александар Турунџев“. Се работи н расчистување на случајот.
 

На 13.06.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, Х.Ј.(35) од Пробиштип пријавила дека на бул.„Партизански Одреди“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 

На 13.06.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.С.(26) од Скопје пријавил дека на ул.„516“ во населба Керамидница бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

 

На 13.06.2019 година во 15.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во барака на град Скопје, Е.С.(37) од Скопје физички го нападнал М.В.(35) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 13.06.2019 година околу 18.15 часот на автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, Д.У.(40) од Велес, управувајќи патничко возило „Фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

 

На 13.06.2019 година во 14.30 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, во атарот на с.Арнакија, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд ескорт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(48) од с.Арнакија и патничко возило „Опел Астра“кое го напуштило местото на настанот. Во незгодата со повреди се здобил С.Р. и бил пренесен во Градскат општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот. 

 

На 13.06.2019 околу 22 часот во Тетово полициски службеници го привеле Е.А.(31) од Тетово поради тоа што околу 20.20 часот на ул.„Кавкаска“, по претходна расправија, Е.А. со остар предмет му нанел повреди на Р.А.(28) од Тетово. РА. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза “ во Скопје за укажување на помош. При приведувањето Е.А., дал отпор и физички нападнал полициски службеник. Е.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 13.06.2019 во 06 часот во Полициската станица Центар, Е.М.(22) од Скопје пријавил дека на крстосницата помеѓу бул.„Илинден“ и ул.„Франклин Рузвелт“ бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 13.06.2019 година во 00.33 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.Д.(33) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот во угостителски објект на бул.„Борис Трајковски“ таа и нејзиниот сопруг Б.Д.(32) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.  

 

На 13.06.2019 околу 21 ч. полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.A.(17) од Скопје поради тоа што пред угостителски објект на ул.„Бајрам Шабани“,со остар предмет му нанел повреда на Ш.J.(20) од Скопје. Ш.Ј. бил пренесен во Градската општа болнциа „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Ш.A. е задржан во Полициската станица Бит Пазар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.06.2019 година околу 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител извршил разбојништво во пошта на ул.„Македонска Фаланга“ во Битола. Според пријавеното, сторителот со закана од касата одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.